И Грција почна со ископ на бакар и злато - проектот „Скуриес“ како модел за еколошки одговорна иднина
2И Грција почна со ископ на бакар и злато - проектот „Скуриес“ како модел за еколошки одговорна иднина
3Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви
СкијањеИсчезна најуспешната шпанска скијачка Поранешната шпанска скијачка и освојувачка на Олимписки медал , Бланка Фернандез Очоа е исчезната и полицијата трага по неа.Фернандез Очоа исчезнала пред повеќе од една недела , соопштува полицијата. Последен пат била видена на 23 . август додека вози црн Мерцедес во предградие на Мадрид. Полицијата побарала информации од граѓаните , на барање на семејството на поранешната скијачка. Таа ја напуштила куќата без телефон , а од тогаш не користела платежни картички. До сега не е најдена никаква трага. Очоа е првата Шпанка , освојувачка на Олимписки медал , кога во 1992 го освои бронзениот медал на ЗОИ во Албервил. Во периодот меѓу 1980 и 1992 учествувала на четири Олимпијади.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваГеоргина му се пожали на Роналдо дека ја нарекуваат дебела – неговиот одговор ја воодушевил!Свршеницата на најплатениот свтески фудбалер, Кристијано Роналдо, бујната Георгина Родригез се огласи на социјалните мрежи по повод тема што и сосздавала непријатности. Имено, луѓето сè почесто ѝ пишуваа на социјалните мрежи дека се здебелила и упатуваа негативни коментари за нејзиното тело. Таа објави порака на Инстаграм во која напиша како ги споделила своите размислувања со својот свршеник Кристијано Роналдо. - Моето тело ќе се менува, како што се менува телото на секоја жена. И се надевам дека ќе продолжи да се менува уште многу години, бидејќи тоа ќе значи дека сè уште живеам. Јас сум мајка на шест прекрасни деца, од кои три се девојчиња што еден ден ќе станат големи жени. И ако постои една работа што сакам да ги научам заедно со Крис – на кого сум длабоко горда поради вредностите што ги пренесува како татко и како маж – тоа е дека вредноста на еден човек никогаш не може да зависи од неговиот физички изглед или од мислењата на непознати луѓе. Таа мала доза на позитивна психологија што се обидувам да им ја пренесам секој ден, ми помага и мене да продолжам да го наоѓам својот пат во овој свет полн со фантазија. Деновиве видов секакви коментари за некои од моите фотографии на бродот. Некои го коментираат моето тело, други ме бранат... Разговарав за тоа со Крис и му реков: „Загрижена сум што сега ме нарекуваат дебела, бидејќи живеам од својот изглед“. Георгина напиша и откри што ѝ одговорил Роналдо: - А тој ми одговори: Не живееш од својот изглед. Живееш од она што си. Совршена жена. Убава, со убаво тело, мајка, добра личност, успешна и некој што го живее животот со љубов. Што повеќе сакаш? Нормално е да ти завидуваат – напиша Георгина. Таа упати порака до сите жени да ги сакаат своите облини и да ги игнорираат негативните коментари: - Ги сакам моите облини. Ја сакам слободата да живеам во тело по сопствен избор. Во телото што ме носи, што ми овозможило да прегрнувам, да создавам живот, да паѓам и повторно да станувам. Тело што заслужува почит, љубов и благодарност во сите свои изданија. За мене, вистинскиот успех никогаш не се состоел во вклопување во стандард за кој никој не знае кој го измислил. Вистинскиот успех е да се живее во мир. Да се биде опкружен со луѓе што ги сакам. Да се ужива со семејството и пријателите. Да се води грижа за здравјето. Да се смее. Да се учи. Да се живее – заклучи таа.Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаСопственикот на Кожувчанка, Јанчев ја демантира СДСМ за водата набавена од Владата за ГостиварКако општествено одговорна компанија која донирала во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Украина преку 88 мил денари, со индигнација ги отфрламе безочните манипулации на опозициската СДСМ. - По обвинувањата од СДСМ дека владата без јавен оглас и тендер склучила договор за набавка на вода за пиење за Гостивар со Кожувчанка, како сопственик на Кожувчанка можам да кажам дека по јавниот оглас кој што го имаше Владата, односно општата служба за заеднички работи и по мои насоки, Кожувчанка конкурираше на огласот и го доби самиот оглас во вредност од 6 милиони денари со цена на чинење на вода од 12,5 денари за 1,5 литри шише односено до Гостивар со вклучен ДДВ. Сакам да кажам дека моите насоки до управителот беа редовната цена која што ја имаме од 25 денари за шише од 1,5 литри Изворска да биде со 50 проценти намалена, односно да биде намалена на 12,5 денари, со тоа што и самата компанија Кожувчанка партиципира во цената, истакна Јанчев. Со демант се јави и Компанијата Кожувчанка, соопштението го пренесуваме во целост. Како општествено одговорна компанија на која здравјето и квалитетот на животот на нашите сограѓани од цела Македонија ни се приоритет пред профитот, со индигнација ги отфрламе безочните манипулации на опозициската СДСМ. Во име на вистината тврдиме дека учествувавме на јавниот повик на службите на Владата, за набавка на флаширана вода за потребите на Општина Гостивар, при што нашата компанија Кожувчанка од Кавадарци се пријави со понуда од 12,5 денари по шише, цена која е значително пониска од редовната продажна цена на производот која изнесува 25 денари. Разликата помеѓу редовната продажна цена и понудената цена за оваа набавка компанијата целосно ја презема на свој товар, како наш гест на општествена одговорност, солидарност и филантропија. Кожувчанка гарантира дека предметната количина на вода ќе биде бесплатно транспортирана до Општината Гостивар, а се’ со единствена цел навремено да им се помогне на граѓаните во услови кога тоа е им најпотребно. Уверени сме дека во вакви околности, најголемата корпоративна вредност не смее да биде профитот, туку солидарноста и поддршката на заедницата. Како домашна компанија, Кожувчанка и понатаму ќе остане посветена на својата општествена улога и ќе продолжи да помага таму каде што помошта е најнеопходна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИ Грција почна со ископ на бакар и злато - проектот „Скуриес“ како модел за еколошки одговорна иднинаВо 2023 год. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) инвестираше над 56 милион евра во компанијата Eldorado Gold, финансирајќи го развојот на проектот „Скуриес“ во северна Грција. Ние се уште спиеме. Длабоко сон.Инвестицијата од реномирана институција како ЕБОР, која има строги критериуми за заштита на животната средина и одржливост, јасно покажува дека отворањето на нови рудници денес се темели на одговорен пристап. Проектот „Скуриес“ каде ископот веќе се одвива, се очекува наскоро да почне и со преработка со што ќе стане главен „играч“ на ЕУ за обезбедување бакар и злато — ресурси кои се од суштинско значење за глобалната економија и, што е уште поважно, за зелената транзиција. Бакарот е клучен метал за развојот на обновливите извори на енергија и електричните возила, со што директно придонесува кон намалување на глобалните емисии на јаглерод. Овој проект е доказ дека балансот помеѓу економскиот развој и зачувувањето на природата е возможен. Преку ригорозни проценки на влијанието врз животната средина (EIA) и континуирана соработка со локалните заедници, современите рударски проекти интегрираат напредни технологии кои го минимизираат еколошкиот отпечаток, ја штитат водата и почвата, и обезбедуваат целосна рекултивација на земјиштето по завршувањето на експлоатацијата. Проектот „Скуриес“ нè потсетува дека со вистинските партнери, транспарентност и цврста посветеност кон животната средина, рударството станува моќен сојузник во градењето на зелена и просперитетна иднина за сите нас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook