Иран соопшти дека 3.375 лица се убиени во израелско-американските бомбардирања - Канал 5

Иран соопшти дека 3.375 лица се убиени во израелско-американските бомбардирања

Најмалку 3.375 луѓе се убиени во израелските и американските бомбардирања во Иран, според официјалните податоци објавени од шефот на форензичката служба на земјата.

Иран соопшти дека 3.375 лица се убиени во израелско-американските бомбардирања

Абас Масџеди Арани, шеф на иранската организација за форензичка медицина, изјави дека оваа бројка претставува потврдени смртни случаи, јави денеска новинскиот портал „Џамаран“.

Според шефот на Организацијата за легална медицина, меѓу загинатите има 496 жени и 383 деца и малолетници. Најголем број жртви се регистрирани во главниот град Техеран, како и во Исфахан и крајбрежната провинција Хормозган.

Активистите уште пред неколку недели пријавија повеќе од 3.000 смртни случаи врз основа на нивните сопствени пребројувања, пренесе ДПА.

Групата за човекови права „Хенгав“, со седиште во Норвешка, неодамна соопшти дека најмалку 7.650 луѓе биле убиени, вклучително и 1.030 цивили, откако почнаа воздушните напади врз Иран на 28 февруари. Двонеделен прекин на огнот е во сила од 8 април.

Бројките за жртвите не можат да бидат независно проверени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Моќна Барселона – најдобриот старт во историјата на клубот

Фудбалерите на шпанскиот шампион Барселона блескаат на почетокот на новата сезона и имаат седум победи на исто толку натпревари.

Моќна Барселона – најдобриот старт во историјата на клубот

Гигантот од Ноу Камп, врза шест победи во Ла Лига и забележа уште една во Лигата на шампионите.

Досега, најдобрите учиноци беа остварени во сезоните 1929/30, 1960/61 и 2018/19, кога Каталонците забележаа шест победи по ред.

Овие седум победи под водство на Ханси Флик ѝ овозможија на Барселона да стекне убедлива предност во Ла Лига, со три бода предност пред Реал Мадрид.

Тие исто така поставија рекордни бројки во однос на постигнатите голови – 33 на седум натпревари, што претставува просек од пет гола по натпревар.

Тимот постигна „само“ два гола на натпреварот против Билбао, четири против Леванте, по пет против Елче, Рајо, Валенсија и Фејенорд, па дури и седум против Расинг.

Во моментотв Барса е и единствениот тим без пораз во Ла Лига по првите шест кола. До поразот од Севиља во средата, таков учинок имаше и Депортиво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје или див запад? (ВИДЕО)

Деца јаваат коњ на улица Скупи во Скопје, и во еден момент едно од децата паѓа.

Скопје или див запад? (ВИДЕО)

На социјалната мрежа Фејсбук е објавена видеоснимка на која се гледаат малолетни деца како јаваат коњ по фреквентна улица, без надзор од возрасно лице и без соодветна безбедносна опрема.

На снимката се забележува и момент во кој едно од децата паѓа од коњот. Засега нема информации за состојбата на детето, ниту дали при падот се здобило со посериозни повреди.

Случајот отвора прашања за безбедноста на децата и одговорноста на возрасните, особено имајќи предвид дека станува збор за улица на која се одвива јавен сообраќај.

Дополнително, се поставува прашањето дали ваквото однесување претставува сериозен ризик за учесниците во сообраќајот и кој би сносел одговорност доколку дојде до сообраќајна несреќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3

Младите во Македонија го напуштаат родителскиот дом на просечна возраст од 30,7 години, односно 4,4 години подоцна од просекот во Европската унија, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година.

Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3

Во ЕУ младите во просек заминуваат од домот на родителите на 26,3 години, што е незначително зголемување во однос на 2024 година, кога просечната возраст изнесувала 26,2 години. Од 2002 година европскиот просек се задржува близу 26 години.

Најдолго со родителите живеат младите во Хрватска, каде што домот го напуштаат на просечна возраст од 31,5 години. Следуваат Грција и Словачка со по 30,9, како и Шпанија и Италија со по 30,2 години.

Најрано се иселуваат младите во Финска, на просечна возраст од 21,4 години, и во Данска, на 21,8 години.

Во регионот младите во Србија остануваат со родителите до просечна возраст од 30,1 година, во Босна и Херцеговина до 29,5, а во Бугарија до 27,9 години.

Податоците на Евростат укажуваат и на поврзаност меѓу вработеноста на младите и возраста на која тие го напуштаат родителскиот дом.

Во Македонија во 2025 година биле вработени 50,2 проценти од младите на возраст од 20 до 29 години, односно 15,3 процентни поени помалку од просекот во европската унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер