СветИранскиот врховен лидер, ајатолахот Хамнеи, ги отфрли нуклеарните преговори со САД Техеран нема да преговара директно со САД за својата нуклеарна програма, а врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи ги нарече разговорите со Вашингтон „ќорсокак“. Техеран нема да преговара директно со САД за својата нуклеарна програма, а врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи ги нарече разговорите со Вашингтон „ќорсокак“, додека во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации (ГС на ОН) во Њујорк во моментов има дипломатски преговори на оваа тема, пишува Ал Џезира. Коментарите на Хамнеи на иранската државна телевизија вчера следеа по состанокот на шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, со дипломати од Германија, Франција и Обединетото Кралство - познати како Е3, како и со високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Каја Калас, за повторното воведување на санкциите, кои треба да стапат во сила за неколку дена. Обновувањето на преговорите со САД е главната пречка меѓу преговарачите. За време на својот говор на ГС на ОН, американскиот претседател Доналд Трамп вети дека Иран „никогаш нема да поседува нуклеарно оружје“, опишувајќи го Техеран како „најголем спонзор на тероризмот во светот“. „САД однапред го објавија исходот од преговорите“, рече Хамнеи во своето снимено обраќање. „Резултатот е суспензија на нуклеарните активности и збогатувањето. Ова не се преговори. Ова е наредба, наметнување“, наведе ајатолахот. Како потсетување, пред неколку дена Советот за безбедност на ОН (СБ на ОН) ја отфрли предложената резолуција за продолжување на олеснувањата поврзани со санкциите за Иран. Земјите од Е3 го обвинија Техеран за кршење на своите нуклеарни обврски, вклучително и складирање ураниум повеќе од 40 пати над нивото дозволено според нуклеарниот договор од 2015 година, од кој Трамп еднострано се повлече во 2018 година за време на неговиот прв мандат. Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) беше потпишан меѓу Иран и светските сили, вклучувајќи ги и САД, и со него беа укинати санкциите во замена за ограничување на нуклеарните амбиции на Иран. Но, како дел од својата политика на „максимален притисок“, Трамп повторно воведе санкции врз Иран во 2018 година. Администрацијата на претседателот Џо Бајден ја продолжи политиката на Трамп кон Иран, и покрај тоа што првично ја критикуваше. Европските земји изјавија дека се подготвени да го продолжат рокот за санкции доколку Иран продолжи со директните преговори со САД за неговата нуклеарна програма, им дозволи на инспекторите на ОН пристап до неговите нуклеарни постројки и ја разјасни ситуацијата со повеќе од 400 килограми високо збогатен ураниум, кој, според нуклеарната агенција на ОН, го има на располагање. Дописникот на Ал Џезира од Њујорк, Џејмс Бејс, објави дека шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул, изјавил дека вчерашниот состанок на маргините на Генералното собрание на ОН „не поминал баш добро“. Европскиот преговарачки тим мора да види некои „сериозни потези“ од Иран за да избегне санкции, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ Калас. „Дипломатијата има шанса. Роковите истекуваат, па ќе видиме. Мора да видиме некои сериозни потези од иранската страна“, рече таа. Иран постојано негираше дека развива нуклеарно оружје, но го потврди своето право на мирно користење на нуклеарната енергија. Говорот на Хамнеи вчера ја потврди нуклеарната доктрина на Техеран: Иран не сака нуклеарно оружје, но нема да попушти пред меѓународниот притисок, објави дописникот на Ал Џезира од Техеран, Тохид Асади.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУнгарските пратеници се откажаа од 40 проценти од нивните платиУнгарските пратеници се согласија со 40-процентно намалување на нивните плати, со цел да се намали притисокот врз јавните финансии и да се покаже политичка одговорност.Одлуката беше донесена со акламација, односно за неа гласаа сите 189 присутни пратеници на седницата на парламентот. Од следниот месец нивната основната бруто плата ќе изнесува 3.690 евра. Според владејачкото мнозинство, заштедите од мерката ќе ги покријат годишните трошоци за функционирање на парламентот. Со мерката се укинува и надоместокот за мобилни телефони, а се намалуваат и парламентарните додатоци за канцеларии, станови и персонал. Новоизбраниот премиер Петер Маѓар ја поврза реформата со мерките за фискална дисциплина и борба против корупцијата во Унгарија.Тагови: пратеници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет14 загинати во нов израелски напад низ јужен ЛибанНајмалку 14 лица загинаа во нови израелски напади врз јужен Либан, соопшти либанското министерство за здравство, во ново заострување на безбедносната состојба долж границата со Израел. Нападите биле изведени во повеќе подрачја, меѓу кои Тир, Марваније и Зифта, во округот Набатије. Нападите продолжуваат во период на зголемени тензии меѓу Израел, Хезболах и Иран. Хезболах соопшти дека таргетирал израелски војници на либанска територија, но не презеде одговорност за напади врз израелска територија. Израелските власти, пак, најавија дека операциите во Либан ќе продолжат, со образложение дека цел на нападите е инфраструктурата на Хезболах.Тагови: Либан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаIN MEMORIAM проф. Д-р Драги Данев (1942-2026)Денес, по кратко боледување, во Скопје почина проф. д-р Драги Данев, редовен професор во пензија на Машинскиот факултет и прв ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во самостојна Македонија (од 1990 до 1992 година).Драги Данев е роден на 21 септември 1942 година во Штип. Во 1978 година докторирал на Машинскиот факултет во Белград. На Машинскиот факултет во Скопје е избран во звањето вонреден професор истата година. Во 1984 година е избран за редовен професор. Претходно, од 1966 до 1976 работел во Рудници и железарница во Скопје и во „Факом“, Скопје. Драги Данев беше член на Сојузниот извршен совет на СФРЈ (Влада на поранешна Југославија) од 1986-1988, како и министер за сообраќај врски на СФРЈ и член на Владата на Југославија (1988-1989). Автор е на над 150 научни трудови од областа на машинството. Учествувал во редица домашни и меѓународни научни проекти. Автор или коавтор е на книгите „Испитување на моторните возила“ „Упатство за изработка на влечна пресметка кај моторните возила“, „Испитување на моторните возила, упатство за лабораториски вежби“, „Моторни возила“, „Познавање на моторните возила“. Автор или коавтор е на учебниците „Конструкција на моторните возила“, „Пресметка на моторните возила“, „Теорија на движење на моторните возила“ Како ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се залагаше за унапредување на квалитетот на наставната и научноистражувачката работа на Универзитетот, како и за промовирање на интегритетот и автономијата на нашата најстара високообразовна институција. Комеморацијата по повод заминувањето на проф. д-р Драги Данев ќе се одржи на 11 јуни 2026 година во 12.00 часот во просториите на Машинскиот факултет во Скопје Сочувство од целиот тим на Канал 5 ТВ.Тагови: IN MEMORIAM Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook