Иран: Земји што ќе ги протераат амбасадорите на САД и Израел ќе имаат слободен премин низ Ормускиот Теснец - Канал 5

Иран: Земји што ќе ги протераат амбасадорите на САД и Израел ќе имаат слободен премин низ Ормускиот Теснец

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека секоја арапска или европска земја што ќе ги протера амбасадорите на САД и Израел од својата територија ќе може слободно да поминува низ Ормускиот Теснец.

Иран: Земји што ќе ги протераат амбасадорите на САД и Израел ќе имаат слободен премин низ Ормускиот Теснец

Кризата на Блискиот Исток го наруши поморскиот сообраќај и извозот на енергенси преку Ормускиот Теснец – клучна поморска рута низ која минува околу една петтина од глобалните испораки на нафта и природен гас.

Стотици бродови остануваат закотвени од двете страни на стратешкиот воден пат, додека нафтените и транспортните пазари внимателно следат дали ќе има знаци за обновување на пловидбата низ тесниот коридор.

Револуционерната гарда соопшти и дека нема да дозволи извоз на нафта од регионот кон САД и кон земјите што соработуваат со Вашингтон.

- Во услови на продолжена агресија од страна на САД против Иран, вооружените сили на Исламската Република нема да дозволат ниту еден литар нафта од регионот да стигне до непријателска држава и нејзините партнери до понатамошна наредба - изјави генералот Али Мохамад Наини.

Тој додаде дека иранската армија е „подготвена да ја прошири војната“, нагласувајќи дека Техеран ќе одлучи кога ќе заврши конфликтот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајдена дрога во напуштени подрумски простории во станбена зграда во општина Аеродром

Пронајдена е разновидна дрога во напуштени подрумски простории во станбена зграда на подрачјето на општина Аеродром во Скопје соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Пронајдена дрога во напуштени подрумски простории во станбена зграда во општина Аеродром

Како што се вели во соопштението од МВР, акцијата била спроведена вчера од полициски службеници од единицата за Недозволена трговија при секторот за внатрешни работи Скопје, по претходно преземени оперативни мерки во напуштени подрумски простории во зграда во скопски Аеродром.

При претресот се пронајдени бела грутчеста материја, халуциногени печурки, кеса со поголема количина таблети екстази, марихуана, како и три дигитални ваги. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Паеља

Во четврток (02.07.2026) во емисијата гостин ни бeше Весна Гиновска Илкова.

„Гответе со Дракче“ - Паеља

Состојки за денешниот рецепт:

400 гр. морски плодови (ракчиња)

200 гр. ориз

1 црвена пиперка

1 главица кромид

2 домати

1 чаша бело вино

3 - 4 чешниња лук

малку магдонос

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане

Денеска во Основниот суд во Куманово ќе започне судскиот процес против 25-годишниот Трајко Бојковски, обвинет за неколку убиства во Старо Нагоричане.

Почнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане

Според обвинението, тој се товари за четири кривични дела за убиство како и за обид за убиство. Обвинението во судската постапка ќе го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе од Основното јавно обвинителство Куманово.

Според претходно објавени информации во јавноста, жртвите се претежно повозрасни жени, со исклучок на една 35-годишна жена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер