Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени
1Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени
СветИран тврди дека уапсил двајца припадници на израелски МосадИранските власти соопштија дека уапсиле двајца наводни припадници на израелската разузнавачка служба Мосад во северната провинција Алборз.Според информациите, приведените биле фатени додека подготвувале експлозиви и уреди за електронско следење. Медиуми посочуваат дека ова е дел од поширока акција против наводни шпиунски активности поврзани со Израел. Претходно иранските власти соопштија дека во градот Јазд се уапсени пет лица осомничени за шпионажа, соработка со Израел и недозволено фотографирање во корист на израелските разузнавачки служби. Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смениГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свика состанок на Штабот за заштита и спасување, на кој присуствуваа сите раководители на сектори, претставници на МВР, ЈП ПОЦ и други надлежни служби. На состанокот беа донесени повеќе насоки за справување со последиците од силното невреме што ја зафати општината. Меѓу мерките што беа договорени се формирање комисија за проценка на штети, задолжение до сите куќни совети да ги проверат безбедносните ризици на своите згради( фасади и покриви), како и апел до општествено одговорни фирми и партнери да се вклучат со својата механизација во расчистувањето на паднатите кровни конструкции. Дополнително, хигиеничарите на ПОЦ ќе бидат распоредени во неколку смени за да бидат постојано присутни на терен и да помагаат во расчистувањето на паднатите дрва, гранки и други остатоци. „Безбедноста сега е клучна. Мора да има координација меѓу куќните совети и станарите, а солидарноста и одговорноста мора да бидат на високо ниво. Нашите екипи на терен се поделени во две смени, а попладневната екипа е подготвена да реагира и доколку има ново невреме. Дополнително, и администрацијата во Општината доби наредба да се вклучи во напорите за расчистување. Сите сили мора да ги впрегнеме заедно, затоа што станува збор за елементарна непогода,“ истакна Герасимовски. Во текот на синоќешните и денешните активности се расчистени повеќе локации низ Центар. Со тешка механизација се подигнати лимените конструкции од крововите на повеќе места, меѓу кои во Буњаковец, на улицата Благоја Давков , спроти трговскиот центар „Рамстор“ и кај „Агромеханика“. Во исто време интензивно се работи на отстранување на паднати дрва, гранки и шут низ улиците. Герасимовски уште еднаш ги повика граѓаните да останат внимателни и да се вклучат во заедничките напори за побрзо справување со последиците од невремето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: СДС, Левица и ДУИ секоја можност за договор ја претвораат во нов политички конфликтСДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека секоја можност за договор ја претвораат во нов политички конфликт.Наместо да придонесат за донесување на новиот Изборен законик, кој беше резултат на повеќемесечни разговори и усогласувања, тие одлучија повторно да создадат политичка криза таму каде што имаше простор за консензус. Иако им прифативме се што побараа, а тие барања за волја на вистината, немаа никаква врска со суштината, тие потоа не го потпишаа законот кој повеќе им одговараше на нив отколку на ВМРО-ДПМНЕ. За СДС, Левица и ДУИ очигледно е поважно да произведат политички конфликт, отколку да придонесат за решение што е во интерес на државата. Создаваат алиби за поразот на следните избори, а дополнително и се обидуваат кога имаат можност да го намалат успехот на Македонија во делот на Реформската агенда. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и државата, без разлика на обидите на СДС, Левица и ДУИ секој процес да го претворат во политичка пресметка. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Џесика Алба сподели интимни моменти со 12 години помладото момчеХоливудската убавица Џесика Алба со објава од Италија ги вжешти социјалните мрежи.Холивудската актерка Џесика Алба ужива во ново поглавје од својот живот, а го привлече вниманието на јавноста со романтични фотографии од одморот во Италија, кои ги сподели со својот партнер, актерот Дени Рамирез. Филмската ѕвезда и основачка на компанијата „The Honest Company“ престојува на луксузниот италијански брег, каде што минува опуштени летни денови, подалеку од деловните обврски и градската врева. На својот профил на Инстаграм, Џесика Алба објави серија фотографии и видеа со едноставен опис: – „Чао, Италија“ – означувајќи го луксузниот хотел „Il Pellicano“, едно од најпознатите одморалишта на брегот на Тиренското Море. Објавите брзо го привлекоа вниманието на обожавателите, бидејќи актерката ретко споделува вакви интимни моменти од својот приватен живот. Џесика Алба исто така сподели мисли на Марк Ентони за љубовта и заедничките патувања, во кои се вели дека вистинската среќа не е во самата дестинација, туку во личноста со која го споделувате секој чекор. Тагови: Џесика Алба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter