Иран: Турција ни е пријателска земја, не лансиравме ракета кон неа (ВИДЕО) - Канал 5

Иран: Турција ни е пријателска земја, не лансиравме ракета кон неа (ВИДЕО)

Иран негираше дека лансирал ракета кон Турција, откако Анкара вчера објави дека воздушната одбрана на НАТО соборила ракета од иранско потекло додека се движела кон нејзиниот воздушен простор.

Иран: Турција ни е пријателска земја, не лансиравме ракета кон неа (ВИДЕО)

Во соопштението, Генералштабот на вооружените сили на Иран ги отфрли тврдењата за лансирањето на ракетата.

„Вооружените сили на Исламската Република Иран го почитуваат суверенитетот на соседната и пријателска земја Турција и негираат какво било лансирање ракети кон територијата на таа земја“, се вели во соопштението објавено од иранската новинска агенција Мехр.

Реакција на Турција

Според турското Министерство за одбрана, ракетата се приближила до турскиот воздушен простор откако прелетала над Ирак и Сирија. Немало жртви во пресретнувањето на ракетата. Не беше откриено точно каде била насочена ракетата, но портпаролот на НАТО рече дека алијансата го осудува иранското насочување кон Турција и цврсто стои зад сите сојузници.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција презема сите потребни мерки на претпазливост во консултација со своите сојузници од НАТО и дека се издадени најјасни предупредувања за да се спречи повторно да се случат слични инциденти.

Турското Министерство за одбрана соопшти дека ракетата прелетала над Ирак и Сирија пред да биде соборена од системите за воздушна одбрана на НАТО стационирани во источниот Медитеран.

„Ги предупредуваме сите страни да се воздржат од дејствија што дополнително би го ескалирале конфликтот во регионот. Во овој контекст, ќе продолжиме да се консултираме со НАТО и нашите други сојузници“, соопшти турското Министерство за одбрана.

Хегсет, исто така, се огласи

Државниот секретар на САД, Пит Хегсет, рече дека нема смисла уништувањето на балистичка ракета испукана од Иран кон турскиот воздушен простор да го активира Член 5 од НАТО, кој гарантира колективна одбрана.

Американските сили се стационирани во базата Инџирлик во јужна Турција во близина на Хатај, покраината каде што паднаа остатоците од пресретнувачот на НАТО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО-ОКГ

Вчера во Охрид се случи уште еден грозоморен чин на брутално насилство врз млада девојка. Сара. Безмилосно е претепана, фрлена на улица и оставена да умре. Сторителот е син на високи вмровски функционери.

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО-ОКГ

Вчера во Охрид се случи уште еден грозоморен чин на брутално насилство врз млада девојка. Сара. Безмилосно е претепана, фрлена на улица и оставена да умре. Сторителот е син на високи вмровски функционери.

За среќа, девојката преживеала.

Потресно е сведоштво на мајката на Сара, која се наоѓа во болница.

Изразуваме целосна поддршка и солидарност со Сара и целото нејзиното семејство. Таа заслужува заштита, мир и услови за закрепнување. Не страв дека повторно ќе биде нападната.

Според јавното сведоштво на мајката, осомничениот бил пуштен на слобода, додека нејзината ќерка стравува за сопствената безбедност.

Имало обиди за прикривање на случајот и влијание врз медицинската документација.

Само затоа што насилникот е син на Љубинка Корабоска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), предложена на таа функција од ВМРО-ДПМНЕ, и на Гоце Корабоски, инспектор во УЈП, за кого се зборува дека има блиски релации со Мицкоски.

Ова е последица заштитата којашто Панче Тошковски им ја овозможува на криминалците на власт, неказинивоста, контролата над судството и обвинителството и партизацијата на системот од страна на ВМРО.

Телохранител на Мицкоски кој ја тепаше сопругата па беше ослободен, во Богданци млада девојка беше жива запалена, за 5 тони дрога нема одговорност, Симо наместо во затвор е пуштен за гласови, во Куманово сериски убиец, секој ден жртви на насилство.

Нема пари за електронски алки а има за Гета од 5,53 милиони евра.

Неказнивоста ги охрабрува насилниците. Пропустите на МВР и штитењето на криминалот имаат фатални последици.

Затоа бараме веднаш да се утврдат сите пропусти, влијанија и обиди за заштита на осомничениот насилник.

Бараме одговорност од сите и нивно разрешување од позииите. Бараме итна и ефективна заштита на Сара.

Како жени, нема да молчиме туку силно ќе се спротиставиме.

Нема да прифатиме жените во Македонија да живеат во страв, а насилниците да се чувствуваат недопирливи само затоа што се блики до ВМРО.

Пред нас е борба со мафијата – против злоупотребите на ВМРО, против злоупотреба на моќта, врските и притисоците, против неказнивоста.

Бандата ќе одговара.

Прес конференција на Форумот на жени на СДСМ, Кети Штерјова

YouTube video

Скопје, 16.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Внатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегство

Одделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи ги испитува околностите под кои битолчанецот приведен за физичко и психичко насилство врз 21-годишната партнерка, избегал низ прозорец од СВР Битола и веќе пет дена е во бегство.

Внатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегство

Девојката на 10 ноември пријавила дека била физички нападната од партнерот, кој ја давел и ја удирал, по што побарала лекарска помош.

По пријавата, насилникот дошол во СВР Битола во придружба на родител, но, кога му било соопштено дека ќе биде задржан, скокнал низ прозорецот и избегал од полициската станица.

Бидејќи пријавениот сè уште не е пронајден, девојката е сместена во шелтер-центар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СВР Битола го лиши од слобода лицето пријавено за семејно насилство

Денеска полициски службеници од СВР Битола, во координација со бранителот на лицето К.У.(24) и Основното јавно обвинителство Битола, презедоа мерки лицето доброволно да се предаде во СВР Битола.

СВР Битола го лиши од слобода лицето пријавено за семејно насилство

Денеска во 12:00 часот, К.У. доброволно се предал и е лишен од слобода. Со него се врши службен разговор од страна на инспектори од криминалистичката полиција при СВР Битола.

Против него, на 11.11.2026 година, е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Загрозување при семејно насилство“ по член 144 став 3 и „Телесна повреда при семејно насилство“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик.

Се преземаат понатамошни мерки и активности во координација со надлежното Основно јавно обвинителство Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер