Исчезната слика на Густав Климт ќе се најде на аукција во Виена, вреди над 54 милиони - Канал 5

Исчезната слика на Густав Климт ќе се најде на аукција во Виена, вреди над 54 милиони

Сликата на австрискиот сликар Густав Климт, која исчезнала пред речиси 100 години, е пронајдена во приватна колекција во Виена и ќе се најде на аукција во април.

Исчезната слика на Густав Климт ќе се најде на аукција во Виена, вреди над 54 милиони

„Портретот на госпоѓицата Лизер“ некогаш припаѓал на истоименото еврејско семејство, а сликата последен пат била видена во јавноста во 1925 година.

Засега не е познато што се случило со тоа дело во периодот меѓу 1925-та и 1960-тите, кога сликата дошла во приватна сопственост, јавува Би-Би-Си.

Аукциската куќа Кински ја проценува вредноста на сликата на повеќе од 54 милиони долари.

Во соопштението Кински наведува дека повторното откривање на сликата е „сензација“ и дека „слика со толкава реткост, уметничко значење и вредност со децении не е достапна на уметничкиот пазар во Централна Европа“.

Незавршениот портрет бил нарачан од богато еврејско семејство индустријалци од Климт во 1917 година, непосредно пред неговата смрт, кога тој го насликал.

Хенриета Лизер, прикажана на портретот, останала во Виена и покрај нацистичкото владеење, по што била депортирана и починала во Аушвиц во 1943 година.

Сегашните сопственици на сликата и законските наследници на семејството Лизер го ставаат делото на аукција на 24 април во согласност со принципите на Вашингтон, меѓународен договор за враќање на уметничките дела ограбени од нацистите на наследниците на оние од кои делата им биле украдени.

Засега нема докази дека делото е одземено за време на грабеж или украдено пред или за време на Втората светска војна, јавува Би-Би-Си.

„Дамата со обожавател“ на Климт беше продадена во јуни за 85,3 милиони фунти, што го прави највредното уметничко дело некогаш продадено на аукција во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИФА: Инфантино се откажа од спорните инвестициски планови

Светската куќа на фудбалот, (ФИФА) се откажа од идејата за продажба на дел од правата за Светското првенство на приватни инвеститори.

ФИФА: Инфантино се откажа од спорните инвестициски планови

Претходно, европската УЕФА, Азиската фудбалска конфедерација и КОНКАКАФ (земјите од Северна и Средна Америка) се изјаснија против, а сите 55 европски национални асоцијации донесоа радикална одлука, гласаа за целосен бојкот на сите натпреварувања на ФИФА (вклучувајќи ги и Светските првенства за мажи и жени).

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, потврди дека се откажал од планот.

„Проектот FIFA Forward Enterprise беше замислен како основа за понатамошно зајакнување на членките на ФИФА и развој на нашиот спорт низ целиот свет – особено во земјите каде што поддршката е најпотребна. Сепак, како што наведовме од самиот почеток, имплементацијата на проектот беше можна само со поддршка на мнозинството членки на ФИФА и преку консултации со нив, Советот на ФИФА, конфедерациите и другите засегнати страни.“

Откако внимателно ги сослушавме сите мислења, дојдовме до заклучок дека проектот предизвикал таква контроверзност што, без оглед на нивото на поддршка, тој повеќе не ја исполнува својата првична намена.

Нашата цел отсекогаш била и останува иста – да се обединиме и да се подобриме.

Во овој поглед, имплементацијата на овој предлог нема да се случи.

„Во наредните денови и недели, имам намера повторно да ги соберам сите засегнати страни – во духот на заедничкиот интерес за нашиот спорт и со цел да продолжиме да го развиваме фудбалот насекаде, особено во оние земји на кои им е најпотребна нашата поддршка“, рече Инфантино во соопштението објавено на веб-страницата на ФИФА.

Има шпекулации дека Инфантино ја изгубил поддршката од функционерите на ФИФА и контролата врз организацијата, па затоа може да се очекува дури и негова оставка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјотрес во Италија близу Неапол, 21 повреден, двајца во критична состојба (

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди вулканското подрачје Кампи Флегреи во близина на Неапол, при што се повредени 21 лице, а двајца од нив се во критична состојба.

Земјотрес во Италија близу Неапол,  21 повреден, двајца во критична состојба (

Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV) регистрираше земјотрес во саботата навечер на длабочина од три километри, објави порталот „Италпрес“.

Неколку часа подоцна, околу 22 часот, беше регистриран уште еден земјотрес со јачина од 3,8 степени, а потоа беа забележани уште триесетина помали земјотреси.

Земјотресот силно се почувствува во Неапол, каде што многу граѓани излегоа на улиците, а во некои делови од градот беше пријавен прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пеколен викенд во Македонија, денес сончево и топло со температура до 39 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи денеска времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. 

Пеколен викенд во Македонија, денес сончево и топло со температура до 39 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 38 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер