Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
1Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
КултураИсчезна слика на Пикасо за време на транспорт- осигурана е на 600.000 евра, никој не е уапсен Шпанската полиција истражува исчезнување на слика од Пабло Пикасо што се случило за време на нејзиниот транспорт од Мадрид до изложба во Гранада.Исчезнувањето на уметничкото дело, осигурано на 600.000 евра, било пријавено во полицијата на 10 октомври. Никој не е уапсен Сè уште не е познато во кој момент за време на транспортот до Гранада исчезнала вредната слика, а никој не е уапсен во врска со случајот. Сликата на Пикасо „Мртва природа со гитара“ била меѓу 56 уметнички дела што биле транспортирани од Мадрид до Културниот центар во Гранада. 🔴 La Policía Nacional investiga la desaparición de un cuadro de Picasso cuando era trasladado de Madrid a Granada para ser mostrado en una exposición https://t.co/oDjyczL6BV pic.twitter.com/Klg5GKxbUL — RTVE Noticias (@rtvenoticias) October 16, 2025 Сепак, изложбата е одржана Во Гранада е организирана изложбата посветена на историјата на жанрот мртва природа од 17-ти до 20-ти век. Настанот се отвори и покрај исчезнувањето на сликата од Пикасо, според локалните медиуми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
МакедонијаГерасимовски: Обновени игралишта во Дебар Маало и Капиштец, побарана засилена контрола од МВРОпштина Центар ги обнови детските игралишта кај „Зебра“ во Капиштец и кај КАМ маркет во Дебар Маало, при што дотраените и оштетени реквизити се заменети со нови за да се обезбедат побезбедни и поквалитетни услови за игра и рекреација на децата.Градоначалникот Горан Герасимовски упати апел за зачувување на урбаната опрема , нагласувајќи дека јавниот простор е заедничка одговорност. „На барање на жителите побаравме засилено присуство на МВР на терен, особено во вечерните часови, кога има појава на вандализам и оштетување на детските игралишта. Во општината има околу 50 детски, спортски, маалски и училишни игралишта. Даваме сѐ од себе да ги одржуваме и унапредуваме, но за жал често се соочуваме со нивно оштетување, поради што повторно вложуваме средства за нивно санирање. Апелирам до граѓаните заеднички да водиме грижа за јавното добро и да ги чуваме содржините што се наменети за сите“, порача Герасимовски. Тој потсети дека Општина Центар иницираше измени на повеќе закони со цел поефикасно справување со девијантното однесување кај младите, меѓу кои и воведување општокорисна работа за малолетните вандали и нивните родители. За 2026 година, Општина Центар има издвоено 12 милиони денари за обнова и реконструкција на детските и спортските игралишта на својата територија. Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКузеска: ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирмаДенеска сме пред Државната комисија за спречување на корупцијата затоа што јавноста дозна за уште еден сериозен скандал кој директно го засега највисокиот врв на Владата на Мицкоски.Според документи објавени во медиуми, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е поврзан со компанија регистрирана во Бугарија. Бугарски капитал, фрима или ваква поврзаност не е наведена во неговите анкетни листови доставени до ДКСК. ДКСК не смее да биде нем набљудувач на скандалите на власта. ДКСК мора веднаш да отвори предмет, да ги провери сите факти, да ги побара сите документи и без одлагање да ја информира јавноста. Дали Игор Јанушев пријавил сѐ што бил должен да пријави согласно закон или криел? Законот предвидува и законска казна доколку се докаже дека криел удел во фирма и ќе мора да одговара. Бидејќи Јанушев го нема втор ден институциите се должни да ги дадат одговорите. Овој скандал го открива целото лицемерие на Мицкоски и ВМРО, целиот нивни лажен наратив. Тераат бизнис интереси во Бугарија, не чекаат како граѓаните со часови на граници а во исто време ја блокираат европската интеграција на Македонија и ги блокираат парите од ЕУ преку фондовите. Дали сега Јанушев, како генерален секретар на Владата, ќе поднесе оставка додека трае истрагата за неговата компанија во Бугарија? Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМТагови: Богданка Кузеска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрадоначалничката Стаменкоска Трајкоска ги пречека шампионите од ФК “КУЛ”Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес оствари средба со фудбалерите и претставниците на Фудбалскиот клуб ”КУЛ”, по повод нивните одлични спортски резултати остварени во изминатата натпреварувачка сезона. Повод за средбата беше двојниот успех на клубот - шампионската титула во младинската категорија и пласманот на сениорската екипа во Третата фудбалска лига. Фудбалскиот клуб КУЛ ја одбележа сезоната со исклучителен успех на својата генерација 2010. Тимот на помладите пионери го освои првото место во Втората младинска лига. На средбата беше истакнато дека овој резултат претставува директна потврда за квалитетот, дисциплината и континуираната работа со младите категории кои се негуваат во клубот. Покрај успехот на младинците, ФК КУЛ ја заокружи сезоната со уште еден значаен шампионски трофеј. Сениорскиот тим на клубот го освои првото место во својата лига, со што и официјално обезбеди пласман за натпреварување во третата лига од следната сезона. Упатувајќи искрени честитки до сите играчи и тренери за остварените успеси, градоначалничката Стаменкоска Трајкоска потенцираше дека Општина Кисела Вода секогаш ќе биде искрен поддржувач на спортските таленти. -Овој клуб е вистински пример за успешен развој на млади таленти кои со своите игри го потврдуваат квалитетот на македонскиот младински фудбал. Постигнатите резултати верувам дека се само почеток на нови спортски предизвици и уште поголеми достигнувања во иднина. Општина Кисела Вода секогаш стои зад вистинските спортски вредности и тука сме за да ги мотивираме младите да се насочат кон спортот и континуирано да напредуваат- порача градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.Тагови: Стаменкоска Трајкоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook