Герасимовски: Додека не најдеме законско и прифатливо решение, нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да го ставам на дневен ред на Советот
2Герасимовски: Додека не најдеме законско и прифатливо решение, нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да го ставам на дневен ред на Советот
КошаркаИсходот на дуелот Карпош Соколи - Куманово, наместо на терен во суд Кошаркарскиот клуб Куманово соопшти дека натпреварот против Карпош Соколи нема да го игра и дека правдата ќе ја бара пред судските органи во државата. Во саботата мечот од 1.коло на Супер лигата беше одложен, а вчера Здружението на прволигаши донесе одлука да му даде шанса на тимот на Карпош Соколи да ја достави комплетната документација за регистрација на клубот во Акционерско друштво. Денеска, кумановскиот клуб од комисијата на натпреварување при МКФ, добил нов термин за одигрување на одложената средба против Карпош Соколи, која сега е закажана за утре во СЦ „Борис Трајковски’’, кој Кумановци не го прифаќаат со образложение, дека натпреварот бил неправилно пролонгиран поради неажурноста на „Соколите’’. На вчерашното Здружение на прволигашите КК Куманово побара овој натпревар да биде регистриран со службен резултат, а во спротивно правдата да ја бараат на суд. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Дупката меѓу платите и стандардот расте, младите си одат - тоа се резултатите на Мицкоски! Минималната плата стагнира. Трошоците растат. Дупката меѓу она што се заработува и она што се плаќа се зголемува. Нема зголемување на минималецот на 600 евра. СДСМ поднесе измени на законот по третпат. ВМРО-ОКГ не гласаше. Сателитите Левица и ЗНАМ не беа во собраниската сала. Никој не гласаше освен СДСМ. Ама буквално никој од партиите. Со кирија за стан, кошничката стига до околу 90.000 денари. Синдикалната кошничка без кирија е околу 70.000 денари. Кошничката не ја покриваат две минимални плати. Цените на становите се такви што младите не можат да си дозволат. НБРМ воведе мерки за втор стан: поголеми рати, помали шанси за кредит. Првиот стан веќе е недофатлив. Постои само во бајката на Мицкоски. Ова е политиката на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Заштита на крупен капитал, ланци што заработуваат во оваа криза додека работникот гладува. Ова е директна политика на иселување на младите. Нема Европа, нема поголем стандард. Светска банка кажа: нуе сме една третина од стандардот на ЕУ. Не трета економија. Третина. 17 години во истата категорија. Без реформи, до 2050 стигнуваме до 55 проценти. Со реформи можеме повеќе. Арамијата ги запира реформите. Од 1 јуни повеќе и не ги споменува воопшто. Намерна изолација, намерна конфронтација и провокации. Затоа младите се пакуваат. ВМРО-ОКГ и Мицкоски намерно ги бркаат. Најавуваат увоз на околу 100.000 мигранти, односно економски работници како што ги нарекоа. Нема зголемување на минималецот. Нема мерки што СДСМ ги предложи на почетокот на кризата, за да се ублажат економските последици. Има цена на гориво до плафон. Има струја што се увезува. Има задолжување од 4 милијарди за две години. Има антимон и дата-центри за провизија. Има кошница што не се полни со статистика и со цртање на табла. Младите гледаат и си заминуваат. Не затоа што не ја сакаат земјата. Затоа што не можат да си дозволат живот во неа. СДСМ бара 600 евра минимална плата. Бара влез во Европа. Бара стандард. Додека арамијата црта бајки за илјада евра просечна плата и трета економија во Европа, младите си одат, не можат повеќе да ги слушаат бајките на Мицкоски. Тоа е резултатот, тоа е програмата на оваа ненародна, арамиска политика и криминална власт. Власта ќе се врати во рацете на народот. Бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред Лаура Ковеши во европска Македонија. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Шоу бизФото: Дикаприо „се запуштил“ покрај 23 години помладата убавица Холивудскиот заводник Леонардо Дикаприо е уловен во друштво на 23 години помладата девојка, но наместо за убавицата сите зборуваат за изгледот на актерот.Леонардо ди Каприо и неговата девојка, Виторија Черети – која е 23 години помлада од него – се фотографирани на Хаваи, каде што изгледот на славниот актер го привлече вниманието на фотографите. Како и многу други познати личности, Лео и манекенката Виторија во последно време престојуваат на Хаваи. Повод за нивното присуство таму е свадбата на Џенифер Мајер, дизајнерка на накит и поранешна сопруга на актерот Тоби Мегваер. Се чини дека, по свадбената церемонија, славните личности решиле да уживаат во убавините на оваа тропска дестинација и се упатиле кон плажата. Познатиот пар веднаш го привлекол вниманието на фотографите, а фотографии од нив брзо се појавиле во медиумите. Манекенката, како и многупати претходно, покажа беспрекорна фигура во минијатурно бикини, додека нејзиниот сакан откри дека – судејќи според изгледот на неговото тело – ужива во животот... Малку се опуштил, што значи дека е сигурен во својата 23 години помлада убавица. За време на фотографирањето носеше шорцеви за капење и гордо го покажа стомакот, а фотографиите се проширија на интернет со брзината на светлината. Тагови: Леонардо ДиКаприо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
МакедонијаГерасимовски: Додека не најдеме законско и прифатливо решение, нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да го ставам на дневен ред на СоветотГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да биде ставен на дневен ред на Советот.Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да биде ставен на дневен ред на Советот сè додека не се најде законски издржано и прифатливо решение за сите отворени прашања, особено за стабилноста на теренот и пристапната сообраќајница. „Мојот став е јасен. Сè додека не најдеме законско и прифатливо решение за сите отворени прашања, јас како градоначалник нема да предложам овој нацрт-ДУП да биде ставен на дневен ред на Советот. За Водно мора да бидеме особено внимателни. Не е доволно само да се исполнат формалните процедури, туку мора да бидеме сигурни дека решенијата се безбедни, законски и во интерес на граѓаните“, истакна Герасимовски. Тој информираше дека Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) дала позитивно мислење за нацрт-ДУП-от „Барутана“, потврдувајќи дека условите од областа на заштитата и спасувањето се соодветно вградени во планската документација. Позитивни мислења и оценки доставиле и Комисијата за урбанизам на Град Скопје, Агенцијата за катастар на недвижности, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Секторот за води и Секторот за природа при Министерството за животна средина и просторно планирање, Агенцијата за електронски комуникации, ЕСМ-Топлификација, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Управата за заштита на културното наследство, АД „Водостопанство“ и Министерството за внатрешни работи. Герасимовски нагласи дека позитивните мислења од институциите не значат автоматско донесување на нацрт-ДУП-от, ниту дека со нив завршува постапката. „Мислењата на институциите се важни, но за мене е подеднакво важно да ги отстраниме сите сомнежи околу стабилноста на теренот. Затоа, покрај анализите што веќе ги имаме, ќе ѝ наложиме на планерската куќа да нарача посебна студија од Градежниот факултет за процена на ризикот од ерозија, свлекување и нестабилност на падините. Сакам да имаме јасна и целосна стручна слика пред да се носат какви било конечни одлуки“, рече Герасимовски. На крај, Герасимовски потенцираше уште еднаш дека Општината има законска обврска да ја води постапката за нацрт-ДУП-от „Барутана“, но тоа не значи дека планот мора да биде усвоен. „Имаме законска обврска да ја водиме постапката, но тоа не значи дека нацрт-ДУП-от мора да биде усвоен по секоја цена. Ќе ги разгледаме сите забелешки, ќе ги направиме потребните дополнителни анализи и ќе бараме решение кое нема да ја доведе во прашање безбедноста на граѓаните. Додека не ги расчистиме овие прашања, нема да предложам нацрт-ДУП-от „Барутана“ да се најде на дневен ред на Советот“, порача Герасимовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook