Иран собори борбен авион Ф-35 со нов одбранбен систем - Канал 5

Иран собори борбен авион Ф-35 со нов одбранбен систем

Иран соопшти дека соборил борбен авион Ф-35, објави ДПА, повикувајќи се на соопштение од Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ). 

Иран собори борбен авион Ф-35 со нов одбранбен систем

Според него, борбениот авион бил соборен во иранскиот воздушен простор од нов, напреден одбранбен систем.

Во моментов нема потврда за инцидентот од Соединетите Американски Држави, кои водат војна против Иран со Израел од 28 февруари, потсетува ДПА. Според ИРГЦ, ова е втор соборен Ф-35 од почетокот на конфликтот.

„Поради целосното уништување на авионот, нема информации за судбината на пилотот“, се вели во соопштението. Малку е веројатно дека пилотот преживеал, според истиот извор.

Централната команда на САД неодамна ги отфрли иранските изјави за соборување на американски ловци.

Борбениот авион Ф-35, произведен од американската компанија Локид Мартин, е еден од најнапредните борбени авиони во светот. До денес, нема други потврдени случаи на соборување на таков авион за време на воен конфликт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши: Нема политичка порака во моето отсуство од Мечкин Камен, ги почитувам сите државни празници

Нема политичка порака во моето отсуство од Мечкин Камен – уверува собранискиот спикер Африм Гаши, по реакциите во јавноста дека втора година по ред нема да присуствува на централната прослава за Илинден во Крушево. 

Гаши: Нема политичка порака во моето отсуство од Мечкин Камен,  ги почитувам сите државни празници

На брифинг со новинарите тој потсети дека мината година бил спречен поради здравствени проблеми..,а годинава вели иако нема физички да присуствува, како претседател на Собранието директно учествувал во организацијата на илинденските чествувања.. на свеченоста ќе се обрати потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, потврди гаши....Отсуството годинава го објаснува со учеството на меѓународна конференција во Египет, каде како што вели, ќе се дискутира за важни теми како соживотот, толеранцијата, и борбата против говорот на омраза. Порача дека максимално ги почитува државните празници и повика неговото отсуство да не се толкува како политичка порака или тенденција.

-Сакам во јавноста и на сите граѓани да им испратам една порака дека Африм Гаши претседателот на Собранието ги почитува сите државни празници и тоа сум го покажал секогаш. Од првиот ден во политиката, особено сега во својство на претседател на Собрание, мислам дека никаков простор за двоумење дали го почитуваме или не, не треба воопшто да има таков простор. Како државен врв одлучивме дека треба да се искористат двете шанси,- Африм Гаши – претседател на Собрание.

Повикувајќи се на членот 170 од Деловникот и потсетувајќи дека истата можност била искористена 161 пат во претходниот собраниски состав, Гаши посочи дека самиот ќе одлучи кога Законот за правична застапеност ќе биде ставен на гласање. Повтори дека законот ќе се гласа со мал Бадинтер, откако таквата постапка била утврдена од Комитетот за односи меѓу заедниците.

- Јас ќе го искористам тоа право да проценам и одлучам кога е најдобро тој закон да се стави на гласање и нормално сакам да знаат сите и граѓаните и опозицијата дека не планираме скришум да го донесеме. Седницата ќе биде свикана, пратениците ќе бидат повикани и ќе одлучи пленумот. Моја обврска е да одлучам кога е најдобриот и најпригодниот момент за одлучување, а потоа како ќе одлучи пленумот сите тоа ќе го испочитуваме,- Африм Гаши – претседател на Собрание.

Собранискиот спикер се осврна и на Предлог-законот поврзан со скопје европска престолнина на културата 2028-ма.. кој вчера беше повлечен од дневниот ред. Гаши вели дека одлуката била донесена за да не се блокира работата на Собранието и да не се доведе во прашање кандидатурата на Скопје, поради како што кажа дилемите околу јавните набавки..поважно е вели градот да не ја загуби оваа титула, отколку таа да остане во сенка на политичките несогласувања .. порача доколку има оправдани забелешки, тие во наредниот период треба да се коригираат, за законот да добие поширока поддршка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седница за пратенички прашања во Собранието

Наместо за пратенички прашања како што беше предвидено, Собранието половина ден го потроши во кавга за непочитување на Деловникот. 

Седница за пратенички прашања во Собранието

Пратеничката од партијата на Села, Илире Даути, со процедурални говори ја блокира седницата бидејќи не добила писмен одговор од премиерот кога ќе се гласа законот за правична застапеност за кој е потребен т.н. „мал бадентер“.

Опозициските пратеници ја поддржаа, владејачкото мнозинство бараше да продолжи суштинската дебата, а спикерот Гаши побара од Комисијата за деловнички прашања да даде мислење дали таа има право да ја блокира целата седница со ова барање.

Пред да почне процедуралната кавга, лидерот на СДСМ Филипче постави пратеничко прашање до премиерот Мицкоски за неколку теми- одговорноста за епидемијата во Гостивар, блокадата на евроинтеграциите, унгарската истрага за кредитите, животниот стандард.. Мицкоски во однос на економијата рече дека споредбено со претходната влада на СДСМ имало значителен раст на БДП и висината на просечната плата и пензија. Покажувајќи документи од собраниската говорница го обвини Филипче дека не презел ништо кога бил министер за здравство иако и тогаш имало неисправна вода за пиење.

Ова е последна седница на пратениците пред летните одмори, а според најавата од собранискиот спикер Гаши, ќе се вратат на работа на 21 август.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку седум лица загинаа во руски ракетен напад врз Украина – меѓу нив и деца

Најмалку седум лица, меѓу кои две деца, загинаа за време на масовен руски ракетен и беспилотен напад врз Украина извршен во текот на ноќта.

Најмалку седум лица загинаа во руски ракетен напад врз Украина – меѓу нив и деца

Според изјавите на официјални лица, шест од загинатите се во регионот на Криви Рог, а еден во Киев. Меѓу загинатите во централниот украински град Криви Рог се и две девојчиња на возраст од пет и 12 години..

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди еден смртен случај и пожари на повеќе области во главниот град.

Експлозии се слушнале и во Лавов, каде што се пријавени оштетувања на станбени згради. Како одговор на нападите во Украина, соседна Полска мобилизира борбени авиони како превентивна мерка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер