Исчезнува ледената гробница: Се топат Алпите и од гроб ги креваат паднатите воини

Речиси 100 години откако го изгубиле животот во Првата светска војна, паднатите војници од жестоката Алпска битка, чиишто тела благодарение на ниските температури се до скоро мирно почиваа во своите ледени гробови на италијанските Алпи, во ново време повторно излегуваат на површина.

Кога летото е топло, во Трентино во северна Италија уште од 2004 година на површина излегуваат војниците кои настрадале во борбата која се водела над три години, а во која загинале, смрзнале или од глад починале над милион војници од двете страни.

Археолозите мораат експресно да реагираат бидејќи телата почнуваат брзо да се распаѓаат, а љубопитните планинари кои не можат му одолеат на искушението „за спомен нешто да си земат“, од работите кои покојниците ги имале кај себе. Дури некои и намерно одат во планината заради овие морничави сувенири кои потоа ги продаваат на интернет, а полицијата и форензичарите обично ги викаат дури откако од труповите се зема се што е вредно.



Средбите со одмна починатите понекогаш знаат да бидат и многу емотивни.

Последен пат од вечниот мраз се извадени остатоците од двајца италијански војници на возраст од 16 и 18 години, застрелани во глава во 1918 година и од своите другари закопани во плитки гробови.

„Не можев, а да не помислам на нивните мајки кои ги испратиле во војна и никогаш повеќе не ги виделе“, вели д-р Николис, форензичар кој вршел аутопсии на повеќето тела најдени во поново време.

Материјалот од Алпската битка историчарите го собираат уште од крајот на војната, но редовни наоди има од раните 1990-ти години, а благодарение на климатските промени тие се се почести и пообемни. Покрај оружјето и војничките предмети, собрано е и доста облека, па дури и едно неоштетено писмо кое паднат војник го пишувал за својата сакана.

Без инциденти и нерегуларности се одвива изборниот процес во Тетово, излезноста до 13 часот 21

Излезноста до 13 часот 21 %.

Најстариот гласач е 111-годишен жител на Тетово, каде изборниот процес се одвива мирно и без нарушувања.

Сандра Спасовска е во Тетово, целосниот извештај погледнете го во видеото.

Во Охрид приведено лице кое го фотографирало гласачкото ливче

Полицијата во Охрид денеска во 12:15 часот го привела лицето А.И.(48) од Охрид, затоа што го фотографирал гласачкото ливче на Избирачкото место 1271 во Охрид.

Како што соопштија од СВР Охрид, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полскиот парламент го реформира Уставниот трибунал

Полските пратеници почнаа дебата за реформирање на Уставниот трибунал, откако претходната влада ги смени функциите на институцијата.

Критичарите на минатите реформи тврдат дека тие ја поткопале независноста на судството. Новите реформи се услов кој го постави ЕУ да добие милијарди евра од европските фондови.

Брисел одлучи да ги ослободи блокираните средства, иако владата на проевропскиот премиер Доналд Туск не ги заврши потребните реформи.

Уставниот трибунал беше клучна тема по прашањето за судската власт за претходната Влада на партијата „Право и правда“. Функцијата на овој суд е да одлучува за законитоста на донесените закони. /МИА

притисни ентер