ИРГ за справување со загадување: За успешно вклопување на сите политики и мерки, неопходно е креирање на автохтон македонски зелен договор

Со свои дискусии се вклучија присутните членови на ИРГ, по што се донесоа заеднички заклучоци, со соодветни предлог - краткорочни и долгорочни мерки.

Денеска, преку видео-конференциска врска се одржа 15-от состанок на Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух и дефинирање на соодветни препораки и мерки кои треба да се преземат за подобрување на квалитетот на воздухот (ИРГ).

На состанокот, на тема „Како да продолжиме со чистиот воздух во новата нормалност", свои презентации имаа заменик министерот за животна средина и просторно планирање и претседател на ИРГ, Јани Макрадули, како и претставничката на Невладината организација „Еко-Свест".

Со свои дискусии се вклучија присутните членови на ИРГ, по што се донесоа заеднички заклучоци, со соодветни предлог - краткорочни и долгорочни мерки.

- Краткорочни мерки

- Еден ден во неделата да биде кога ќе се работи од дома (на пример петок);

- Еден ден во неделата без моторни возила (на пример среда);

- Еден ден во неделата наставата да се одвива по електронски пат;

- Еднаш месечно една седница на Влада да биде преку електронска платформа;

- На седниците на Комисиите, поканетите гости, да учествуваат исклучиво по електронски пат;

- Во третиот пакет економски мерки да се помагаат само оние компании кои ќе покажат и бизнис планови за идни активности во заштита на животната средина;

- Ослободување од отплата на средства доколку компанијата применува мерки од Новиот зелен договор и Парискиот договор;

- Стимулирање на компании кои своите бизнис модели ќе ги дизајнираат по принципите на циркуларната економија;

- Поставување на мини контејнери за медицински отпад;

- Усвојување и примена на Уредбата за еко налепници;

- Усогласување и прифаќање на предлозите од иницијативата: „На точак" за создавање функционални услови за стимулирање на користење на велосипедскиот сообраќај.

- Среднорочни мерки

- Декарбонизација на начинот на затоплување (како во домаќинствата, така и во јавните институции);

- Забрзана имплементација на Планот за чист воздух;

- Да не постои јавна институција која загадува;

- Субвенционирање на домаќинствата за замена на затоплувањето доколку истото загадува;

- Заштита на производителите на обновливи извори;

- Масовен проект „Реновирање на зградите" за зголемена енергетска ефикасност;

- Изедначување на цената на екстралесното гориво со дизелот.

За успешно вклопување на сите политики и мерки, неопходно е креирање на автохтон македонски зелен договор, со вклучување на домашното знаење и експертиза од сите чинители, јавни институции, граѓански организации, приватен сектор и академска заедница. За подготовка на овој договор веќе има неколку меѓународни организации кои сакаат да го поддржат неговото реализирањ,.

Со креирање на овој договор, ќе покажеме зрелост пред дефинирањето на зелениот договор за Западен Балкан кој очигледно во услови на пандемијата ќе има задоцнување низ институциите во бриселските ходници.

Овој договор по концепт е компатибилен и дава поддршка на предложените мерки од 20-тина граѓански организации, а иницирани од страна на WWF, стои во соопштението од Влада на РМ.

Грчки медиуми: Провокација од Сиљановска, ја нарече земјата „Македонија“

Честитки до Сиљановска Давкова стигна и од претседателите на европската комисија и на советот на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел кои нагласија ја определбата за соработка во продолжување на европскиот пат на земјата. 

Грчките медиуми пак веднаш реагираа зошто Сиљановска не го употребувала уставното име на државата при давањето на заклетвата.

Тоа го направија и од ДУИ, но и мнистерот за правда Кренар Лога, за кого заклетвата на новата претседателка била, како што рече ништовна…За дел од експртите очекувани се реакциите од јужниот сосед….

Еуфорија во Мадрид: Илјадници ја поздравија шампионската екипа на Реал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид денеска со дефиле по улиците на Мадрид го прославија освојувањето на шампионската титула во Примера, пренесуваат шпанските медиуми.

Реал минатиот викенд ја обезбеди титулата во Ла Лига, но управата на клубот реши да ја одложи прославата за една недела. Тимот од Мадрид стигна до 36-та титула на национално првенство во клупската историја.

Реал синоќа на гостински терен ја победи Гранада со 4:0 во натпреварот од 35.коло во шпанското првенство, а мадридскиот клуб моментално е на првото место на табелата и има 15 бода повеќе од второпласираната Жирона на три кола пред крајот на првенството.

Шампионскиот трофеј му беше доделен на мадридскиот тим на церемонија во клупскиот тренинг центар, а играчите потоа со отворен автобус минаа низ улиците на шпанската престолнина.

Шпанските медиуми потсетуваат дека титулата по традиција се славеше на плоштадот Сибелес.

Реал го победи Баерн со 2:1 во реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите во Мадрид на 8 мај. Клубот од Мадрид победи во финалето на Лигата на шампионите, бидејќи првиот натпревар одигран на 30 април во Минхен беше нерешен, 2:2.

Реал на 1 јуни ќе игра против Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите на Вембли во Лондон.

Гордана Сиљановска – Давкова и официјално е првата претседателка на Македонија

Гордана Силјановска Давкова во Вила Водно беше пречекана со интонирање на македонската химна, по што заедно со довчерашниот претседател Стево Пендаровски се упатија кон Кабинетот на Претедателот.

Гордана Силјановска Давкова во Вила Водно беше пречекана со интонирање на македонската химна, по што заедно со довчерашниот претседател Стево Пендаровски се упатија кон Кабинетот на Претедателот, каде што се случи примопредавањето на функцијата. , со што почнува нејзиниот петгодишен претседателски мандат.

„Силјановска Давкова и Пендаровски остварија и кратка тет а тет средба, по што претседателката го испрати Пендаровски како вистинска домаќинка, до врата. На заминување му порача дека ќе го бара во иднина доколку и биде потребен негов совет за извршување на државничките работи.“

Примопредавањето на функцијата во Вила Водно го следеа голем број телевизиски екипи, од земјава и регионот.

Пред пристигнувањето во Вила Водно Давкова даде свечена изјава на инагуративна седница во Собранието.

Силјановска Давкова е шести претседател од осамостојувањето на државата.

притисни ентер