Ирина Шајк рекламира сандали во топлес, стотици илјади лајкови за неколку часа (ФОТО) - Канал 5

Ирина Шајк рекламира сандали во топлес, стотици илјади лајкови за неколку часа (ФОТО)

Ирина Шајк (35) позира топлес и повторно докажа зошто ја нарекуваат најсексапилната жена на светот.

Ирина Шајк рекламира сандали во топлес, стотици илјади лајкови за неколку часа  (ФОТО)

Атрактивната Русинка на Инстаграм објави фотографија од своето ново модно снимање за брендот за луксузни чевли Џими Чу.

А, чевлите навистина дојдоа до израз затоа што Ирина ги рекламира - гола.

Таа позира скоро гола на плажа само во ситна жолта танга и сандали со високи потпетици и со рацете ги покрива голите гради. Фотографијата собра стотици илјади лајкови за неколку часа, а обожавателите во коментарите и рекоа дека и нема рамна.

Инаку, неодамна беше откриено дека Шајк го бакнува раперот Канје Вест (44) со кого била снимена на романтичен одмор во Франција. Манекенката се најде среде бракоразводната парница меѓу Канје и ријалити sвездата Ким Кардашијан (40), покрената во февруари по седум години брак. Јавноста беше изненадена што музичарот бил со Ирина затоа што тој наводно бил шокиран од барањето на Ким за развод и долго време се однесувал грубо кон неа и и ја отежнувал целата ситуација.

Пред Вест, Ирина била во врска со фудбалерот Кристијано Роналдо (36), а го сакаше и холивудскиот актер Бредли Купер (46) со кого ја има ќерката Лео Де Сеина. Манекенката раскина со Купер во јуни 2019 година кога се шушкаше дека тој се бакнува со пејачката Лејди Гага, со која го сними филмот „Sвездата е родена“. Ирина и Канје се познаваат околу десет години. Една од најпопуларните манекенки на денешницата, во 2010 година играше ангел во спотот на Канје за песната „ Power “.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти

Општина Центар спроведува редовна есенска дератизација на целата територија на локалната самоуправа, со која се опфатени околу 2 000 шахти.

Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти

Дератизацијата се спроведува со цел сузбивање на штетните глодари и спречување на ширење заразни болести, како дел од континуираните мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

„Ова е редовна дератизација што ја спроведуваме на целото подрачје на општината. Пред неколку недели реализиравме и вонредна дератизација за сузбивање на глодарите и спречување на потенцијални извори на зарази“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Препаратот што се користи е сертифициран и одобрен од Министерството за здравство, а наменет е за контрола на штетниците, без да претставува ризик за другите животински видови. Системската дератизацијата е дел од редовнитепревентивни активности за одржување на хигиената и заштита на јавното здравје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасено мече фатено во стапица на планината Јакупица

На планината Јакупица во велешко спасено е мече фатено во нелегално поставена стапица. 

Спасено мече фатено во стапица  на планината Јакупица

Животното го пронашле ловџии од Ловечкото друштво „Руен“ од Велес.

Тие слушнале силно рикање и го забележале мечето заробено во сајла.

Во близина била и неговата мајка, која го набљудувала настанот. Во акцијата учествувале инспектори, ловџии, еколози, полицајци и ветеринар.

Мечето било пронајдено на локалитетот Чеплес, во близина на рибник Нежилово.

Ветеринар од Скопската зоолошка градина го успал животното за да го прегледа.Стапицата била отстранета, а мечето немало видливи повреди.станува збор за мажјак стар околу три години и тежок 70 килограми.По прегледот, мечето било пуштено назад во природата.за случајот бил известен јавен обвинител од велес.Полицијата ја запленила стапицата за вештачење и поведување кривична постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите

Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата  за лечење на пациентите за наредните две години.

Заболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите

Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години ова беше истакнато на прес-конференција и едукативен симпозиум „Мисли на ретки: препознај и упати“ на здружението на граѓани за ретки болести „живот со предизвици“ Битола, националната алијанса за ретки болести на македонија и здружението на лекари по општа,семејна медицина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер