Иран тврди дека подготвува остар одговор на израелските напади - Канал 5

Иран тврди дека подготвува остар одговор на израелските напади

Иран планира „силно да возврати“ на израелскиот напад започнат утринава  врз нуклеарната програма на Иран, изјави ирански безбедносен извор.

Иран тврди дека подготвува остар одговор на израелските напади

„Одговорот на израелскиот напад ќе биде остар и решителен“, рече функционерот.

Тој додаде дека деталите за одмаздата на Иран „се дискутираат на највисоко ниво“, одговарајќи на прашањето дали контранападот би бил неизбежен.

Израел денеска објави дека ги таргетирал нуклеарните објекти на Иран, фабриките за балистички ракети и воените команданти на почетокот на она што го предупреди дека ќе биде долготрајна операција за спречување на Техеран да се здобие со атомско оружје.

Иранските медиуми објавија за експлозии, вклучително и во главниот објект за збогатување ураниум на Иран во Натанз, додека Израел прогласи вонредна состојба во очекување на одмазднички напади со ракети и беспилотни летала.

Иранската државна телевизија објави дека Хосеин Салами, командант на елитниот корпус на Револуционерната гарда, е убиен и дека е погодена командата на единицата во Техеран. Според извештаите, деца се убиени во напад врз станбена област во главниот град на Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопјанец управувал возило со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода, следува соодветна пријава

За настанот е известен јавен обвинител, а возилото било одземено.

Скопјанец управувал возило со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода, следува соодветна пријава

На 06.08.2026 во 17:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.А.Л.(34) од Скопје. Претходно, во 15:10 часот на ул.„Пролет“ во Скопје, со патничко возило „матиз“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(20) од Скопје, при што била причинета материјална штета. При преземање мерки и вршење на увидот, полициските службеници констатирале дека И.А.Л. возел под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,29 промили во крвта.

За настанот е известен јавен обвинител, а возилото било одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски сака статистика – граѓаните гледаат празни фрижидери

Евростат повторно објави податоци.

СДСМ: Мицкоски сака статистика – граѓаните гледаат празни фрижидери

Највисока минимална бруто месечна плата во Европа има Луксембург 2.771 евра.

Словенија е со 1.482 евра.

Македонија?

624 евра бруто, односно околу 421 евро нето.

Пред нас не се само западноевропските земји. Пред нас се и Србија и Црна Гора.

Ние сме на долниот дел од листата.

Мицкоски сака да зборува за проценти, раст, просеци и „позитивни трендови“. Прва, трета, најбрзорастечка економија…

Граѓаните не живеат од проценти.

Граѓаните живеат од тоа што го имаат во паричникот и во фрижидерот.

И таму статистиката е јасна: празно.

Две години оваа власт нема ниту еден вистински резултат за обичниот човек.

Минималната плата останува меѓу најниските во Европа.

Цените растат.

Инвестициите паднаа.

Младите си одат.

Дури и кога се обидуваат да се пофалат со некој инфраструктурен проект - најчесто станува збор за работи што ги започнала претходната власт.

А она што самите го допреа, најчесто го упропастија.

Или само се фотографираат.

Оваа власт е неспособна да создаде подобро.

Способна е само за тендери, за криминал и за корупција.

Тоа се „тендер-патриотите“ - силни во поделба на пари, слаби во сè друго.

Граѓаните не треба да чекаат нова статистика од Евростат за да разберат како живеат.

Тие тоа го гледаат секој ден.

И тоа е единствената статистика што важи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Подната фонтана повторно ќе блесне – Градот започна темелна реконструкција на еден од симболите на Скопје

Еден од најпрепознатливите симболи во центарот на Скопје, подната фонтана на плоштадот, повторно ќе биде ставен во функција по долгогодишен период на запуштеност и нефункционалност.

Подната фонтана повторно ќе блесне – Градот започна темелна реконструкција на еден од симболите на Скопје

Во тек е реализација на темелна реконструкција која не претставува само сервисирање, туку целосно и трајно решение за системот. Станува збор за комплексна интервенција што опфаќа специјализирана опрема произведена во Германија, како и автоматизиран систем кој бара прецизно усогласување и целосно враќање на функционалноста.

Паралелно со сервисирањето на опремата, се изведуваат и значајни конструктивни подобрувања. Постојната носечка подконструкција, изработена од пластични носачи кои поддржуваа бетонски плочи со тежина од околу 100 килограми по елемент, се заменува со нова конструкција од иноксни профили, проектирана да издржи значително поголеми механички оптоварувања. Со ова трајно се подобруваат стабилноста, безбедноста и долговечноста на целиот систем.

Со обновата, фонтаната повторно ќе стане место за средби, детска игра, фотографии, прошетки и убави спомени, враќајќи ја живоста во срцето на градот и повторно претворајќи се во едно од најатрактивните обележја на Скопје.

Истовремено, се реализира и замена на оштетените плочки на потегот од Порта „Македонија“, со што централното градско подрачје добива поуреден, побезбеден и подостоинствен изглед.

Овие активности се дел од заложбите за обновување на јавните простори и создавање квалитетна градска инфраструктура што ќе им служи на граѓаните во наредните години.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер