Ирански војник со огнено оружје убил три полицајци

Ирански војник со огнено оружје убил три полицајци на југот од земјата, јавува агенцијата „Фарс“.

Агенцијата додава дека инцидентот се случил во пристанишниот град Бандар Ленгех на околу 1.000 километри од Техеран.

„Фарс“ додава дека војникот веднаш е уапсен но не се наведува мотивот за убиството.

Иранските медиуми повремено известуваат за такви инциденти. Еден војник во 2016 година извршил самоубиство откако убил тројца војници на југот од Иран.

Одредени експерти сметаат дека незадоволството кај војниците е предизвикано од обврзувачкиот воен рок од две години.

Катарската делегација пристигна во Каиро

Делегација на Катар пристигна во главниот град на Египет, Каиро, каде ќе продолжат индиректните преговори меѓу Израел и Хамас.

Хамас вчера соопшти дека го одобрил предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, што го предложиле посредниците од Египет и од Катар.

Разговорите во Катар треба да доведат до итен и траен прекин на огнот во Појасот Газа. /МИА

До објавување во службен весник граѓаните ќе плаќаат поскапа полиса за автоодговорност

Иако предлогот за враќање на старите цени на осигурувањето при регистрација на возилата помина на Влада минатата недела, до нејзиното официјално објавување во службен весник, на сила ќе остане новиот тарифник

Иако предлогот за враќање на старите цени на осигурувањето при регистрација на возилата помина на Влада минатата недела, до нејзиното официјално објавување во службен весник, на сила ќе остане новиот тарифник чии цени се од 840 па до речиси 1600 денари повисоки. Претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангеловски смета дека пред секое поскапување потребно е да се обезбеди период за прилагодување и кај граѓаните и кај компаниите, а одлуката за зголемување, па намалување на цената ја оцени како избрзана.

-Доколку некоја одлука е поништена по логика на нештата во тој меѓупериод мора да се најде одредено решение како овие граѓани или институции да се обештетат. Не навлегувам дали е избрзана одлуката за подигнување или за враќање на цените, сметаме дека треба да постои доволно подготвителен период да се најави било која одлука, да се направи припрема, а потоа да се имплементира. Вака ад-хок воведување, ад-хок укинување мислам дека има штетни последици кон сите,- Трајан Ангеловски – претседател на ССК.

Одлуката за зголемување на цената на задолжителната осигурителна полиса за 15%, осигурителните компании ја донесоа пред десетина дена со образложение дека повеќе од 10 години не е променета, а трошоците им пораснале.

Од друга страна анализите од Агенцијата за супервизија покажаа дека поскапувањето е неосновано, по што Комисијата за автоодговорност донесе препорака за враќање на цените назат. За тоа дали ќе има рефундирање на средствата, останува да одлучат осигурителните компании.

Специјално отворено студио на Канал 5

Претседателски и парламентарни избори 2024. Специјално отворено студио на Канал 5. Информации, анализи, директни вклучувања…

Кој ќе биде новиот македонски претседател? Која партија ќе биде најбројна во парламентот? Кои се можните постизборни комбинаторики. Над 10 политички експери ќе ги анализираат резултатите и кои се идните сценарија…

Горан Момироски, Љупчо Зиков, Драган Павловиќ, Љуљзим Фаризи, Зоран Бојаровски, Јован Донев, Никола Пановски, Петар Арсовски, Срѓан Керим, Борјан Јовановски, Алберт Муслиу.

Почнуваме веднаш по централните вести во 18 и 30 заедно со Александар Видиновски и Елизабета Галевска.

Утре Македонија одлучува – специјално отвoрено студио - претседателски и парламентарни избори на Канал 5!

притисни ентер