3Дубаи го доби првиот аеродром за летачки такси возила- за 10 минути се стигнува од аеродромот до центарот
ЗабаваИскуство на една девојка која решила да се разубави со помош на естетска операција (видео)Миа и нејзината мајка го оперирале носот во Турција, но не биле свесни од што сè мора да се откажат по интервенцијата...Миа и нејзината мајка одлучиле истовремено да направат ринопластика во Турција. Цената за оваа естетска операција варира од 2.000 до 7.000 евра во зависност од клиниката каде се изведува оваа операција. Миа сакала да добие потесен нос на врвот и после операцијата ги опишала резултатите како „супер драматични“. Сепак, таа истакнува дека на носната преграда ѝ е потребно време да се прилагоди и дека врвот на носот со тек на време ќе стане потесен, ќе омекне и ќе се намали. По отстранувањето на звојот, Миа споделила видео на својот профил на Тикток, каде ја следат преку 248.000 лица. Работи што не смеете да ги правите по операција на носот Едно од правилата е дека не смеете да носите очила за сонце. Стручњаците предупредуваат дека носењето очила по интервенцијата може трајно да го оштети носот. Исто така, тие советуваат да се избегнува сончање и изложување на сонце во првите два месеци по операцијата, потребно е да избегнувате сауна, парна бања и базен во првиот месец, а не смеете да вежбате во првите две недели по интервенцијата. Еве што истакнала Миа во видеото споределено на Тикток: -Ми рекоа дека не смееме да користиме сауна отприлика 4 недели, но морав. Морав бидејќи тоа ми е психички потребно. Исто така, ни кажаа дека не смееме да користиме хидромасажна када со недели. Резултатите од интервенцијата ќе ги добиеме за една година, така што носот доста ќе се промени. Но, не ти кажуваат дека својот нос еден ден ќе го мразиш, па потоа ќе го сакаш, па повторно ќе го мразиш... Тоа е поради ребрестата ‘рскавица бидејќи ѝ е потребно време да се апсорбира во телото... Значи, во моментов, лебди во носот – ги објаснува Миа постооперативните случувања. Исто така, таа навела дека болката со тек на време станува поднослива, но и дека сè уште има непријатно чувство кога се смее. Видеото на Миа стана вирално и поттикна низа коментари и реакции. @mial1cious #turkey ♬ wherever u r (ft. V of BTS) - UMI & V Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаОткриен е план за напад на фабика за дронови во Словачка, уапсени се три лица Тројца осомничени планирале да запалат фабрика во источна Словачка, соопшти словачкото обвинителство.Компанијата произведува дронови за собирање разузнавачки информации и таргетирање, а има и фабрика во источна Словачка, се вели на нејзината веб-страница, пренесе Ројтерс. „Нападот имал за цел фабриката Скајетон“, изјави портпаролот на регионалното обвинителство во источниот град Прешов во е-пошта, потврдувајќи го претходниот извештај на словачката новинска веб-страница Деник Н. Компанијата сè уште не го коментирала случајот. Германски обвинител изјави за Ројтерс дека 26-годишен латвиски државјанин е уапсен во Хамбург во врска со случајот и дека постапката за негова екстрадиција е во тек. Другите двајца осомничени, кои беа уапсени во Словачка, се државјани на Латвија и Украина, соопшти словачкото обвинителство еден ден претходно. Словачката полиција соопшти дека пронашла запалива смеса и план за напад врз фабриката за дронови за време на рацијата. Тие додадоа дека осомничените дејствувале по наредба, но не кажаа кој го нарачал нападот. New episode: Slovak police have thwarted a planned arson attack on a Ukrainian-owned Skyeton drone factory in eastern Slovakia. Three foreigners suspected in the attempt were detained - two in Slovakia and one in Germany. The attack could have sparked a large-scale fire and… https://t.co/Owd7aOtO1f pic.twitter.com/qdW6DYDKTb — Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 26, 2026 Веб-страницата „Денник Н“ го цитираше „Скајтон“ дека има сестринска компанија во Украина и сугерираше дека Русија стои зад нападот. „Неодамнешниот напад врз нашиот објект во Словачка е уште еден доказ дека украинските производители на одбранбена индустрија станаа вистински трн во окото на Русите и дека сме на вистинскиот пат“, соопшти компанијата, според веб-страницата. Руската амбасада во Братислава не одговори веднаш на барањето за коментар. „Скајтон“ рече дека производството во словачкиот објект е наменето за западните пазари, додека објектот во Украина произведува беспилотни летала за украинската армија, објави „Денник Н“. Словачкиот министер за одбрана Роберт Калинак рече дека словачкиот објект нема лиценца за извоз на исток, имено во Украина, според веб-страницата. Судот во Прешов во четврток пресуди дека двајцата осомничени уапсени во Словачка ќе останат во притвор додека трае истрагата, објави словачката телевизиска станица TA3.Тагови: дронови Словачка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИ легалните имигранти се на удар на Трамп- се подготвуваат нови ограничувања и укинување на визите Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп голем дел од своите мерки против имиграцијата ги фокусираше врз луѓето кои нелегално влегле во САД од Мексико и други земји, но сега интензивира уште една акција.Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп голем дел од своите мерки против имиграцијата ги фокусираше врз луѓето кои нелегално влегле во САД од Мексико и други земји, но сега интензивира уште една акција - овој пат врз луѓето кои легално доаѓаат во САД. Стејт департментот ги суспендираше сите апликации за имигрантски визи, додека ги информира конзуларните службеници низ целиот свет за новата политика насочена кон спречување на влезот на луѓе кои се сметаат за товар за владините средства. Американската администрација, исто така, се подготвува да ги поништи деловните и туристичките визи за дури 200.000 странци кои поднеле барање за азил, објави Асошиејтед Прес (АП) . Тоа би било најголемото масовно поништување на визи во историјата на САД и веројатно ќе се соочи со правни предизвици. „Она што ги обединува е општата филозофија дека имиграцијата е лоша за САД и дека администрацијата на Трамп бара секаков можен начин да го заостри имиграцискиот систем, така што помалку луѓе ќе влегуваат во земјата“, рече Џулија Џелат, заменик-директор на Програмата за имиграциска политика во Институтот за миграциска политика. 🇺🇸 Trump has paused U.S. visa appointments for applicants worldwide as his administration expands its immigration crackdown. The State Department says appointments are being rescheduled while consular officers undergo global training focused on identifying applicants considered… pic.twitter.com/prk4BQ5TQ0 — Mario Nawfal (@MarioNawfal) August 26, 2026 Суспензијата на имигрантските визи треба да биде привремена Суспензијата е целосно поврзана со новите правила за состојба позната како „јавен товар“ или дали некое лице може да стане финансиски товар за владата. Бројни конзуларни службеници во амбасадите на САД низ целиот свет имаа прашања во врска со тие правила, рече функционер на Стејт департментот, кој зборуваше под услов да остане анонимен бидејќи не беше овластен јавно да коментира за ситуацијата. Суспензијата започна на почетокот на август и не се очекува да трае подолго од почетокот или средината на септември, рече функционерот. Повеќето од луѓето погодени од мерката имаа закажани интервјуа за август, но ниту едно не е откажано. Интервјуата ќе бидат презакажани за септември, октомври и ноември. Суспензијата може да влијае на секој што аплицира за имигрантска виза надвор од САД, велат експертите, но особено на луѓето што сакаат да имигрираат врз основа на семејни врски - вклучувајќи родители, сопружници, деца или браќа и сестри на американски државјани. Сепак, Гелат предупреди дека презакажувањето на интервјуата за виза нема да биде лесно. „Тешко е да се закажат состаноци, па затоа е огромен товар за луѓето да мора да презакажуваат“, рече таа. Други видови имигрантски визи, како што се оние за работници спонзорирани од работодавач, не се опфатени со мерката бидејќи тие луѓе можат да докажат дека имаат приход и затоа не би претставувале „јавен товар“. Политика со која се суспендираше издавањето имигрантски визи за граѓани на 75 земји беше во сила од јануари до средината на август, но судот ја поништи. Случајот би можел да постави преседан. Како дел од заострувањето на правилото за „јавен товар“, Службата за државјанство и имиграција на САД, која е дел од Министерството за внатрешна безбедност, повторно го активираше правилото со кое може да им се одбијат зелени карти на имигрантите ако користат одредени владини бенефиции, како што се купони за храна, Медикејд или субвенции за домување. Откажувањето на туристичките и деловните визи има за цел да „испрати порака“. Доколку одлуката не биде оспорена или поништена, се очекува Стејт департментот во наредните недели да објави откажување на таканаречените визи Б1 и Б2, издадени помеѓу 2016 и 2026 година, чии носители побарале азил или моментално го бараат. Ова произлегува од документите на Стејт департментот добиени од АП, како и од изјавите на двајца американски функционери. Мерката ќе се спроведе во соработка со Министерството за внатрешна безбедност. Стејт департментот не кажа точно колку визи би можеле да бидат откажани, но експертите и адвокатите за имиграција велат дека мерката нема да влијае на луѓето кои веќе се во Соединетите Држави и кои аплицирале за азил. „Целта е да се испрати порака дека оваа администрација е фокусирана на спроведување на законот и дека луѓето кои сакаат да живеат во Соединетите Држави не треба да мислат дека можат да дојдат со туристичка виза, а потоа да бараат азил“, рече Џелат. За луѓето чии туристички визи сега би биле одземени, ова генерално нема да има практични последици бидејќи тие веќе аплицирале за азил и чекаат одлука за нивниот случај. Нивниот привремен статус според визата повеќе не е одлучувачки. Постапките за азил можат да траат со години. Туристичките и деловните визи, од друга страна, генерално дозволуваат престој од околу шест месеци. Доколку носителот на таква виза побара азил, нивната способност да останат во Соединетите Држави зависи од тековниот процес на азил, а не од самата виза. Со години, луѓето кои аплицираат за туристички или деловни визи мораа да им докажат на американските власти дека имаат намера да се вратат во својата матична земја кога ќе истече нивниот овластен престој. Секој знак дека сакаат трајно да останат може да биде основа за одбивање на виза. Плановите за укинување на визите се во согласност со долгогодишниот став на Трамп дека системот за азил е грубо злоупотребен. „Луѓето во Соединетите Американски Држави и низ целиот свет се презаситени од лажни барања за азил. Азилот не треба да биде дупка во законот за заобиколување на правилата за имиграција“, рече заменик-државниот секретар Кристофер Ландау. Во април, администрацијата објави дека конзуларните канцеларии ќе им одбијат визи на апликантите кои наведуваат дека се плашат да се вратат во својата земја.Тагови: визи Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамЈуго се врати- претставена е визијата на новиот модел (ФОТО)Во официјално соопштение на деловната мрежа LinkedIn, YUGO Automobile го објави своето враќање на сцената под слоганот „YUGO СЕ ВРАТИ - ОВОЈ ПАТ, НЕБОТО Е ГРАНИЦА“.Според компанијата, ова е целосно редефинирање на брендот, а не враќање во минатото. Беше претставена визијата за новиот модел YUGO Cabrio, кој го опишуваат како отворен, достапен и препознатлив Југо. Според официјалното соопштение на деловната мрежа LinkedIn, каде е објавено и ВИДЕО, новиот Cabrio претставува точно она што го претставува новиот бренд: мобилност со карактер, интелигентен инженеринг и јасен европски идентитет. Не станува збор за ретро модел Компанијата нагласи дека не се заинтересирани за создавање ретро автомобил, туку за градење ново поглавје за YUGO. Моделот е дизајниран за нова генерација и развиен со користење на модерна технологија, со амбиција повторно да ја направи возбудливата мобилност достапна за пошироката публика. Се вели дека новиот YUGO Cabrio не е само уште еден модел во серијата, туку симбол на слободата и автомобилот што носи најмногу емоции во новата понуда на брендот. Пораката што ја завршува објавата нагласува дека легендата не мора да се врати во старата форма, туку може да се врати како нешто уште подобро.Тагови: Југо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести72-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56