Исклучете една функција на вашиот мобилен и подмладете го мозокот за 10 години - Канал 5

Исклучете една функција на вашиот мобилен и подмладете го мозокот за 10 години

Позитивните ефекти се видливи после две недели!

Исклучете една функција на вашиот мобилен и подмладете го мозокот за 10 години

Исклучете го Интернетот на две недели и гледајте што ќе се случи!

Истражување спроведено од научници од Универзитетот во Британска Колумбија покажува дека не треба да трошите два милиони долари годишно на рутини со цел да ја подобрите функцијата на мозокот. Имено, научниците откриле дека исклучувањето на Интернетот на мобилниот телефон во период од две недели може да го подмлади вашиот мозок за цели 10 години.

Во истражувањето учествувале 400 луѓе, вклучително студенти и вработени, кои преземале апликација што им го блокирала пристапот до Интернет, но можеле да остваруваат повици и да испраќаат пораки.

Резултатите покажале дека вниманието на учесниците, односно способноста да се фокусираат на еден предмет, значително се подобрило, станувајќи еквивалентно на вниманието на 10 години помлада личност.

Интересно е што дури 90 проценти од учесниците зборувале дека им се подобрило менталното здравје, а исто така испитаниците забележале и подобрување на личната благосостојба и задоволството од животот, што укажува на длабокото влијание што овој вид на промена може да го има врз секојдневниот живот.

Истражувачите истакнаа дека промената во функцијата на мозокот е најверојатно резултат на поразличниот временски распоред, каде што учесниците поминувале помалку време на Интернет, а повеќе во социјализација, физичка активност и престој во природа.

За време на студијата, времето поминато пред екранот било речиси преполовено, од просечни 5 часа и 14 минути на 2 часа и 41 минута дневно. Овие промени сугерираат дека постојаното поврзување со дигиталниот свет може да има цена, бидејќи психолошката функција се подобрува кога таа поврзаност ќе се намали.

Во експериментот, објавен во списанието PNAS Nexus, учесниците биле регрутирани преку онлајн портал. Просечната возраст на учесниците била 32 години, при што 63 % биле жени, 29% студенти, додека 42% биле вработени со полно работно време.

Тие биле поделени во две групи, при што првата група преземала апликација која целосно го блокирала Интернетот, додека втората група ги користела своите телефони како и обично во првите две недели, а потоа ја симнала апликацијата.

Анализата покажала дека во групата која прва го блокирала Интернетот, времето поминато пред екранот се намалило од 314 минути на 161 минута дневно. Иако ова време благо се зголемило кога го вратиле пристапот до Интернет, тоа сепак било за 15 % под нивото пред да започне експериментот.

Во втората група, времето поминато пред екранот паднало од 336 на 322 минути во првите две недели, а потоа на 190 минути во вториот период, што претставува намалување од 41 % во однос на претходните периоди, пренесува „Дејли меил“ (Daily Mail).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уште 200 наставници завршија обука за правилна и етичка употреба на ВИ во образованието

200 наставници успешно завршија деветмесечна обука за правилна и етичка употреба на вештачката интелигенција во образованието.

Уште 200 наставници завршија обука за правилна и етичка употреба на ВИ во образованието

Тие се првата генерација наставници кои ќе бидат амбасадори на вештачката интелигенција во училиштата, со задача стекнатото знаење да им го пренесат на своите колеги, но и да ги насочуваат учениците како правилно, одговорно и безбедно да ја користат новата технологија.

За значењето на ваквите обуки во време кога вештачката интелигенција сè повеќе станува дел од секојдневието, говореше и министерката за образование Весна Јаневска, која посочи дека е важно наставниците да бидат подготвени за новите технолошки предизвици.

„Во ова време на брз технолошки развој апсолутно е неопходно, децата веќе користат вештачка интелигенција кадешто се кријат многу опасности, правилното користење на вештачката интелигенција во училиштето е столб на правилно користење на модерната технологија“-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Во Македонија досега се обучени над 1.000 наставници за примена на вештачката интелигенција во образованието. Јаневска посочи дека ваквите обуки ќе продолжат, со цел што поголем број наставници да стекнат знаења и вештини за користење на новата технологија во наставата.

„Со оглед дека училиштето е тоа кое треба да ги научи како корисно да ја користат АИ, да проверат факти, да се заштитат, да ја користат во правец на аналитичко размислување , да не споделуваат лични информации тукмо затоа и овие наши напори во соодветно време да ја спроведеме обуката на наставниците за тие да можат да го направат тоа што треба“-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Со ваквите обуки се отвора патот кон посовремено образование, во кое вештачката интелигенција ќе биде алатка за учење и развивање на знаењата, а не замена за самостојното размислување, посочи министерката Јаневска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО: Немало неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Резолуција со која оцени дека нема основ за натамошно јавнообвинителско постапување.

ОЈО: Немало неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

По спроведена предистражна постапка во однос на наводите од поднесената кривична пријава со сомненија за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на Македонија и неовластено прибирање податоци, предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Резолуција со која оцени дека нема основ за натамошно јавнообвинителско постапување.

Во текот на постапката, со наредба од Основниот кривичен суд беше обезбедена компјутерска опрема врз која се извршени информатичко-форензички анализи. Беа анализирани и податоци од мобилни уреди и беа прибрани и известувања од лица запознаени со настанот.

Според извештаите на Секторот за компјутерски криминал при МВР, не се утврдени дигитални траги или други форензички показатели за неовластено навлегување во компјутерскиот систем, ниту се пронајдени докази за снимање и прибирање класифицирани податоци.

При анализите се констатирани одредени безбедносни и административни слабости во конфигурацијата на системот, кои можеле да претставуваат потенцијален безбедносен ризик, но не биле утврдени дигитални докази за извршување на пријавените кривични дела.

По оценка на сите прибрани докази, надлежниот јавен обвинител утврди дека не се исполнети законските обележја на кривичните дела „Оддавање државна тајна“ од член 317 и „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ од член 251 од Кривичниот законик, ниту пак на друго кривично дело кое се гони по службена должност, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата

„Здравиот тука да дојде ќе се разболи, а не болниот од вакво чекање“...Вака со една реченица пациентите кои се борат со канцер и нивните блиски ја објаснуваат состојбата на Онкологија.

Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата

Некои од пациентите што живеат во другите градови ширум Македонија трошат по 100 евра за превоз на едно доаѓање, а во болница за да примат терапија минуваат и по 8 до 9 часа.

Гужвата на Онкологија е само една од маките на пациентите чиј број од година во година се зголемува, па само лани на оваа Клиника има регистрирано 5300 новодијагностирани за разлика од претходната година.

Граѓаните велат дека недозволиво е за пет-скен да се чека речиси половина година, снимање за кое дел од нив на приватно плаќаат по околу 1200 евра, а истото е неоходно и клучно за да се види дали карциномот се шири или е локализиран.

Уште погорлив проблем е тоа што неретко се случува, дел од пациентите да минат долг пат и неколку часа да чекаат на ред само за на шалтер да им кажат дека за џабе доаѓале бидејќи нема терапија. Дел од пациентите што ги затекнавме пред Клиниката зад камерата ни кажаа дека ова им се случило денес. Патувале до Скопје од Струга и од Куманово но за нив немало од хормоналната терапија Золадекс која се користи за одредени видови на карцином, со цел да се намали влијанието на хормоните врз растот на туморот.

Директорот на Клиниката Игор Стојковски вели дека како установа немаат вина што некогаш се случува да нема терапија посочувајќи дека доцнат добавувачите, а најави дека работат на план лекови да се набавуваат за три години однапред.

Надлежните велат дека децентрализацијата е започната со консултативни прегледи во Градската болница „Осми септември“ и во Битола, но најавите со години се дека онколошки центри кои ќе бидат опремени и функционални ќе има и во Тетово и Штип.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер