Николоски и Ристески го промовираа новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула
Николоски: Имаме договори со Хрватска,Швајцарија и Романија,во октомври очекувам договор со Словенија
1Николоски и Ристески го промовираа новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула
2Николоски: Имаме договори со Хрватска,Швајцарија и Романија,во октомври очекувам договор со Словенија
3СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски: Службени тајни завршиле во ВМРО-ОКГ
Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
1Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан
2Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан
СветИранскиот министер за надворешни работи изјави дека е подготвен да „разгледа“ дипломатија „откако ќе се запре агресијата“Техеран е подготвен повторно да „разгледа дипломатија“ само откако „агресијата на Израел ќе биде запрена“, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, по разговорите со своите европски колеги за нуклеарната програма на Иран.„Иран е подготвен повторно да разгледа дипломатија и откако агресијата ќе биде запрена и агресорот ќе биде повикан на одговорност за извршените злосторства... Ние ја поддржуваме продолжувањето на дискусијата со“ Велика Британија, Франција, Германија и Европската унија „и изразуваме подготвеност повторно да се сретнеме во блиска иднина“, изјави Арагчи по разговорите во хотел во Женева.Тагови: дипломатија Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаНиколоски и Ристески го промовираа новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула Промовиран новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула Заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски на скопскиот аеродром заедно со претседател на Управниот одбор и Извршен директор за воздухопловна навигација во Националaната македонска навигација М-НАВ Владимир Ристески денеска го промовираа новиот АТМ-систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула Скопје. Ресорниот министер рече дека оваа година има рекорден број на летови . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Имаме договори со Хрватска,Швајцарија и Романија,во октомври очекувам договор со СловенијаПроблемот со превозниците се решава билатерално.Веќе имаме договори со Хрватска Швајцарија и Романија работиме со Австрија, Унгарија Германија во октомври очекувам разговори со Словенија,ова утринава го кажа министерот за Транспорт Александар Николоски за проблемот со превозниците. Претставниците на транспортните здруженија од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора пред три дена имаа регионален состанок во Скопје, тие најавија дека ќе ги почекаат разговорите на нивните претставници со Европската комисија, како и седницата на Европската комисија на 1 септември, по што, доколку нема конкретни решенија, ќе се организира регионален протест. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски: Службени тајни завршиле во ВМРО-ОКГ Поминаа 9 дена од нападот на младите активисти во Ново Село а досега никој не е повикан на распит, нема истрага, нема ништо.Власта ги штити насилниците, молчи Јавното обвинителство, молчи МВР. Прво ги нападнаа физички младите активисти после и јавно, со лаги и конструкции. Мислеа дека ќе ги замолчат. ВМРО-ОКГ на прес-конференција објави доверливи податоци од документи од Полициската станица Струмица. Докуметни и податоци до кои немаат право на пристап и кои се водени како службена тајна. А тоа е ново кривично дело. Мислеа дека ќе се спасат? Се излажаа. СДСМ денеска поднесе Кривична пријава до Основното јавно обвинителство и до Обвинителството за гонење организиран криминал. 1.Против полициски службеници во СВР Струмица за повеќе дела: -Злоупотреба на службената положба и овластување, со пристап кон казнената евиденција и извлекување на доверливи документи кои биле дадени и завршиле во ВМРО. -Оддавање службена тајна (Член 360 од КЗ), затоа што податоците од казнената евиденција претставуваат класифицирана информација и службена тајна а завршиле во ВМРО. -Злоупотреба на лични податоци (член 149), затоа што овозможиле податоци од посебна категорија (казнена евиденција) да бидат искористени за партиски цели на ВМРО-ОКГ, сосема различна од онаа за која се прибрани. 2.Понатаму, кривична пријава и против Валентин Манасиевски од ВМРО-ОКГ за: -Злоупотреба на лични податоци. Бидејќи без никаков законски основ, јавно презентираше и соопшти податоци од казнената евиденција преку средства за јавно информирање. -Поттикнување (член 23 од КЗ) поради основано сомнение дека самостојно или преку посредници, со умисла ги поттикнал првопријавените да ги извршат кривичните дела злоупотреба на службената положба и оддавање службена тајна. Тоа го сторил со цел да му ги обезбедат предметните доверливи податоци за потребите на неговиот јавен настап. Сега Јавното обвинителство е на потег. За прекршување на законите мора да има одговроност! Криминалната ВМРО погреши што дигна рака на младите и прати насилници да ги тепаат. Погрешија што направија уште едно кривично дело со злоупотреба на доверливи документи и податоци. Нема да се спасат, сите ќе одговараат! Прес-конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар Ги нападнаа младите во Ново Село, па злоупотребија податоци - СДСМ поднесе кривична пријава Власта ги штити насилниците, а Јавното обвинителство и МВР молчат за нападот на младите во Ново Село и злоупотребата на податоци, нагласи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ на денешната прес-конференција. СДСМ денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство и до Обвинителството за гонење организиран криминал поради злоупотреба на доверливи податоци. „Поминаа 9 дена од нападот на младите активисти во Ново Село а досега никој не е повикан на распит, нема истрага, нема ништо. Власта ги штити насилниците, молчи Јавното обвинителство, молчи МВР.“ рече Димитријевиќ. Димитријевиќ посочи дека младите активисти прво беа физички нападнати, а потоа беа предмет и на јавни напади преку лаги и конструкции. „Прво ги нападнаа физички младите активисти после и јавно, со лаги и конструкции. Мислеа дека ќе ги замолчат.“ рече Димитријевиќ. Ккривична пријава како што посочи Димитријевиќ, е против полициски службеници во СВР Струмица за повеќе дела. „Против полициски службеници во СВР Струмица за повеќе дела: Злоупотреба на службената положба и овластување, со пристап кон казнената евиденција и извлекување на доверливи документи кои биле дадени и завршиле во ВМРО. Оддавање службена тајна (Член 360 од КЗ), затоа што податоците од казнената евиденција претставуваат класифицирана информација и службена тајна а завршиле во ВМРО. Злоупотреба на лични податоци (член 149), затоа што овозможиле податоци од посебна категорија (казнена евиденција) да бидат искористени за партиски цели на ВМРО-ОКГ, сосема различна од онаа за која се прибрани“, рече Димитријевиќ. Тој додаде дека СДСМ пондесе кривична пријава и против Валентин Манасиевски од ВМРО-ОКГ за злоупотреба на лични податоци. „Бидејќи без никаков законски основ, јавно презентираше и соопшти податоци од казнената евиденција преку средства за јавно информирање. Поттикнување (член 23 од КЗ) поради основано сомнение дека самостојно или преку посредници, со умисла ги поттикнал првопријавените да ги извршат кривичните дела злоупотреба на службената положба и оддавање службена тајна. Тоа го сторил со цел да му ги обезбедат предметните доверливи податоци за потребите на неговиот јавен настап“, рече Димитријевиќ. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00