Андоновски: Преку дигитализација на услугите ги забрзуваме постапките и ги намалуваме трошоците за компаниите
1Андоновски: Преку дигитализација на услугите ги забрзуваме постапките и ги намалуваме трошоците за компаниите
СветИран возврати на најновото предупредување од Трамп: Ќе го уништиме целиот ваш имот во регионотИранската војска предупреди дека ќе ги прошири нападите во регионот доколку САД продолжат да се закануваат дека ќе ја нападнат иранската инфраструктура.„Допрете ја инфраструктурата и ние ќе ги уништиме целиот ваш имот и инфраструктурата во регионот“, рече Ебрахим Золфагари, портпарол на централниот штаб на Хатам ал-Анбија. Тој додаде дека предупредувањето е одговор на американскиот претседател Доналд Трамп и неговите „повторени закани за уништување на иранските мостови, електрани и електрична и енергетска инфраструктура“. Золфагари рече дека доколку се остварат ваквите закани, вооружените сили на Иран ќе ги гаѓаат енергетските, нафтените и економските објекти поврзани со САД и Израел во целиот регион, како и средствата во федералните држави, каде што се сместени американските сили. „Земјите што имаат американски воени бази во регионот мора да ги принудат Американците да ги напуштат нивните територии ако сакаат да избегнат штета“, рече тој. Изјавата доаѓа откако Трамп тврдеше дека американските сили го уништиле најголемиот мост во Иран по што беа објавени фотографии на кои наводно се гледа уривањето висечки мост во изградба помеѓу Техеран и Карај.Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАндоновски: Преку дигитализација на услугите ги забрзуваме постапките и ги намалуваме трошоците за компаниите„За една компанија, времето потребно за добивање документ не е само административно прашање, туку директен трошок и фактор што влијае врз нејзината конкурентност. „За една компанија, времето потребно за добивање документ не е само административно прашање, туку директен трошок и фактор што влијае врз нејзината конкурентност. Доколку институцијата доцни, доцни и компанијата. Со новите електронски услуги ги поедноставуваме и забрзуваме постапките и создаваме подобри услови за компаниите што произведуваат, извезуваат и ја движат македонската економија“, истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Министерот Андоновски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, денеска ги промовираа двете нови електронски услуги на Инспекторатот, кои отсега се достапни преку Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk: – „Уверение за квалитет – сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки“; – „Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино“. Новите услуги се наменети за земјоделските производители, преработувачите, винарниците и извозниците. Станува збор за постапки поврзани со квалитетот на земјоделските производи и извозот на вино, односно со сектори што создаваат домашна вредност, обезбедуваат работни места и ја претставуваат Македонија на странските пазари. Со поврзувањето на услугите со Националниот портал, компаниите, покрај во хартиена форма, ќе можат да ги добиваат сертификатите и електронски, со иста правна важност. Со тоа се поедноставува целокупната постапка, се скратува времето потребно за добивање на документите, се елиминира потребата од нивно лично подигнување во Инспекторатот и се намалуваат административните и финансиските трошоци за компаниите. Дигитализирана е и постапката за плаќање на административните такси. Наместо плаќање со хартиени уплатници, компаниите ќе можат да ги подмират таксите електронски, преку апликациите за електронско банкарство. „За нас, дигиталната трансформација не претставува само воведување нова технологија. Таа е промена на начинот на кој функционира државата и на односот што институциите го имаат кон граѓаните и компаниите. Националниот портал uslugi.gov.mk го развиваме како единствена точка преку која јавните услуги ќе бидат достапни едноставно, сигурно и без непотребно губење време“, нагласи Андоновски. Министерот посочи дека дигитализацијата има важна улога и во зголемувањето на транспарентноста и намалувањето на ризиците од корупција. Кога постапките се дигитални, правилата се однапред утврдени и еднакви за сите, се намалува непосредниот контакт таму каде што не е потребен, се ограничува просторот за субјективно одлучување и се создава јасна електронска трага за постапувањето на институциите. Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, ги претстави конкретните придобивки, начинот на користење на услугите и постапката за електронско добивање на сертификатите. Тој истакна дека дигитализацијата ќе обезбеди побрзи, поефикасни и поквалитетни услуги за бизнис-заедницата. Новите услуги се резултат на соработката меѓу Министерството за дигитална трансформација и Државниот инспекторат за земјоделство, со поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка – GIZ. Министерот Андоновски изрази благодарност до GIZ за препознавањето и поддршката на проектот за дигитализација на нови клучни услуги за компаниите. Во соработка со Стопанската комора на Македонија, новите електронски услуги ќе бидат презентирани и пред бизнис-заедницата. На компаниите ќе им бидат претставени начинот на нивно користење и конкретните придобивки од дигитализираните постапки. Министерството за дигитална трансформација продолжува со забрзана дигитализација на услугите што имаат реално и непосредно значење за граѓаните и стопанството, со цел јавните услуги да бидат побрзи, поедноставни и подостапни, а институциите поефикасни, поодговорни и потранспарентни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСовремена болница и поквалитетно здравство за граѓаните на источна МакедонијаПланираната инвестиција, проценета на околу 6,7 милијарди денари, односно 109 милиони евра, треба да стави крај на долгогодишното чекање и да ѝ даде на источна Македонија современ регионален здравствен центар.Министерот за здравство, д-р Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и доктори од Клиничката болница Штип, заедно со делегација на Светска банка, го разгледаа концептот за завршување и целосно опремување на новиот болнички комплекс. Планираната инвестиција, проценета на околу 6,7 милијарди денари, односно 109 милиони евра, треба да стави крај на долгогодишното чекање и да ѝ даде на источна Македонија современ регионален здравствен центар. Проектот предвидува завршување на главниот болнички објект, современа медицинска опрема и функционално поврзување на сите одделенија. „Завршувањето на Клиничката болница Штип е долг кон граѓаните на источна Македонија. Сакаме овде пациентите да добиваат навремена и квалитетна здравствена услуга, а здравствените работници и студентите да имаат современи услови за работа, практична настава и професионален развој“, истакна министерот Клековски. Клиничката болница Штип е единствениот клинички регионален центар во источниот дел на државата. Таа директно им служи на околу 150.000 граѓани, а нејзиното пошироко гравитациско подрачје опфаќа приближно 250.000 жители. Со завршувањето на комплексот, пациентите ќе добијат подобра дијагностика, третман и итна медицинска помош поблиску до местото на живеење. Истовремено, ќе се намалат упатувањата кон Скопје, а ќе се создадат подобри услови за развој и задржување на младиот медицински кадар во регионот. Со претставниците на Светска банка беа разгледани следните чекори – техничките и финансиските анализи, моделот на финансирање, проектната документација и механизмите за контрола на квалитетот, трошоците и роковите. Министерството за здравство, во координација со Фондот, Општина Штип, Клиничката болница и другите надлежни институции, ќе обезбеди транспарентност и строг надзор во секоја фаза од проектот. Новата Клиничка болница Штип ќе значи посилно здравство, помал притисок врз Скопје и квалитетна здравствена услуга поблиску до граѓаните на Источна Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБројот на загинати во земјотресот во Јапонија се искачи на 28 Бројот на жртвите од земјотресот со јачина од 7,1 степен, што ја погоди јапонската префектура Кумамото на островот Кјушу, достигна 28, соопшти денеска портпарол на јапонската влада.„Активностите за пребарување и спасување по земјотресот со јачина од 7,1 степен, што се случи во вторникот вечерта, навистина претставуваат трка со времето“, изјави главниот секретар на кабинетот, Минору Кихара, на прес-конференција во Токио, пренесе Кјодо. Локалните власти соопштија дека денеска продолжиле напорите за пребарување и спасување во урнатиот трговски центар и оштетената фабрика за хартија. Од префектурата соопштија дека шест лица биле без свест и не покажувале витални знаци. Меѓу жртвите, пет лица се наоѓале во трговскиот центар „Еон“ во Кашима, кој претрпе експлозија по земјотресот, а осум биле во фабриката на „Нипон пејпер индустрис“ во Јацуширо, каде што неколку оџаци претрпеле сериозни оштетувања. Железничката линија „Кјушу Шинкансен“ меѓу станиците Кумамото и Кагошима-чуо сè уште не е во функција, бидејќи операторот врши проценка на штетите. Заклучно со среда навечер, илјадници домаќинства биле без струја или вода, што предизвикало загриженост за состојбата на евакуираните лица. Според податоците од утринава, повеќе од 10.000 луѓе престојуваат во центри за евакуација, соопштија властите на префектурата Кумамото. Префектурата Кумамото беше погодена и од разорен земјотрес во 2016 година, кога загинаа најмалку 50 лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook