3Неуспешен завршетокот на COP31: Земјите не постигнаа договор за фосилните горива и климатското финансирање
СветИсландската министерка за деца поднесе оставка за скандал стар 36 годиниМинистерката за деца на Исланд, Естилдур Лоа Торсдотир поднесе оставка откако призна дека пред 36 години добила дете со тинејџер.Торсдотир изјави дека врската ја почнала кога момчето имало 15 години, а таа имала 22 години и била советник во религиозната група на која членувал тинејџерот Ерик Асмундсон. Кога таа имала 23 години родила дете, кога момчето имало 16 години. Поминаа 36 години, многу работи се сменија и сигурно денес би постапила поинаку, изјави 58-годишната Торсдотир. Асмундсон бил дел од верската организација „Вера и живот“ поради домашни проблеми, каде работела Торсдотир. За скандалот синоќа објави Исландската новинска агенција (РУВ), наведувајќи оти Асмундсон присуствувал на породувањето и поминал една година заедно со детето. Кога Торсдотир го запознала сегашниот сопруг му го искратила правото на Асмундсон да го гледа синот. Торсдотир иако поднесе оставка од функцијата изјави дека не планира да го напушти Парламентот. На Исланд границата за согласност на сексуален однос е 15 години, законот забранува сексуални односи со лице помладо од 18 години ако сте негов учител или ментор, ако тие се финансиски зависни од вас или ако работат за вас. Максималната казна за таков прекршок е три години затвор. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Три конкретни мерки за младитеДо сопствен стан по цена 20% пониска од пазарната, ослободување од комуналии за изградба на куќа и поголема поддршка за студентите.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни политики и мерки насочени кон младите, со јасна цел да им овозможи подобри услови за живот, полесно решавање на станбеното прашање и поголема финансиска поддршка во текот на образованието. Ќе се реализираат три значајни мерки кои директно одговараат на едни од најголемите предизвици со кои се соочуваат младите, како што е обезбедувањето сопствен дом и студентскиот стандард за време на студирањето. Првата мерка предвидува најмалку 10% од станбената површина во новоизградените станбени објекти да биде наменета за млади брачни парови до 35 години, по цена најмалку 20% пониска од пазарната. Оваа обврска ќе биде регулирана со закон, а градежните компании ќе мора да ја исполнат за да добијат дозвола за градба. Со ова се создава конкретна можност младите брачни парови полесно да дојдат до сопствен стан и да го решат едно од најважните животни прашања, обезбедувањето сопствен дом. Втората мерка предвидува целосно ослободување од комуналии за младите брачни парови до 35 години кои ќе одлучат да градат сопствена куќа. И оваа мерка ќе биде законски регулирана, а ќе важи на територијата на целата држава. На овој начин значително ќе се намалат почетните трошоци за изградба на сопствен дом, со што младите семејства ќе добијат дополнителна финансиска поддршка и полесна можност да ја реализираат својата животна инвестиција. Третата мерка е насочена кон студентите и предвидува воведување студентска картичка како дел од апликацијата М-услуги, преку која студентите ќе добијат најмалку 20% пониски цени, не само за топол оброк, туку и за низа други производи и услуги. Со новиот модел, поддршката за студентите нема да се ограничи само на усогласување на студентскиот оброк со инфлацијата и трошоците за живот, туку ќе се прошири со дополнителни поволности кои ќе им помогнат да ги намалат секојдневните трошоци до 20 проценти. Овие три мерки се дел од определбата на ВМРО-ДПМНЕ да понуди конкретни решенија за реалните потреби на младите, наместо политиката да се сведе на празни ветувања и декларативна поддршка. Нашата цел е младите да имаат услови да формираат семејства, да обезбедат сопствен дом, да се образуваат и да ја градат својата иднина во Македонија. Како ВМРО-ДПМНЕ остануваме посветени на политики кои носат реални придобивки за младите, затоа што тие не се само иднината на државата, туку и нејзин најважен потенцијал денес. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураМакедонскиот КИЦ во Загреб со врвна уметничка вечерПреполна сала, голем интерес за изложбата за Мајка Тереза и овации за Лазаревски и Стојчески.Големиот интерес на хрватската публика, одличниот прием на изложбата на НУ „Спомен куќа на Мајка Тереза“ и овациите за извонредниот музички настап на Владимир Лазаревски и Александар Стојчески ја одбележаа најновата културна вечер во македонскиот КИЦ во Загреб. Пред преполна сала и бројна публика, македонскиот КИЦ во Загреб организираше настан на кој беа обединети две значајни уметнички содржини: изложбата „Од Скопје до вечноста – Мајка Тереза и Загреб“, подготвена од НУ „Спомен-куќа на Мајка Тереза“, и концертот камерното дуо Александар Стојчески (виола) и Владимир Лазаревски (обоа), со специјалното гостување на реномираната пијанистка Нина Костова. На почетокот на настанот се обратија амбасадорот на Република Македонија во Република Хрватска, Н. Е. Драган Ѓурчевски, директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, и директорката на НУ „Спомен-куќа на Мајка Тереза“, Соња Кузмановска. Меѓу присутните беа бројни љубители на уметноста и културата, високи претставници на државни и локални институции во Загреб, членови на дипломатскиот кор, сестри на милосрдието, претставници на верските заедници и други гости. Разновидниот состав на публиката и големиот одѕив уште еднаш го потврдија значењето на културните настани како простор за дијалог, меѓусебно запознавање и продлабочување на македонско-хрватските културни врски. Посебно внимание привлече изложбата „Од Скопје до вечноста – Мајка Тереза и Загреб“, реализирана од Националната установа „Спомен-куќа на Мајка Тереза“ од Скопје. Преку четириесетина внимателно одбрани архивски фотографии и документи, поставката претстави значајни моменти од животниот пат на Мајка Тереза, ставајќи посебен акцент на нејзината поврзаност со Загреб. Со спојот на традиционалната музејска презентација и современите дигитални можности, изложбата им овозможи на посетителите да се запознаат со помалку познати детали од животот на големата хуманитарка. Авторка на изложбата е вишата кустоска Цветанка Вучковска Митовска. Загреб зазема посебно место во животната приказна на Мајка Тереза. Токму од овој град, во 1928 година, младата Агнес Гонџа Бојаџиу го продолжила својот пат кон Ирска, каде што го започнала својот монашки живот. Особено е интересно што токму во Загреб е направен и нејзиниот последен фотографски портрет како Гонџа, пред да тргне по патот што ќе ја одведе во Индија и ќе ја направи една од најпрепознатливите хуманитарки во светот. Силен уметнички впечаток остави и концертот на камерното дуо Александар Стојчески и Владимир Лазаревски. Нивната виртуозност, музичка зрелост и впечатлива интерпретација на програмата беа наградени со долготрајни аплаузи и овации од публиката. Концертната вечер доби дополнителна уметничка димензија со настапот на реномираната пијанистка Нина Костова. Со исклучителниот прием на изложбата и концертот, оваа културна вечер прерасна во настан што ги надмина рамките на вообичаената уметничка презентација. Обединети во една целина, изложбата и музичкиот настап воспоставија посебен дијалог меѓу културното наследство, уметничкото изразување и универзалните човечки вредности. Во центарот на таа средба се најдоа хуманоста, љубовта и солидарноста – вредности што не познаваат национални и јазични граници и што на оваа вечер ѝ дадоа пошироко, трајно значење. Настанот е дел од годишната програма на Македонскиот КИЦ во Загреб, поддржан од Министерството за култура и туризам, а неговата успешна реализација е уште една потврда за посветеноста и професионалниот ангажман на македонскиот КИЦ во Загреб во промоцијата и афирмацијата на македонското културно творештво. Со внимателно осмислени програми и содржини со високи уметнички вредности, македонскиот КИЦ во Загреб ја претставува македонската култура пред хрватската јавност, истовремено создавајќи нови можности за културна соработка и поврзување. Ваквите настани ја потврдуваат значајната улога на културната дипломатија во поттикнувањето на меѓусебното зближување и разбирање, преку уметноста, заедничките вредности и непосредната комуникација.Тагови: Загреб КИЦ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНеуспешен завршетокот на COP31: Земјите не постигнаа договор за фосилните горива и климатското финансирањеЗемјите не успеаја да постигнат нов голем договор за справување со климатските промени на климатската конференција COP31 во Турција. Преговорите, кои требаше да завршат во петокот, продолжија до вчера и станаа најдолгата климатска конференција на он досега. Главната причина за неуспехот се длабоките поделби околу употребата на фосилните горива и финансирањето на климатските мерки. Европската унија и островските држави од пацификот го отфрлија конечниот договор бидејќи во него директно не се споменуваат фосилните горива. Посиромашните земји, пак, реагираа на отсуството на конкретни финансиски обврски од побогатите држави. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази длабоко разочарување од исходот на преговорите. Тој ги обвини моќните нафтени интереси дека ја искривуваат науката и го попречуваат преземањето мерки против климатските промени. Австралискиот премиер Ентони Албанезе неуспехот го оправда со тешките геополитички околности.Земјите производители на нафта се спротивставија на споменувањето на фосилните горива во договорот, со што преговорите завршија без конкретен напредок.Тагови: COP31 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33