3Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество
ЗдравјеИсклучително зголемен бројот на смртни случаи од Ковид во Шангај, кој еден месец е во „локдаун" Зголемен е бројот на смртни случаи кај заразените со Ковид во последните неколку дена во Шангај, кој речиси еден месец е во целосна изолација. Ова го покажуваат податоците што денеска ги објави Градската комисија за хигиена и здравје.Во текот на изминатите 24 часа во мегаполисот починале 51 лице со позитивен тест на Ковид, а ден претходно властите пријавија уште 39 смртни случаи. Вкупно 138 луѓе починале од компликации на коронавирус од избувнувањето на епидемијата во Шангај. Меѓу нив има и целосно вакцинирани и невакцинирани. Речиси сите починати се постари лица, на возраст од 70 до 101 година. Во официјалните изјави, властите го наведуваат коморбидетите – постоење на различни хронични болести при инфекција со коронавирус како директна причина за смрт. Официјалната статистика покажува дека смртните случаи почнале три недели од почетокот на целосната блокада на градот, која започна на 28 март. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаШпанија прогласи тридневна жалост по железничката несреќа со 68 загинатиШпанија прогласи тридневна жалост по тешката железничка несреќа во која загинаа најмалку 68 лица. Десетици патници се повредени, а спасувачките екипи цела ноќ ги пребаруваа урнатините.Несреќата се случила кога брз воз на релација Мадрид–Севиља удрил во запрен воз.Во едниот воз на приватната компанија имало 147 патници, а во другиот 397 патници. Според министерот за транспорт, едниот воз запрел поради компјутерски дефект. Надлежните истражуваат како дошло до судирот и зошто возовите добиле дозвола за движење. На местото на несреќата се ангажирани стотици спасувачи, а се користат и хеликоптери и беспилотни летала. Многу од загинатите сè уште не се идентификувани. Премиерот Педро Санчез изјави дека цела Шпанија тагува по трагедијата.Тој оцени дека е неприфатливо земјата да се соочи со две тешки железнички несреќи во една година. Во јануари, во несреќата со брз воз во близина на кордоба, загинаа 46 лица.повеќето политички партии ја прекинаа изборната кампања, додека истрагата за причините продолжува.Тагови: воз Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање Вториот ребаланс на државниот буџетот денеска на второ читање ќе се расправа во Собранието.Согласно предлогот за ребаланс – приходите се планираат на 374,2 милијарда денари додека расходите на 420,5 милијарда денари, што во однос на првиот ребаланс од јули значи дека тие истовремено се намалуваат за по 5,3 милијарда денари. Буџетскиот дефицит би останал непроменет на ниво на 46,3 милијарда денари што претставува 4,1% од БДП-то. За премиерот Мицкоски, власта води добра економска политика, додека пак, лидерот на опозициската СДСМ – Венко Филипче, обвинува дека вториот ребаланс на буџетот е како што вели, признание за катастрофалната состојба на буџетот.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општествоПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свеченоста по повод 80-годишниот јубилеј на централнобанкарското работење на Народната банка, којашто се одржа во Музејот на Народната банка.Таа говореше за Народната банка, за нејзината трансформација во зависност од економските и општествените промени, како и за нејзиниот важен придонес, потенцирајќи дека во 1991 дојде до историска промена на централнобанкарското работење, односно до монетарен суверенитет во самостојна и суверена Република Македонија. За неа, независноста, кредибилитетот и довербата не се само формални обележја на централното банкарство, туку темелни принципи врз коишто се градат ценовната и финансиската стабилност, а институционалната независност и отчетноста се заемно комплементарни предуслови за професионално одлучување и заштита на долгорочниот јавен интерес. Говорејќи за значењето на ценовната стабилност, Сиљановска-Давкова укажа дека таа непосредно се одразува врз животниот стандард на граѓаните, сигурноста на семејните буџети и можноста домаќинствата и компаниите да ја планираат својата иднина, нагласувајќи дека монетарната и финансиската стабилност претставуваат јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество. Според неа, глобалните финансиски кризи, геополитичките тензии, климатските промени и забрзаниот технолошки развој наметнуваат нови барања пред централните банки, коишто мора постојано да ги унапредуваат своите аналитички и технолошки капацитети, да вложуваат во знаење и стручност и да развиваат механизми за одговорно управување со ризиците. По повод јубилејот, претседателката упати честитки до Народната банка, оддавајќи им признание на сите генерации раководители, банкари и вработени кои со својата стручност, посветеност и одговорност ја граделе и развивале институцијата. На свеченоста се обрати и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и беше прикажан документарен филм посветен на осумдесетгодишниот развој на централното банкарство. Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова: Почитуван премиер, проф. д-р Христијан Мицковски, Почитуван претседател на Собранието, Африм Гаши, Почитуван гувернер, проф. д-р Трајко Славески, Почитувани вицегувернери, Почитувани членови на Советот на Народната банка, Почитувани екселенции, Почитувани претставници на државните институции, Дами и господа, Не сум меѓу вас од куртоазна, туку од суштинска причина. Осумдесетгодишниот јубилеј на централнобанкарското работење на Народната банка е важен ден за неа, за државата, но и за народот. Причината е во независното, стручното, одговорното, напорното и успешно работење на една од најважните државни институции. Зад неа се осум децении правен и институционален континуитет и меморија за трансформацијата на финансиските, економските и општествените односи, за домаќинското водење и менаџирање, врз основа на вредности коишто ги отелотворува, за заслужената доверба којашто ја ужива и за способноста да одговори на предизвиците. Од првиот гувернер Стојан Ќосев до актуелниот, сметам дека имавме многу солидни гувернери, учени и посветени чувари на финансиската стабилност и сакам на сите нив да им оддадам должно признание. Не е лесно да се адаптира централното банкарство на општествените, економските и уставните промени: од кредитирањето, платниот промет и девизните операции до планирањето, статистиката, сметководството и контролата. Најдлабоката трансформација во современата историја на Народната банка, настапила со осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Создавањето независна и самостојна држава подразбирало воспоставување сопствен монетарен систем, дефинирање национална парична единица и конституирање институција којашто ќе ја преземе одговорноста за монетарната стабилност во услови на самостојно економско управување и монетарен суверенитет. Успешната замена на југословенските динари со македонски банкноти е историски чекор на воспоставување сопствена монетарна политика и зачувување на вредноста на националната валута. Со конституирањето на независната држава, Народната банка прерасна во современа централна банка. Во изминатите осум децении таа ги разви своите институционални, аналитички и оперативни капацитети, соочувајќи се со домашните и со меѓународните предизвици и борејќи се за одржување на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс. Ретроспективата открива перманентна институционална трансформација: од централа во рамките на федералниот монетарен систем, преку републичка народна банка, до современа централна банка на независна држава. Се разбира, секоја етапа има свое кредо и своја физиономија, но сите етапи откриваат суштинска врска меѓу институционалниот развој, економската стабилност и одговорноста кон јавноста. Во основата на современото централно банкарство се три меѓусебно поврзани принципи: независноста, кредибилитетот и довербата. Тие не се само формални обележја на институционалната поставеност, туку важни предуслови за успешно остварување на основната цел на централната банка: ценовната стабилност и стабилноста на финансискиот систем. Независноста на централната банка не е само техничко прашање на монетарната политика, ниту, пак, само институционално прашање. Таа е дел од архитектурата на современото економско управување, како и механизам за заштита на долгорочниот јавен интерес. Ова особено важи за централните банки чиишто одлуки влијаат врз трошоците за задолжување, штедење, инвестиции, економски очекувања и функционирање на финансискиот систем. Нивните овластувања се значајни, па затоа и начинот на кој тие се користат мора да биде заснован врз стручност, интегритет и јасна институционална одговорност. Институционалната независност овозможува одлуките да се носат врз основа на економски анализи, расположливи податоци и проценка на долгорочните последици. Таа создава услови за доследно спроведување на монетарната политика и за зачувување на стабилноста и во периоди кога економските околности бараат тешки, но неопходни одлуки. Во демократскиот политички систем, избраните институции ги утврдуваат законските цели и рамката на дејствување на централната банка, а нејзината автономија овозможува професионално одлучување во рамките на надлежноста. Оттука, независноста и отчетноста не се спротивставени принципи. Напротив, тие се заемно комплементарни елементи. Независноста ја гарантира професионалната процена, а транспарентноста, отчетноста и јасната комуникација ја потврдуваат легитимноста на одлуките и ја зајакнуваат довербата во институцијата. Довербата на јавноста не е само прашање на репутација. Таа има директно економско значење оти влијае врз инфлациските очекувања, одлуките за штедење и за потрошувачка, инвестициските планови и предвидливоста на економските односи. Во мала и отворена економија како нашата, во која стабилниот девизен курс има централна улога во монетарната рамка, довербата во монетарните и финансиските институции е клучна. Кредибилитетот на политиките и институционалната доследност придонесуваат кон зачувување на ценовната и на финансиската стабилност и кон создавање попредвидливо економско опкружување. Почитувани присутни, Кога зборуваме за ценовната стабилност, не зборуваме само за стапките на инфлација, монетарните инструменти или макроекономските показатели. Зборуваме и за животниот стандард на граѓаните, за сигурноста на домаќинствата и компаниите со доверба да ја планираат својата иднина. Ценовната стабилност не е само економско прашање, туку и прашање на социјална сигурност и заштита на јавниот интерес. Монетарната и финансиската стабилност претставуваат јавно добро токму затоа што нивните придобивки се заеднички за целото општество. Стабилните пари создаваат заедничка основа за функционирање на домаќинствата, претпријатијата и јавните институции. Оттука, зачувувањето на ценовната стабилност бара долгорочна доследност. Краткорочните мерки не можат да ја заменат потребата од кредибилна и одржлива монетарна политика. Во услови на притисоци за брзи решенија, важно е да се зачува фокусот на долгорочната стабилност и да се избегне преземање мерки коишто би можеле да ги поткопаат економските очекувања. Во овој контекст, значењето на централната банка се огледува и во нејзината способност да ја зачува довербата во вредноста на парите, а со тоа и во економските односи коишто се засновани врз нив. Изминатите децении, меѓутоа, нè потсетија дека стабилноста не е секогаш загарантирана. Глобалната финансиска криза, пандемијата, енергетските и ценовните шокови и геополитичките тензии покажаа колку брзо надворешните нарушувања можат да се пренесат врз домашните економии и врз финансиските системи. Осумдесетгодишното наследство на Народната банка е важна основа за идниот развој, но истовремено и обврска за унапредување на институционалните капацитети. Геополитичките конфликти, фрагментацијата на меѓународната економија, растечкиот трговски протекционизам, високиот јавен долг и побавниот раст на продуктивноста создаваат дополнителни извори на неизвесност. Истовремено, климатските промени и сè почестите екстремни временски настани можат да предизвикаат економски загуби, нарушувања на производството и дополнителни притисоци врз цените и врз финансискиот систем. Технолошкиот напредок, особено развојот на вештачката интелигенција, носи значајни можности за подобрување на аналитичките процеси, зголемување на ефикасноста на финансиските услуги, унапредување на проценката на кредитниот ризик и поефикасно откривање измами. Но, истовремено, тој отвора и нови ризици поврзани со сајбер-безбедноста, оперативната отпорност, концентрацијата на технолошките услуги и ширењето на ризиците меѓу финансиските институции. Овие промени бараат централните банки, значи и нашата централна банка, постојано да ги унапредуваат своите аналитички и технолошки капацитети, да инвестираат во знаење и стручност и да развиваат соодветни пристапи за проценка и за управување со новите ризици. Иднината, со еден збор, бара коегзистенција ем институционална стабилност, ем способност за приспособување: доследност во принципите, флексибилност во инструментите и постојана подготвеност за новите предизвици. Почитувани присутни, На крајот, сакам да упатам искрени честитки до Народната банка по повод овој значаен јубилеј, со признание за придонесот на сите генерации раководители, банкари и вработени коишто со својата стручност, посветеност и одговорност ја граделе и ја развивале институцијава како свој втор дом. Ви благодарам.Тагови: Народна Банка Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00