Серафимовски до студентите: Бидете генерацијата што преку дигитализацијата ќе ја поврзе земјоделската традиција со иднината
Протест на аеродромот во Приштина- приврзаниците на ОВК ја пречекаа Урсула фон дер Лајен: Денес Тачи, утре Зеленски (ВИДЕО)
1Серафимовски до студентите: Бидете генерацијата што преку дигитализацијата ќе ја поврзе земјоделската традиција со иднината
2Протест на аеродромот во Приштина- приврзаниците на ОВК ја пречекаа Урсула фон дер Лајен: Денес Тачи, утре Зеленски (ВИДЕО)
3Епилог од разбиената криминална група во Прилеп: Пронајдени околу 130 илјади евра готовина, запленети луксузни масерати и ленд ровери
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
3„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето
СветИранскиот шеф на дипломатијата откри дали Путин му помага во војната Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, се осврна на шпекулациите дека Русија му обезбедува разузнавачки информации на Иран за да му помогне во војната.Американските разузнавачки претставници веруваат дека Русија му обезбедила на Иран информации за таргетирање на американските трупи и средства на Блискиот Исток. Иранскиот министер за надворешни работи не објасни како Москва можеби му помага на Техеран, но рече дека „воената соработка меѓу Иран и Русија не е нова“. Аракчи за NBC изјави дека „таа постои и ќе продолжи во иднина“. На прашањето дали Русија му помага на Иран да ги лоцира американските сили, тој рече дека нема „точни воени информации“. „Колку што знам, имаме многу добро партнерство со Русија“, рече Аракчи. На прашањето дали Русија обезбедува разузнавачки информации, тој рече дека „тие ни помагаат на многу различни начини. Немам никакви детални информации“. Аракчи, исто така, рече дека неговата земја не напаѓа други земји во регионот, туку американски бази, инсталации и средства „кои за жал се на територијата на нашите соседи“. „Ние возвраќаме удар“, рече тој. Запрашан за извинувањето на иранскиот претседател во саботата за нападите врз соседните земји, Аракчи рече дека извинувањето „е знак на достоинство и сила во нашата култура“. Тој рече дека извинувањето на претседателот Масуд Пезешкијан е поради „непријатностите со кои се соочиле поради оваа агресија од страна на САД и нашата одмазда“. Аракчи рече дека претседателот на САД „е оној кој треба да им се извини на луѓето од регионот и на иранскиот народ за убиствата и уништувањето“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСерафимовски до студентите: Бидете генерацијата што преку дигитализацијата ќе ја поврзе земјоделската традиција со иднинатаНовата генерација агрономи, инженери и истражувачи има знаење и потенцијал да ја предводи дигитализацијата на македонското земјоделство и да ги поврзе традицијата во производството, науката и технологијата на иднината.Новата генерација агрономи, инженери и истражувачи има знаење и потенцијал да ја предводи дигитализацијата на македонското земјоделство и да ги поврзе традицијата во производството, науката и технологијата на иднината, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на првиот академски час на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. „Дваесет години од мојот професионален живот поминав во високото образование. Затоа денес не доаѓам само како министер, туку и како човек кој добро го познава академскиот свет и верува во неговата моќ да создава знаење и да го менува општеството“, истакна министерот Серафимовски. Во своето обраќање тој се осврна на климатските промени, зачувувањето на почвата и водата, безбедноста на храната, недостигот од работна сила и потребата од поголема продуктивност. Министерот Серафимовски нагласи дека одговорите на овие предизвици се во поврзувањето на традиционалното знаење со научните истражувања, иновациите и современите технологии. „Современото земјоделство веќе вклучува сателитски податоци, дигитални карти, сензори, дронови, автоматизирани системи, прецизно наводнување и вештачка интелигенција. Земјоделецот на иднината ќе ја познава земјата, но ќе знае да управува и со податоци. Технологијата нема да го замени човекот, туку ќе му помогне да носи подобри, побрзи и попрецизни одлуки“, порача министерот Серафимовски. Тој посочи дека соработката меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Факултетот за земјоделски науки и храна ќе се развива како суштинско партнерство преку кое научните сознанија ќе се вградуваат во земјоделските политики и ќе стигнуваат до производителите и компаниите. „Земјоделството е храната на нашите трпези, почвата и водата, животот во селата, животната средина и сигурноста на државата. Затоа не ја чекајте иднината, бидете проактивни и со љубопитен дух создавајте ја преку знаење, наука, технологија, труд и одговорност. Наша обврска е да создадеме услови вашите идеи да се реализираат овде, во нашата татковина“, порача пред студентите министерот Серафимовски, соопштуваат од МЗШВ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПротест на аеродромот во Приштина- приврзаниците на ОВК ја пречекаа Урсула фон дер Лајен: Денес Тачи, утре Зеленски (ВИДЕО)Пред најавеното пристигнување на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, група Албанци се собраа на аеродромот во Приштина во знак на протест против осудата на поранешните лидери на таканаречената ОВК за воени злосторства.Демонстрантите го блокираа главниот излез од аеродромот, каде што се очекува да помине претседателката на Европската комисија, но таа помина низ излезот за Липљан, објавува „Коха“. Како што е објавено, толпата носеше транспаренти во поддршка на Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими, кои беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства од страна на Специјализираните комори во Хаг. На транспарентите пишуваше „Не во мое име“, „ЕУ, нè предаде“ и „Денес Тачи, утре Зеленски“. Фон дер Лајен се сретна во Приштина со вршителот на должноста претседател, Албуљен Хаџиу, а беше најавена и средба со премиерот, Албин Курти. Фон дер Лајен пристигна во Приштина од Тирана, каде што се сретна со претседателот Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
МакедонијаЕпилог од разбиената криминална група во Прилеп: Пронајдени околу 130 илјади евра готовина, запленети луксузни масерати и ленд ровериНе само во Македонија, членовите на организираната криминална група која вчера беше разбиена во Прилеп, имале нелегални активности и во Грција на Халкидики, а еден од нив бил и бегалец од куќен притвор во Шпанија.Министерот за внатрешни работи Тошковски во гостување на Радио Лидер откри дека повеке од една година работеле на овој случај кој резултира со над 20 кривични пријави, меѓу кои и полицајци кои и помагале во криминалните дејствија на групата. Најави дека и понатаму ќе се истражуваат активностите и документите кои се поврзуваат со оваа група која се поврзува со наркотици. пронајдени се околу 130 илјади евра готовина, запленети се десетина возила, меѓу кои и луксузни автомобили масерати и ленд ровери, а постојат сомнежи и за фалсификување на документи и перење пари.. целата шема функционирала над 15 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45