Ирина Шајк стана мајка, но не го открива полот на бебето?!

Џет сет двојката, манекенката Ирина Шајк и актерот Бредли Купер го доби своето прво дете.

Популарната манекенка се породила дури пред две недели , но познатиот пар сеуште не открива дали нивото прво дете е машко или женско , ниту пак кое е името за новиот член на семејството.
Porodila se Irina Šajk, ne želi da otkrije pol djeteta


Ирена и Бредли според планот годинава во август се очекува да стапат во брак, поради тоа што убавата манекенка сака да има доволно време да ја врати својата става по породувањето.

Инаку актерот и манекенката се во врска веќе две години, Ирина иако бремена беше една од главните манекенки на ревијата на „Викторија сикрет“, по што се повлече од медиумите.

Стручњаците за врски откриваат три клучни чекори за пронаоѓањето сродна душа

 Љубов после 50-тата година...

Кога станува збор за романтичните врски, психолозите истакнуваат дека трпението е една од важните ставки.

По неколку неуспешни врски и познанства, многумина дури и во своите 20-ти или 30-ти години помислуваат да се откажат од потрагата по сродна душа, бидејќи, како што велат, доживеале премногу разочарувања. Иако многумина се исплашени од помислата да започнат одново нова романса, психолозите тврдат дека никогаш не е доцна, па дури и дека некои од нив љубовта на својот живот ја пронашле после петтата деценија.

Стручњаците за врски, наместо тоа, советуваат да прифатите дека новата врска е на повидок. Тие за сите што се во средни години откриваат како да ја пронајдат својата љубов после 50-тата година.

Прифатете го самооткривањето

Средните години и животот после педесеттата е период кога сите имаат некое животно искуство, кои може да им послужи како моќно оружје во пронаоѓањето нова љубов, наведува „Psychology Today“. Не гледајте на вашата возраст како ограничување, туку гледајте на тоа како предност и позиција која ви овозможува појасно разбирање на вашите желби, вредности и приоритети.

Психологот Џефри Бернштајн објаснува како имал клиентка која се развела на 55-годишна возраст. Секогаш приоритет давала на кариерата и децата, и дека конечно решила да се поврзе со себеси. Се посветила на своето хоби кое долго време го запоставувала, се справувала со траумите од минатото и размислувала за лекциите што ги научила од претходните врски.

Преку процесот на самооткривање, таа стекнала чувство на самодоверба, што на крајот го отворило патот кон поисполнет однос со нејзиниот партнер, кој ја ценел таква каква што е.

Негувајте автентични врски

Младешката љубов вирее на импулсивна страст, додека зрелата љубов бара компатибилност, споделување заеднички вредности и меѓусебно почитување. Ова бара подготвеност да бидете ранливи и отворени во новата врска, дури и по цена да излезете од вашата комфорна зона.

Друг клиент, 62-годишен вдовец, како што објаснува психологот, се помирил со осаменоста по смртта на својата партнерка. Меѓутоа, по година и пол психологот го охрабрил да се отвори за запознавање партнерка онлајн.

На овој начин, тој изградил вистински врски со потенцијални партнерки, вклучувајќи се во разговори и споделувајќи ја својата страст и ранливост. Ваквата неговата автентичност одекнала кај Сузан, која била разведена и минувала низ слични компликации при забавувањето. Нивната врска подоцна се развила и била исполнета со разбирање и дружење, што довела до исполнет однос изграден на доверба и искреност.

Бидете трпеливи

Иако потрагата по љубов во вашите 50-ти може да изгледа како трка со времето, влегувањето во врска од очај може да доведе само до поголемо разочарување. Прифаќањето на моќта на трпението им овозможува на повеќето да веруваат во својот „тајминг“ - дека вистинската личност ќе се појави во вистинско време.

Психологот го навел примерот на еден од неговите клиенти кој се развел на 56-годишна возраст. Неуспешно барал љубов и бил исфрустриран од недостатокот на успех. Потоа решил да се повлече и да се посвети на негувањето пријателства и обновувањето на својата страст. Стекнал внатрешен мир, а новата љубов дошла кога најмалку очекувал - на локален час по уметност. Таму ја запознал својата сегашна партнерка, со која развил длабока врска.

Совршен трик за сместување на долгите зимски јакни во плакарот (видео)

Нема да се туткаат, а се отвора и повеќе простор 

Долгите зимски јакни честопати создаваат неред во плакарите.

Зимата конечно заврши и деновите стануваат сè потопли. Многумина веќе ги одложија долгите зимски јакни и палта кои повеќе нема да им требаат. Меѓутоа, проблемот е што оваа зимска облека е гломазна, тешка и обично зафаќа многу простор во плакарот.

Сепак, како што сподели една „инфлуенсерка“, постои трик за тоа како да ги наредите гломазните дебели јакни да не прават неред во плакарот, а сепак да се сочуваат на најдобар начин до следната зимска сезона. Во видеото на Инстаграм на страницата nest_in_order, кое се занимава со уредување на домот и едноставни трикови, откриен е метод како да сместите долга јакна во плакарот.

Потребно е само да ја закопчате јакната, да ги прекрстите ракавите на задната страна и да го свиткате долниот дел со горниот дел, односно да го повлечете нагоре, и со помош на патентот да ја закачите за закачалката. На овој начин јакната ќе се „скрати“, но ќе се здипли без да се тутка и да зафаќа дополнителен простор во плакарот.

Многу дами ѝ се заблагодарија на „инфлуенсерката“ за споделениот трик, велејќи ѝ дека им го олеснила животот и дека не треба да се грижат за тоа како да ги наредат нивните јакни.

- Изгледа одлично.

- Јасно и толку едноставно.

- Само ако јакните имаат двоен патент.

– Сега се чувствувам толку глупаво – беа дел од коментарите.

Многумина се согласија дека овој трик им помогнал подобро да го организираат сопствениот плакар, особено ако имаат повеќе вакви јакни. Како што предупредија корисниците на социјалните мрежи, овој трик е совршен за долги јакни со пердуви, но не и за капути кои се направени од штоф. Таквите капути најдобро е да ги оставите да висат, инаку штофот може да се превитка и ќе имате проблем кога ќе го облечете вашиот омилен капут повторно кога ќе дојде време за него.

Чола „тежи“ 25 милиони евра, a носи часовник вреден 2.000 евра

Според познатиот американски сајт „Celebritynetworth“, Здравко Чолиќ е еден од најбогатите пејачи на Балканот. Според податоците од 2021 година, неговото богатство се проценува на 25 милиони евра.

Иако има толку милиони, Чола отсекогаш бил скромен, а сега тоа го докажа уште еднаш - со изборот на својот часовник. Така, пејачот на зглобот носи часовник вреден „само“ 2.000 евра . Како што стои на Инстаграм профилот „Sat na ruci“, се работи за часовник од брендот „TAG Heuer Carrera“ со челично куќиште и функција хронограф.

Здравко отсекогаш нагласувал дека финансиите отсекогаш му биле слаба страна, иако по професија е економист.

- Човекот не може да го смени темпераментот, не мислам на начинот на трошење и начинот на живеење, но тоа ми беше малку претерано и така е и денес - изјави тогаш Здравко.

Тој откри на што најмногу ги трошел хонорарите.

- Никогаш не сме имале толку високи хонорари. Патувањето и гардеробата беа фетиш во седумдесеттите и осумдесеттите. Никогаш немав големи материјални желби. Моето беше да одам некаде, на море или да направам некоја забава и да потрошам таму, но никогаш немав желба да купам часовник. Не страдав од тоа – скромно вели пејчачот.

Извор: Аваз

притисни ентер