Беким Сали: Пораките од Европскиот парламент се потврда дека Македонија има реална европска перспектива
1Беким Сали: Пораките од Европскиот парламент се потврда дека Македонија има реална европска перспектива
РакометИсланд и Белорусија со стартни победи на Еуро 2018 Селекциите на Исланд и Белорусија со победи го отворита 13-тото Европско ракометно првенство, кое попладнево стартуваше во Хрватска. Во дуел од А групата, чиј домаќин е градот Сплит, селекцијата на Исланд со 26-24 славеше победа во дуелот против Шведска. Во вториот меч од оваа група вечерва (20:30 часот) ќе играат домаќинот Хрватска и „лутиот“ ривал Србија. Во Пореч, каде ќе се играат средбите од Б групата, во првиот меч Белорусија во неизвесен меч ја совлада Австрија минимално со 27-26. Во вечерниот термин (20:30 часот) актуелниот светски првак Франција за противник ќе ја има селекцијата на Норвешка. Средбите од 1.коло во Ц и Д групите на програмата се утре, а за нас секако најинтересен ќе биде дуелот во Загреб каде македонските ракометари ќе играат против Словенија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
КошаркаЕве колку ПАО му нуди на Жељко Обрадовиќ Баскетбол Европа повторно пишува за можното враќање на најтрофејните тренери во историјата на Евролигата во атинскиот гигант Панатинаикос.Според неколку извори, раководните луѓе на популарниот ПАО се сериозно заинтересирани да го врати Жељко Обрадовиќ на клупата на тимот од Атина, а сега е позната и бројката што му се нуди. Како што објави „Моцарт Спорт“, раководството на „Зелените“, предводено од контроверзниот соспственик Димитрис Јанакопулос, е подготвено да понуди тригодишен договор вреден околу пет милиони евра со цел да го убеди искусниот стратег да се врати во клубот со кој постигна најголем успех во кариерата. Ситуацијата стана уште покомплицирана откако Панатинаикос официјално ја прекина соработката со Ергин Атаман, што отвори пат за враќање на легендарниот тренер во Атина. Грчките медиуми со денови шпекулираат дека враќањето на Обрадовиќ во Панатинаикос е многу блиску до реализација, додека некои извори тврдат дека идејата за негово враќање на местото на успехот станува сè поконкретна. Сепак, од кругови блиски до српскиот тренер доаѓаат информации дека тој е подготвен да размисли за враќање на клупата, но само под јасно дефинирани услови. Можноста Обрадовиќ да се врати во Партизан додава дополнителна неизвесност во целата приказна.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиКрива Паланка шампион, цела сезона без пораз за хет трик во титулиКрива Паланка во финалето од плеј оф го победи Младост 96 и со тоа стана шампион на Македонија во најсилната пинг понг лига. Ова е трета титула по ред, а истата ја завршува со совршен учинок од 20 победи и ниту еден пораз. Крива Паланка покажа доминација во текот на цела сезона, а Младост 96 не успеа да направи пресврт во финалниот натпревар. Пинг понг сезоната заврши со World Table Tennis Contender Skopje 2026 кој федерацијата на Македонија го организира по втор пат. Титулата кај машките ја освои Словенецот Дарго Јоргиќ, а кај жените Сацуки Одо.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
МакедонијаБеким Сали: Пораките од Европскиот парламент се потврда дека Македонија има реална европска перспективаПрвиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ја поздрави расправата во Европскиот парламент по Извештајот за Македонија.Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ја поздрави расправата во Европскиот парламент по Извештајот за Македонија, оценувајќи дека пораките упатени од европратениците претставуваат силна потврда за европската перспектива на државата и дополнителен поттик за продолжување на реформскиот процес. Во рамки на дебатата, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, испрати охрабрувачки пораки за европската перспектива на државата, истакнувајќи дека земјата има капацитет и потенцијал да биде дел од следниот бран на проширување на Европската Унија. „Ова е значајна порака која доаѓа во важен момент за нашата држава. Фактот што во Европскиот парламент се препознава напредокот на Македонија и се истакнува можноста земјата да стане следна членка на Европската Унија претставува охрабрување за сите институции да продолжат со уште посилно темпо на реформи. Европа ја гледа Македонија како дел од европското семејство, а наша обврска е преку резултати да ја оправдаме таа доверба“, изјави Сали. Тој нагласи дека Владата останува целосно посветена на спроведувањето на реформите во владеењето на правото, јавната администрација, економскиот развој и зајакнувањето на демократските институции, како клучни предуслови за напредок во евроинтегративниот процес. „Членството во Европската Унија не е само надворешнополитичка цел, туку стратешки избор кој носи посилни институции, економски развој и повеќе можности за граѓаните. Нашата европска перспектива е јасна и остварлива. Денешната дебата во Европскиот парламент е потврда дека местото на Македонија е во Европската Унија. Наша одговорност е преку реформи, резултати и политичка зрелост да го искористиме овој моментум и да ја приближиме државата до полноправно членство во европското семејство“, истакна Сали. Во однос на сите прашања разгледувани во рамки на Извештајот, Сали нагласи дека Македонија останува посветена на европските вредности, добрососедските односи и конструктивниот дијалог, во согласност со преговарачката рамка и принципите на Европската Унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter