Продолжуваат градежните активности за изградба на нова училишна зграда при ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден
2Продолжуваат градежните активности за изградба на нова училишна зграда при ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден
3ЛДП: Капитулација пред БОГОВИТЕ НА БЕЗАКОНИЕТО: коалиционите партнери делат навреди и се снимаат дури возат, државата молчи!
Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
1Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
СветИсак Херцог положи заклетва како нов претседател на Израел Поранешниот лидер на лабуристите, Исак Херцог денеска положи заклетва за претседател на Израел.Тој вети дека ќе ја искористи оваа главно церемонијална улога за да се обиде да ги излечи длабоките поделби во израелското општество, објави Ројтерс. На церемонијата во израелскиот парламент, Кнесетот, Херцог го прегрна претседателот во заминување Реувен Ривлин пред да даде заклетва, проследено со аплауз од пратениците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканНајмалку 11 загинати и 50 повредени во верижни судири на автопат во БугаријаКатастрофални последици од двете верижни сообраќајки на автопатот „Тракија“ во Бугарија што рано утринава се случија кај местото Зимница во југоисточниот дел на Бугарија. Вкупно 86 возила учествувале во судирите, а билансот е 11 загинати и 50 повредени лица. Увидот и истрагата на местото, допрва треба да ги утврдат причините за несреќата, но една од причини за трагедијата која се посочува е густата магла, поради која видливоста на автопатот во одреден момент се намалила на само десет метри. Деталите од трагедијата ги соопштија претставници на бугарското МВР на брифинг на местото на несреќата. Според нив, во правец кон Бургас учествувале 63 возила, додека во спротивната насока се судриле 23 возила. -Вкупно во верижната сообраќајна несреќа во двете сообраќајни ленти учествувале 86 возила – од кои 63 на коловозната лента во правец кон Бургас и 23 во насока кон Софија. Утврдени се вкупно 50 повредени лица, кои се распределени во три области – 28 во Сливен, 16 во Јамбол и 6 во Бургас. Утврдени се 10 загинати лица на самото место, а едно лице починало подоцна во болничка установа на територијата на Сливен,- изјави – Љубомир Николов – В.д главен секретар на МВР. Страшни сцени, искршени автомобили и камиони, повредени луѓе заробени во возилата. Вака очевидците ја опишуваат драмата на автопатот. Според нивните сведоштва, густата магла дополнително ја отежнувала видливоста, а возачите во последен момент ги забележувале возилата пред себе. Судирите се случувале еден по друг, без можност дел од учесниците во сообраќајот навреме да реагираат. -Глетката беше ужасна. Помогнав колку можев, качивме неколку луѓе во амбулантните возила. Ја видов густата магла, јас возев доста бавно, успеав да запрам на време и го избегнав автобусот. Според мене возеа доста бргу. Ако јас возев со 60 км/час тие ме претекнуваа. -Самиот ужас беше во автобусот внатре затоа што паѓаше од горе од прозорците, сите се скршија, паќаше стакло. Ние бевме еден преку друг, кој паднал кој се удрил, кој приклешетен и не може да излезе. И кога излеговме надвор почнавме да се оддалеќуваме од автобусот да не се запали. -Не удри и не исфрли кон банкината, ја закачивме и таа кола и додека сите излеговме за неколку секунди сите коли се удрија во нас. Во тек е акцијата „Спасување“ а во меѓувреме, автопатот „Тракија“ е затворен за сообраќај во двата правци и е пренасочен по обиколните патишта. Веста за трагедијата бугарскиот премиер Румен Радев го затекна за време на средбата со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен. Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите и најави ангажирање дополнителни ресурси за транспорт на повредените. -Веднаш по слетувањето наредив министерот Демерџиев да замине со владиниот авион за Бургас, за да може да ги транспортира повредените до болниците во Софија. Резултатот во моментов е 11 загинати и 48 ранети. Остануваме целосно подготвени за евакуација на ранети од Сливен, Јамбол и Бургас во болницата во Софија,- изјави – Румен Радев. Во тек е акцијата „Спасување“ а во меѓувреме, автопатот „Тракија“ е затворен за сообраќај во двата правци и е пренасочен по обиколните патишта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжуваат градежните активности за изградба на нова училишна зграда при ООУ „Гоце Делчев“ во општина ИлинденГрадоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во текот на градежните активности за изградба на новата училишна зграда во рамки на ООУ „Гоце Делчев“ во населба Илинден.Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во текот на градежните активности за изградба на новата училишна зграда во рамки на ООУ „Гоце Делчев“ во населба Илинден, каде интензивно се работи на реализација на овој значаен капитален проект. Градежните активности се одвиваат согласно предвидената динамика, при што целосно се завршени фасадните и лимарските работи, додека во тек се молерофарбарските работи, изведбата на водоводната и канализациската инсталација, како и работите поврзани со ПВЦ столаријата. Со реализацијата на овој проект ќе се создадат современи и функционални услови за одвивање на наставата, а повеќе од 1.000 ученици ќе добијат можност да ја следат наставата во една смена, со што значително ќе се унапреди организацијата и квалитетот на образовниот процес. Новиот училишен објект ќе се простира на површина од над 900 м², на два ката, и ќе располага со 10 училници, шест санитарни јазли, од кои два приспособени за лица со попреченост, лифт, наставничка канцеларија и две помошни простории. При увидот, градоначалникот Георгиевски истакна дека вложувањата во образовната инфраструктура остануваат еден од главните приоритети на локалната самоуправа, со континуирани инвестиции во подобрување на условите во сите основни училишта на територијата на општината. Изградбата на новата училишна зграда се реализира во соработка со Владата и Министерството за образование и наука и претставува значаен придонес кон создавањето современ, квалитетен и инклузивен образовен систем во Општина Илинден.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалДе Брујне во зимскиот преоден рок би можел да го напушти НаполиКапитенот на Белгија, Кевин де Брујне би можел да го напушти Наполи за време на зимскиот преоден рок.Наводно, неговиот однос со некои од соиграчите значително се влошил, а италијанските медиуми пишуваат дека раководството на клубот размислува за разделба со белгискиот играч за врска. Де Брујне пристигна во Наполи од Манчестер Сити како големо засилување, но неговиот статус со текот на времето се промени. Според италијанските медиуми, во соблекувалната владее тензична атмосфера, а Белгиецот влегол во конфликти со неколку фудбалери. Инцидентот со Лоренцо Лука за време на натпреварот од Лигата на шампионите против Порто особено се издвојува, но, како што се наведува, тоа не било единственото недоразбирање. Наводно, Де Брујне не е во добри односи ниту со напаѓачот Расмус Хојлунд, ниту со капитенот Џовани ди Лоренцо. Наполи бележи слаби резултати оваа сезона, поради што во клубот би можело да дојде до промени. Една од нив би можела да биде заминувањето на белгискиот фудбалер, иако неговиот договор трае до крајот на тековната сезона.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook