Гостиварски Комуналец се уште се „оглушува“ на повиците да го објави извештајот за квалитетот на водата
2Гостиварски Комуналец се уште се „оглушува“ на повиците да го објави извештајот за квалитетот на водата
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
1Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
ТехнологијаИрска го испитува Гугл поради обработката на податоци Ирскиот регулатор денес објави дека започнале истрага за обработка на податоците за локација на Google за корисниците на популарни услуги за пребарувачот.„Целта на истрагата е да се утврди дали Гугл има валидна правна основа за обработка на податоците за локацијата на корисниците и дали ги исполнува своите обврски за транспарентност како контролор на податоците“, се вели во соопштението на Комесарот за заштита на податоците (ДПЦ). Според европските регулативи, ирскиот регулатор е одговорен за голем број големи американски технолошки компании кои ја избраа Ирска за свој европски деловен штаб. Во случај на прекршување на регулативата, регулаторот може да изрече казна до четири проценти од глобалните приходи или 20 милиони евра, што може да биде и поголема. ДТЦ соопшти дека „примила голем број поплаки од повеќе организации за потрошувачи низ ЕУ, во кои се изразува загриженост за обработката на податоците за локацијата на Google“. Во мај, регулаторот ја започна својата прва истрага за обработка на податоците на корисниците на Google за рекламни цели. Тој во моментов спроведува повеќе од 20 големи истраги во мултинационални технолошки компании, вклучувајќи ги Твитер, Линдкин, Епл и Фејсбук.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЧетири активни пожари – прилепско Чаниште е безбедно, огнот се движи кон мариовскоНеуморната борба со најголемиот пожар на отворен простор продолжува и попладнево, сувата трева гори со брзина на барут кон прилепското село Крушевица.Веднаш по изгревање на сонцето, пожарникарите добија помош и од воздух, полетаа ер – тракторите, полицискиот хеликоптер по неколку клучни маневри со вода од монтажниот базен е повлечен за да не дојде до распламтување на огнот од перките. Драматичната битка за спас на селото почна уште синоќа, и трае во текот на целата ноќќ... Атмосфера – ноќно гаснење За среќа, опасност по населените места нема, уверува директорот на ДЗС – Стојанче Ангелов. Во опожарената област има и три манастири кои се целосно обезбедени со контролиран оган и заштитни појаси. -Значи ветрот кој еве сега дува, погледнете не принудува да се повлекуваме, за неколку секунди се се смени, од една релативно мирна атмосфера во овој брз наплив на оган, ќе мора да дејствуваме странично. Еден голем апел до граѓаните, една голема молба, ве молам внимавајте, доволна е искра за ваква кататстрофа. Ова е најголем пожар ова лето на отворен простор,-Стојанче Ангелов – Директор на ДЗС. Пожарот во прилепското С. Чаниште кој им зададе сериозна мака на пожарникарите, и во кој изгореа неколку стари и напуштени куќи е под контрола, како и оној кај тетовско Јегуновце. Поинтензивен останува кај Студеничани, а по неколку дена, се уште создава проблеми пожарот кај Македонски Брод. -Активен е и пожарот кај Студеничани, високо во планината, повеќе чади, отколку што гори, исто така поголема површина, и останува уште еден активен пожар, тоа е пожарот кај Македонски брод, кој што е прилично под совладан. Стојанче Ангелов – Директор на ДЗС. Сите лица на терен кои учествуваат во гаснењето се во добра здравствена состојба, а единствениот регистриран инцидент од претходниот ден е повреден работник кој управувал со багер, но и тој е во добра состојба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГостиварски Комуналец се уште се „оглушува“ на повиците да го објави извештајот за квалитетот на водатаОфицијалниот извештај за квалитетот на водата во Гостивар и натаму не се објавува - „Канал 5“ и денеска побара одговор од ЈП „Комуналец“ Гостивар – кога и дали ќе биде објавен официјалниот извештај за квалитетот на водата од градскиот водовод.Официјалниот извештај за квалитетот на водата во Гостивар и натаму не се објавува - „Канал 5“ и денеска побара одговор од ЈП „Комуналец“ Гостивар – кога и дали ќе биде објавен официјалниот извештај за квалитетот на водата од градскиот водовод, но до овој момент одговор на нашето прашање не добивме. По објавувањето на одлуката дека водата во гостиварско по повеќе од еден месец е безбенда за пиење, министерот за здравство Сашо Клековски и денеска, откако на прес-конференција ги објави последните мерења кои ги направиле центрите за јавно здравје, појаснуваќи дека тие институции се под надлежност на неговото министерство, ги повика и останатите инволвирани да ги објават своите податоци. „Ова врз основа на што е донесено. 3 лаборатории работеа ова е само тоа што е работено од ЦЈЗ во рамки на програмата за јавно здравје и други две лаборатории правеа паралелни извшетаи...“ Сашо Клековски – министер за здравство. Инаку иако беше најавено за утре, Клековски вели епидемиолошкиот извештај ќе биде објавен за неколку дена. Во Гостивар и натаму има епидемија, само во текот на вчерашниот ден на преглед поради гастроентеритис се јавиле 50 тина пациенти, но според здравствените власти овие заболувања во текот на летните месеци се многу чести, па оттука велат се прават анкети за да се утврди дали и натаму на сила ќе остане одлуката за епидемија во гостиварско... Во меѓувреме здравство издаде и препораки до ЈП Комуналец Гостивар, меѓу кои е наведено континуирано следење на количината на хлор од извориштетот до крајние потрошувачи... Партиите и денеска со меѓусебни прозивски кој и кога треба да го објави извештајот за квалитетот на водата... Инаку Обвинителството истражува како дошло до загадувањето. Истражна постапка е отворена против в.д. директорката на ЈП „Комуналец“ Гостивар, Артана Асани, како и против техничкиот раководител на Секторот за технички работи и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи. По истекот на првичните 30 дена, ОЈО Гостивар ќе бара продолжување на мерката притвор за осомничените. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
МакедонијаПтица – комарец – човек – како западно нилската треска доби епидемиски размери? Птиците одсекогаш биле резервоар за болеста нилска треска, од која и заболуваат. Посебно од нилска треска се подложни грабливите птици, најчесто чавка и гаврани, објаснува специјалист по птици Методија Велевски од Македонското еколошко друштво. Она што посебно е важно е да се знае дека вирусот не минува од заразена птица на човек туку само посредник е комарцот. „Потребни се комарци, за да практично преку крвта на овие болни птици го пренесат вирусот понатаму. Причина е повеќе опстојувањето на комарците во оние застојани води каде што се размоножуваат во голем број и веќе се чуствуваат последиците од климатските промени. Порано се размножуваат тигристите комарци и поуспешно ги поминуваат зимите и остануваат во летото каде се во контакт со луѓето“, објаснува за Канал 5, Методија Велевски оринтолог македонско еколошко друштво. Велевски ги истражува птиците нивниот живот но и преселби во преспанскиот регион. Тој вели дека климатските промени не се иднина, тоа реалниот живот и причина за дел од птиците преселници кои се хранат со комарци остануваат на јужната хемисфера заради климатските промени и можно е во иднина комарците да се ги има во поголем број. Прскањето е можеби едно решение, но поважно е да се делува на места со застојана вода и чистење на каналите на време и едукација за заштита од комарци кај граѓаните. „Некои птици посебно се тука ластовичките и пиштарките се природни регулатори на бројноста на комораците. Меѓутоа и многу други организми посебно виленските кончиња се одлични ловци на комарци и тие прскања се меч со две острици“, вели Велевски. Од АХВ објаснуваат дека имаат стотини пријави за умрени птици од граѓани и апелираат да не се прави паника. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter