Цветаноски: Македонија со највисока стапка на западнонилска треска во Европа– тотална неспособност на Клековски и Мицкоски
Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник
1Цветаноски: Македонија со највисока стапка на западнонилска треска во Европа– тотална неспособност на Клековски и Мицкоски
2Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник
3ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче фалејќи се со со тоа што нема пресуда за модуларните, признаваат дека нивните инсталации во правосудството се уште работат за нив
ЗабаваИрина е прогласена за најдобар модел за костими за капење на светот (ФОТО)Зад Ирина Шајк се неколку тешки недели по прекинот со Бредли Купер , но затоа доби признание за својот изглед.33- годишната манекенка Ирина Шајк е избрана за најдобар модел за костуми за капење и тоа пред Алесандра Амброзио и Емили Ратајковски. View this post on Instagram .. @falconeriofficial ❄️ A post shared by irinashayk (@irinashayk) on Jun 8, 2019 at 10:14am PDT Објавнео е дека Ирина заработува по 60 000 фунти од објава на Инстаграм , каде се појавува во костуми за капење од Луј Витон, или култниот бренд Хунза Г. View this post on Instagram A post shared by irinashayk (@irinashayk) on Apr 9, 2019 at 2:07am PDT Листата на чиј врв се искачи Ирина ја составија производителите на долна облека и на костуми за капење , па така таа стана Queens of Swimwear. Зад Ирина е Алесандра Амброзио . View this post on Instagram I'll find you in the morning sun ... 🎶☀️🇬🇷 A post shared by Alessandra Ambrosio (@alessandraambrosio) on Jun 18, 2019 at 4:53am PDT Бразилската убавица во просек добива по 150 илјади лајкови на објава , а на почетокот на годинава почна со свој бренд на костуми за капење ГАЛ Флорипа. View this post on Instagram You guys make me blush ☺️Thank you for all the bday wishes! I’m so truly grateful. A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on Jun 7, 2019 at 12:57pm PDT Емили Ратајковски со 23,3 милиони следбеници на Инстаграм е на трето место и добива по 2 милиони лајкови во просек на секоја објава. По првите три на листата се најдоа и убавиците Ешли Греам , Кендис Сванепел , Рози Хантингтон – Витли, Џасмин Тукс, Лаи Рибеиро, Нина Агдал и Лупе Фуентес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаЦветаноски: Македонија со највисока стапка на западнонилска треска во Европа– тотална неспособност на Клековски и МицкоскиДве здравствени кризи. Со водата во Гостивар, труењето на 5.000 луѓе и новата криза со епидемија од западно-нилската.Заедничко и за двете кризи е дека власта на Мицкоски задоцнето реагира. Нема капацитет да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира дури откако кризата ќе ескалира. И наместо работа и Мицкоски и Клековски си заминаа на екскурзија, на одмор, среде кризи. За Гостивар се уште никој нема објавено документ, го нема целиот извештај за водата. Нема кој одобрил, кој потпишал. Нема ниту одговорен, никој од власта не одговара за пропустите, заедоцнетите реакции на здравствените институции. Кризата со западно нилската треска исто така. Повторно задоцнети реакции, пропусти, нема одговорност. Дури и со прскање на комарци закаснија. Резултатот е Македонија е земја во Европа со најмногу случаи по глава на жител. Според податоците од Европскиот центар за спречување и контрола на болести (ECDC) стапка на инциденца (случаи по глава на жител) од западнонилска треска е највисока во Македонија. Досега има пет жртви. Во моментов се хоспитализирани 21 лице. Во критична состојба се наоѓаат уште четири лица. Меѓу хоспитализираните има и едно помладо лице на 25-годишна возраст. Речиси секојдневно се примаат нови болни. Справување со епидемија не е прскање против комарци и прес-конференција. Мора да има силен системски одговор со сет на мерки и активности. Тоа досега не го видовме. Власта не успева да се справи со кризата. Видовме тотален распад, институционален колапс и неспособност. Клековски ги затвора базените кои Мицкоски ги отвораше, пред некој ден изјави дека вазните на гробиштата се проблем за комарците. Граѓаните се прашуваат знае ли Клековски што зборува, знае ли што прави? Тотален распад, неспособност. СДСМ бара повторно: Формирање Национален оперативен штаб со јасна одговорност, Национална GIS карта на епидемијата и ризикот. Интензивен ентомолошки надзор, тестирање на комарци за западно-нилски вирус. Мапирање и уништување на местата за размножување, интегрирана контрола на векторите, јавен дневен извештај за состојбата и проценка на ризикот во цела држава. Доста беа импровизации, за здравјето на луѓето се работи. Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на Извршниот одборТагови: Симона Цветаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаЛишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетникВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, седум управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник, а еден освен без дозвола возел и под дејство на алкохол. Со брзина поголема од дозволената возел и еден странски државјанин. Тој е лишен на ГП Табановце бидејќи преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека управувал возило со брзина од 164 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 80 километри на час. Пет лица возеле под дејство на алкохол, од кои еден од нив учествувал во сообраќајна несреќа и се здобил со тешки телесни повреди. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно возење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче фалејќи се со со тоа што нема пресуда за модуларните, признаваат дека нивните инсталации во правосудството се уште работат за нивСДС никако да разбере дека се што прават оди на нивна штета. Сите лаги, манипулации во јавноста, ширењето на паника никако да разберат дека им штети ним.Зошто? Затоа што, за тоа што го говори ВМРО-ДПМНЕ има аргументи, има докази. СДС се фали со тоа што за Венко Филипче нема никаква пресуда за 19 модуларни болници. СДС со ова само признава дека нивните инсталации во правосудниот систем кои иако се на заминување уште одработуваат за нив. Да ги потсетиме во СДС, а да го потсетиме и Филипче кој треба да знае основни правни работи. Ако има нов доказ за него за модуларната во Тетово или било која од 19 поставени, процес за истото дело може да има повторно. Граѓаните гледаат што е факт, факт е дека во Тетово во модуларната гореа 14 пациенти, факт е дека Филипче ја зголемувал цената за модуларните, факт е дека тие се поставувани без исполнување на основни услови од Законот за градење. СДС и Филипче наместо да се фалат дека нема пресуда, подобро да молчат и да се засрамат. Сега власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за секој еден граѓанин. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook