ЖивотИранската добитничка на Нобеловата награда за мир Мохамади осудена на уште 15 месеци затворИранскиот револуционерен суд ја осуди добитничката на Нобеловата награда за мир Наргес Мохамади на уште 15 месеци затвор. Мохамади веќе отслужува повеќекратни казни од околу 12 години затвор, јави Би-Би-Си.Таа беше обвинета за ширење пропаганда против Исламската Република додека беше во затвор. Нејзиното семејство ја критикуваше пресудата, истакнувајќи дека тоа е петта осуда против Мохамади од март 2021 година. Таа не беше присутна на последното судење и пресудата беше донесена во нејзино отсуство. Наргес Мохамади со децении водеше кампања за човекови права во Иран, а веќе две децении повремено е во затвор поради нејзиниот активизам. Била апсена 13 пати и осудена на вкупно 31 година затвор. Покрај дополнителните месеци затвор, новата казна предвидува Мохамади да помине две години во егзил надвор од Техеран. Ова значи дека таа ќе мора да биде преместена од озлогласениот затвор Евин, каде што моментално се наоѓа. Во пресудата е наведено и дека по издржувањето на казната ќе и биде забрането патување во странство во траење од две години, ќе и биде забрането членство во политички и општествени групи, како и дека за истиот период нема да може да има мобилен телефон. Мохамади (51) ја доби Нобеловата награда за мир во 2023 година за нејзината работа во борбата против угнетувањето на жените во Иран. Нејзините деца, тинејџери, кои со години не ја виделе својата мајка, ја примија наградата во нејзино име во октомври во Осло. Тие прочитаа говор, за кој Би-Би-Си вели дека е прошверцуван од затвор, во кој Мохамади ја осуди „тиранската“ влада на Иран. „Ја пишувам оваа порака зад високите, студени ѕидови на затворот. Иранскиот народ со истрајност ќе ја надмине репресијата и авторитарното владеење“, нагласи Мохамади во тој говор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКомисијата за избори и именувања ќе ги интервјуира тројцата кандидати за член на Судскиот советСобраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите по одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Македонија.Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите по одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Македонија што го избира македонското собрание. На огласот биле пријавени четворица кандидати, а тројца ги исполнувале условите по проверката на нивните документи. Интервјуа ќе бидат спроведени со Емилија Алексовска, адвокат од Куманово, Џоко Диков, адвокат од Струмица и Фадил Џелили, адвокат од Гостивар. Претходниот оглас за избор на член на Судскиот совет што го избира собранието беше поништен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети болоњезеВо среда (07.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Бојана Михајловиќ.Состојки за денешниот рецепт: 300 гр. шпагети 250 гр. мелено месо 1 главица кромид 1 ќесичка Болоњезе сос малку магдонос масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
МакедонијаОпштина Илинден започна со реконструкција на улици во Илинден и МршевциОпштина Илинден продолжува со интензивна реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната мрежа и создавање побезбедни услови за сообраќај. Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, започнаа градежни активности за реконструкција на две улици во населените места Илинден и Мршевци. Со предвидените активности е опфатена улица „4“ во населеното место Мршевци, во должина од околу 200 метри, како и крак на улица „8“ во населеното место Илинден, во должина од околу 130 метри, при што на улицата „8“ претходно е изведена фекална канализациска мрежа, со што се создадени услови за целосно уредување на патната инфраструктура на оваа локација. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во почетокот на градежните активности, при што ја истакна важноста на овие инфраструктурни зафати за локалното население. Тој посочи дека реконструкцијата на улиците ќе овозможи поквалитетно и побезбедно одвивање на сообраќајот, подобра пристапност и унапредување на секојдневните услови за живот на жителите. Општина Илинден останува посветена на континуирано модернизирање на локалната инфраструктура, согласно утврдените приоритети и потребите на граѓаните, при што и во наредниот период ќе продолжат инвестициите во реконструкција и санација на локалните улици и патишта, со цел рамномерен инфраструктурен развој и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook