Ирина Шајк и Бредли Купер со фотографија ја официјализираа врската (фото) - Канал 5

Ирина Шајк и Бредли Купер со фотографија ја официјализираа врската (фото)

Во време на социјалните мрежи а особено Инстаграм, слободно можеме да кажеме дека ако не постои фотографија како да не се случило ништо.

Ирина Шајк и Бредли Купер со фотографија ја официјализираа врската (фото)
Тоа го знаат и Ирина Шајк и нејзиното момче Бредли Купер па затоа конечно решија да ја официјализираат својата врска и тоа ни помалку ни повеќе туку на крајно оригинален начин.

Имено, познатата манекенка на својот Инстаграм профил објави фотографија со Бредли и неа како уживаат во базен, а фотографијата сигурно нема да ве остави рамнодушни.

Еве видете како се прави тоа. Иако лицата на познатиот пар не се гледаат на сите им е јасно. А и некој ќе рече, „што ви е гајле за лицата“ кога Ирина покажала нешто многу важно, а тоа се нејзините облини и неговото совршено тело.

Погледнете!


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен тајфун се приближува кон Тајван- откажани се над 1.000 летови (ВИДЕО)

Тајфунот Чампи се приближува кон Тајван, каде што секојдневниот живот е речиси целосно запрен поради силната бура. 

Силен тајфун се приближува кон Тајван- откажани се над 1.000 летови (ВИДЕО)

Иако бурата ослабе, метеоролозите предупредуваат на екстремно силни ветрови и обилни дождови. Едно лице веќе почина, 94 се повредени, а речиси илјада летови се откажани, пишува Ројтерс.

Чампи во еден момент достигна сила на супертајфун и беше една од најсилните бури во Пацификот оваа година. Според податоците од Тајванската метеоролошка администрација (CWA), ветровите во неговиот центар достигнаа брзина до 191 километар на час.

Ветрови посилни од 150 километри на час

Метеоролозите предвидуваат дека тајфунот ќе помине веднаш покрај североисточниот брег на Тајван, потоа ќе се сврти кон кинескиот брег и ќе продолжи кон јужна Јапонија. На жителите на крајбрежните градови им се издадени предупредувања поради можни налети на ветер од над 150 километри на час. Тие беа повикани веднаш да побараат засолниште.

Бурата има радиус од околу 320 километри, што значи дека може да влијае на поголемиот дел од Тајван. Метеоролозите предупредуваат дека бурата може да трае два дена. Според досегашните податоци, едно лице загина во бурата, а 94 се повредени. Тајванските власти евакуираа речиси 1.300 луѓе од планинските подрачја поради опасноста што ја донесоа силните ветрови и обилните дождови.

Откажани се речиси илјада летови

Бурата сериозно го наруши воздушниот сообраќај. Министерството за транспорт на Тајван објави дека за петок се откажани сите 262 домашни летови и уште 717 меѓународни летови, или вкупно 979 летови. Тајван е вообичаено добро подготвен за тајфуни, поради што бројот на жртви во вакви бури е генерално мал, според Ројтерс. Иако тајфуните во областа се најчести во текот на летото, тие можат да го погодат островот и во есенските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Леќата на Маја

Во петок (16.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Маја Дукова

„Гответе со Дракче“ - Леќата на Маја

Состојки за денешниот рецепт:

1 чаша црвена леќа

4 моркови

1 пиперка

1 домат (или 3 - 4 лажици доматен сос)

1 главица кромид

2 - 3 чешниња лук

мало парче свеж ѓумбир

1 коцка за супа

1 конзерва кокосово млеко

1 лажица масло

сол, бибер, кари и др. зачини по избор

малку магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши со честитка по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба

По повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба, упатувам искрени честитки до сите граѓани на Македонија.

Гаши со честитка по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба

Овој значаен датум нè потсетува на истрајноста, храброста и стремежот на генерациите пред нас за слобода, достоинство и сопствена државност. Нивната борба и пожртвуваност се дел од историската основа врз која денес ја градиме нашата заедничка иднина.

Одбележувањето на 23 Октомври е можност со почит да се потсетиме на минатото, но и да ја потврдиме нашата заедничка одговорност да градиме демократско, стабилно и просперитетно општество, засновано на меѓусебно почитување, единство и европски вредности.

Само обединети околу заедничките интереси и со почит кон различностите можеме да создадеме држава во која секој граѓанин ќе се чувствува еднакво, сигурно и почитувано.

Со почит,

АФРИМ ГАШИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер