Искусен играч го напушта Реал Мадрид во јуни 2026 - Канал 5

Искусен играч го напушта Реал Мадрид во јуни 2026

Искусниот играч од одбраната на Реал Мадрид Антонио Рудигер во јуни 2026 година ќе го напушти „кралскиот клуб“. 

Искусен играч го напушта Реал Мадрид во јуни 2026

Според пишувањето на германски „Билд“ на крајот на сезоната германскиот репрезентативец (81 натпревар за Германија) е со лоши односи со соиграчот Џуд Белингам, а го загуби и статусот првотимец кај новиот тренер Чаби Алонсо. На неговата позиција тренерот ги користи Едер Милитао и Дин Хујсен.

По бројните повреди изминативе сезони Алонсо не е задоволен од неговата физичка подготовка па така 32-годишниот играч е на „излезна врата“. Рудигер во моментов е повреден и неговото враќање во екипата се очекува во ноември. Неговата позиција сега е пополнета со Милитао и Хујсен.

Рудигер во Реал Мадрид дојде како слободен играч во 2022 година од Челзи. Во дресот на тимот од Мадрид одигра 157 натпревари и освои осум пехари, а во кариерата има настапувано и за Штутгарт и Рома./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меси: Не ги потценивме, знаевме дека ќе играме тежок меч

Репрезентацијата на Аргентина се квалификуваше во осминафиналето на Светското првенство откако, во спектакуларен меч ги победи Зеленортските острови со 3:2 во продолжението.

Меси: Не ги потценивме, знаевме дека ќе играме тежок меч

По супернеизвесниот меч капитенот на Аргентина Лео Меси истакна дека тие уште пред почетокот на дуелот знаеле дека ги очекува тежок натпревар со незгоден противник.

„Знаевме дека натпреварот ќе биде многу тежок. Не е случајно што оваа репрезентација не загуби ниту од Шпанија, ниту од Уругвај. Ние го направивме најтешкиот дел од работата, а тоа беше да постигнеме гол. После тоа, требаше да ја пронајдеме нашата игра и да бидеме помирни, но се случи токму спротивното“, рече Меси.

„Не успеавме добро да ги притиснеме, а тие се бореа со своето оружје. Знаевме дека ќе биде тешко. Ова Светско првенство е многу посебно, сè е многу изедначено и секој натпревар ќе биде исклучително тежок“, додаде капитенот на Аргентина, нагласувајќи го менталитетот на тимот: „Секогаш одиме напред, без разлика дали игравме добро или лошо“.

„Преудна беше играта по прекините, сегмент на игарта од кој можеби не сме постигнале гол претходно, а во вакви натпревари тоа е клучно. Имаме добри играчи за играње со глава и успеавме да го искористиме тоа. Ќе биде важно да бидеме силни и во тој сегмент, на што работевме веќе некое време. Во вакво натпреварување, тоа е важно, што се покажа и во овој натпревар“, заклучи Меси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Алберто Фуџимори е новиот претседател на Перу

Конзервативната политичарка Кеико Фуџимори синоќа официјално беше прогласена за победничка на претседателските избори во Перу.

Ќерката на Алберто Фуџимори е новиот претседател на Перу

Фуџимори освои 50,13 отсто од гласовите во вториот круг на изборите одржан на 7 јуни, со што ја обезбеди највисоката државна функција при својот четврт обид да стане претседател, се наведува во соопштението на Јавната изборна комисија, пренесе Ројтерс. На второто место е левичарскиот пратеник Роберто Санчез со 49,86 отсто од гласовите, што претставува разлика од само околу 50.000 гласови од вкупно 18 милиони гласачи.

„Ова е почеток на нова фаза. Ја прифаќаме со одговорност, понизност и длабоко чувство на должност“, рече Фуџимори во објава на мрежата X откако беа објавени резултатите.

Оваа тесна победа претставува пресврт од тесниот пораз што го претрпе Фуџимори во 2021 година, кога заостануваше со околу 45.000 гласови од поранешниот левичарски претседател Педро Кастиља.

Подоцна беше импичментиран и затворен поради обид за распуштање на Конгресот во 2022 година.

Санчез, кого многумина го сметаат за политички наследник на Кастиљо, изјави дека нема да ја признае владата на Фуџимори, тврдејќи дека имало изборна измама. Конгресменот, кој уживаше силна поддршка од гласачите во руралните делови на Перу, водеше во почетните фази од броењето на гласовите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Допинг скандал на СП 2026-Тунижаните паднаа на допинг-тестот

Фудбалската селекција на  Тунис беше елиминиран од Светското првенство уште во групната фаза, но сега се појави скандалозна информација.

Допинг скандал на СП 2026-Тунижаните паднаа на допинг-тестот

Како што објави британскиот „Дејли меил“, дури осум фудбалери имале траги од кленбутерол во допинг тестовите спроведени за време на турнирот.

Светската антидопинг агенција (WADA) веднаш започна истрага за да го утврди потеклото на забранетата супстанца, но првичните проценки покажаа дека не станува збор за свесен обид за подобрување на перформансите - туку за консумирање контаминирано месо за време на престојот на делегацијата во Мексико.

Иако постапката е сè уште официјално отворена, а клубовите се информирани за резултатите, сè укажува дека фудбалерите нема да бидат суспендирани. Антидопинг протоколите дозволуваат ослободување од казна ако се докаже дека позитивниот резултат се должи на случајна контаминација на храна.

Идентичен инцидент се случи во 2011 година на Голд Купот, кога петмина мексикански репрезентативци исто така беа позитивни на кленбутерол во месото, по што беа целосно ослободени од сите обвиненија по истрагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер