СветИрански свештеник: Ако се вакцинирате ќе станете хомосексуалциАббас Табризиан, свештеник од Иран на своите следбеници им рекол дека вакцината против коронавирусот „ги претвора луѓето во хомосексуалци“, што во Иран се казнува со смрт.– Не се приближувајте на тие кои се вакцинирани. Ќе станете хомосексуалци – напишал Тибризиан на една социјална мрежа. 59-годишниот Иранец е познат по промовирање на фанатизам и лажни вести за западната медицина. Така минатата година пред камери го запали неколку медицински прирачници тврдејќи дека исламската медицина ги направила таквите книги ирелевантни. Официјален Техеран на почетокот на годината забрани увоз на вакцини од САД и Велика Британија, опишувајќи ги како недоверливи, а пред две недели Иран ја доби руската вакцина Спутник.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПрвиот викенд по крајот на учебната година донесе зголемени гужви на граничните премини кон ГрцијаПрвиот викенд по завршувањето на учебната година донесе зголемени гужви на граничните премини кон Грција.Патници од Македонија, Србија и други земји надвор од ЕУ се соочуваат со долги чекања за кои дел од нив предупредуваат дека би можеле да се интензивираат со воведувањето на новиот систем за влез во Унијата. На преминот Богородица утринава според некои информации се чекало по неколку часа за влез во Грција, додека на преминот Дојран колоните достигнувле должина од околу еден километар. Полесна, пак била состојбата на преминот Меџитлија кај Битола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Владата ќе ги поддржи инвестициите во вештачка интелигенција и дата-центриВладата ќе ги поддржи инвестициите во вештачка интелигенција и дата-центри доколку се исполнети сите законски и технички услови.Владата ќе ги поддржи инвестициите во вештачка интелигенција и дата-центри доколку се исполнети сите законски и технички услови – вели премиерот Мицкоски, нагласувајќи дека Македонија не смее да заостанува во како што кажа, глобалните технолошки процеси. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДенеска се очекува електронско потпишување на примирје меѓу САД и ИранНуклеарното прашање останува горлива тема а Трамп посочи дека САД во иднина ќе ги заплени иранските резерви на збогатен ураниум додека во Техеран се одржаа протести против откажување од нуклеарната програма.Додека американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран за ставање крај на воените дејствија и отварање на Ормутскиот теснец ќе биде потпишан денеска – на неговиот 80ти роденден, Иранското министерство за надворешни работи ретерира за временскиот рок на потпишувањето, притоа не исклучувајќи ја можноста потпишувањето да биде во наредните денови. Нуклеарното прашање останува горлива тема а Трамп посочи дека САД во иднина ќе ги заплени иранските резерви на збогатен ураниум додека во Техеран се одржаа протести против откажување од нуклеарната програма. -Во соодветно време, кога сè ќе се смири, ќе влеземе и ќе ја собереме нуклеарната прашина, закопана длабоко под моќните потонати гранитни планини, благодарение на нашите прекрасни бомбардери Б-2 и нивните брилијантни пилоти, и ќе ја разбиеме и уништиме, без разлика дали во Иран или во Соединетите Држави. Со нетрпение очекуваме да соработуваме со Иран и со целиот Блиски Исток, долго во иднина. Се надеваме дека овој процес ќе се одвива брзо, лесно и непречено. Ако не се случи тоа, имаме крајна алтернатива, се надеваме дека никогаш повеќе нема да се користи!- Доналд Трамп, претседател на САД Во меѓувреме, кон медијаторските напори на Пакистан се приклучија и катарски преговарачи во обид да го забрзаат финализирањето на Меморандумот чие потпишување според најавите ќе се одвива виртуелно, по што ќе започне 60 дневен период на преговори од втората фаза, што според аналитичарите ќе биде долга и макотрпна. -Бидејќи дури и ако го парафирате овој договор, можеби во присуство на Г7, или можеби дигитално утре или следниот ден, она што сте го направиле е да си купите билет од двете страни за преговори, кои ќе бидат долги и мачни, во кои ќе бидат разгледани празнините околу основните прашања, што да се прави со 900 фунти високо збогатен ураниум, што да се прави во врска со конечното располагање со теснецот, што е со ублажувањето на поморската блокада, што е со замрзнатите средства, меѓусебните безбедносни гаранции, олеснувањето на санкциите и целото прашање за капацитетот на Иран да збогатува.- Арон Дејвид Милер, виш соработник во Карнеги фондацијата за меѓународен мир Според светските медиуми, нацрт-условите во Меморандумот укажуваат дека САД ќе почнат да ослободуваат милијарди долари замрзнати ирански средства и ќе се откажат од санкциите за извозот на нафта, во замена за отворање на Ормутскиот теснец од страна на Иран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter