СветИранците одбележуваат 40 дена од смртта на ајатолахот Али ХамнеиИлјадници Иранци денеска излегоа на улиците на Техеран за да обележат 40 дена од убиството на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.Во шиитскиот ислам 40 ден по смртта означува созревање на душата на починатото лице и крај на периодот на жалост. Насобраниот народ вее ирански знамиња и носи фотографии од покојниот ајатолах. Ајатолахот Али Хамнеи загина на 28 февруари, на првиот ден од американско-израелските напади врз Иран, а за негов наследник е избран неговиот син Моџтаба. Тагови: Али Хамнеи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмериканците во 2025г. убиле 153 цивили во нападите врз Хутите во ЈеменРевизијата на Пентагон за американските воздушни напади врз Хутите во Јемен покажа дека во тие операции минатата година загинале повеќе од 150 цивили. Податоците се дел од годишниот извештај за цивилни жртви, доставен до Конгресот во средата, а беа објавени во време на зголемена загриженост поради цивилните жртви во воените операции на администрацијата на Трамп. Оваа загриженост кај законодавците се зголеми и откако американска ракета погоди иранско основно училиште на почетокот на годината, при што загинаа до 168 луѓе. Покрај тоа, агенцијата АП објави дека министерот за одбрана Пит Хегсет наводно драстично го намалил бројот на вработени во канцеларијата задолжена за намалување на штетите врз цивилите, пишува „Еуроњуз“. Фокусот е ставен на нападите од април 2025 година. Ревизијата на Пентагон се фокусираше на три воздушни напади изведени во април 2025 година, за време на американската кампања против Хутите. Милитантите тогаш напаѓаа трговски бродови во Црвеното Море – клучен воден пат за светската трговија што води кон Суецкиот Канал, Средоземното Море и Израел. Во извештајот се наведува дека цел на нападите биле непријателски сили во Сана – главниот град под контрола на бунтовниците – и во близина на пристаништето Рас Иса. Во овие напади загинале вкупно 153 цивили, а 243 биле ранети. Нападот врз пристаништето бил најсмртоносен, при што загинале 80 лица, а 171 биле повредени. Експлозиите предизвикале огромни огнени топки, а цистерните биле претворени во јагленисани остатоци. Хутите емитувале снимки од местото на настанот на својот сателитски канал „Ал-Масира“, на кои се гледале тела расфрлани низ пристанишниот простор. Централната команда на САД (CENTCOM), која раководи со воените операции на Блискиот Исток, тогаш изјави дека „нападот немал за цел да му наштети на народот на Јемен“. Во соопштението издадено од Централната команда во април 2025 година се наведува: „Американските сили дејствуваа за да го елиминираат овој извор на гориво за терористите Хути поддржани од Иран и да им ги скратат незаконските приходи што повеќе од една деценија ги користат за финансирање терор низ регионот“. Командата заклучи дека е „поверојатно отколку не“ оти трите напади предизвикале штета врз цивилното население. Оваа проценка се заснова на американски разузнавачки податоци, снимки и јавно достапни извештаи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска ќе биде познато дали водата во Гостивар повторно ќе може да се користи за пиењеДенеска по истекот на 72 часа од последното лабораториско испитување ќе се знаат официјалните резултати од третото тестирање на водата во Гостивар, по кое ако ги потврди претходните два резултати, гостиварци ќе можат да пијат вода од чешма.Ова било констатирано на вчерашниот состанок на Кризниот штаб во Гостивар. Извори од штабот за Канал 5 велат дека последните микробиолошки тестови се чисти, а по наредбата за намалување на количината на хлор, и двете последователни мерења покажале вредности во рамките на дозволените граници. Сепак според истите извори, одлуката за евентуално укинување на забраната за користење на водата за пиење треба да ја соопштат надлежните институции, најверојатно Агенцијата за храна која и донесе одлуката за забрана.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактеријаШестмина се приведени вчера во полициските станици низ Скопје на информативен разговор во врска со пораките кои се ширеа со тврдење дека во водата во скопје е пронајдена бактеријата ешерихија коли, дознава Канал 5. Сите се повикани по претходна пријава од градоналникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, кој на прес конференција оцени дека станува збор за оркестрирано ширење дезинформации и паника, за што очекува да има и одговорност. Дека водата согласно последните испирувања е и хемиски и микробиолошки исправна уверуваат и од ЈП „Водовод и канализација, а покрај градските власти, информациите дека скопската вода е неисправна ги демантираа и од АХВ, ИЈЗ и од Министерството за здравство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00