Македонија, Грција и Албанија ќе се здружат во иницијатива за впишување на Преспанското езеро на листата на УНЕСКО
СДСМ: Што сега ќе каже „патриотот“ Мицкоски кога и Фон дер Лајен го кажа истото за јазикот и идентитетот?
1Македонија, Грција и Албанија ќе се здружат во иницијатива за впишување на Преспанското езеро на листата на УНЕСКО
2СДСМ: Што сега ќе каже „патриотот“ Мицкоски кога и Фон дер Лајен го кажа истото за јазикот и идентитетот?
3Серафимовски: Органското производство го развиваме како дејност што создава повисока вредност и поголеми приходи
Најскапиот примерок од овој модел: Bugatti Veyron продаден за помалку од три минути за 5,44 милиони долари
1Најскапиот примерок од овој модел: Bugatti Veyron продаден за помалку од три минути за 5,44 милиони долари
СветИран сепак се уште не избрал нов врховен лидер: Ќе биде наскоро Иранските власти денеска изјавија дека „прават сè што можат“ за што поскоро да назначат врховен лидер кој ќе го наследи Али Хамнеи, и покрај израелските закани дека наследникот ќе биде цел на атентат.„Правиме сè што можеме“, изјави за државната телевизија Ахмад Хатами, член на Собранието на експерти, телото одговорно за избор на нов лидер. „Ако даде Бог, лидерот ќе биде назначен што е можно поскоро. Блиску сме до одлука, но сме во војна“, додаде тој, сугерирајќи дека процесот може да се одложи. Да ве потсетиме дека медиумската компанија Иран Интернешнл синоќа објави дека Моџтаба Хамнеи, синот на убиениот ајатолах, е избран за нов врховен лидер, но процесот очигледно сè уште официјално не е завршен. Израелски министер: Наследникот на Хамнеи ќе биде цел Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави во средата дека кој и да биде избран да го наследи починатиот врховен лидер Али Хамнеи, кој беше убиен во саботата во израелските и американските воздушни напади врз Техеран, ќе биде цел, според соопштението од неговиот кабинет. „Со оглед на тој клучен елемент, потребно е да се дејствува дискретно“, нагласи Хатами, додавајќи дека изборот на нов лидер е „близок“. Собрание на експерти и напади врз неговото седиште Собранието на експерти е составено од 88 члена, избрани на директни општи избори со осумгодишен мандат. Телото, исто така, ги надгледува активностите на врховниот лидер и може да го отстрани. Во вторник, според иранските медиуми, филијалата на институцијата во Ком, свет град јужно од Техеран, беше цел на израелски и американски воздушни напади. Еден ден претходно, според новинската агенција Тасним, беше цел на седиштето на институцијата во Техеран. Иран го започна процесот на транзиција на власта Во недела, Иран официјално го започна процесот на транзиција по смртта на Али Хамнеи, кој го водеше Иран од 1989 година. Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, претседателот на Врховниот суд Голамхосеин Мохсени Еџеи и Алиреза Арафи, верски службеник и член на Собранието на експерти и Советот на чувари на Уставот, се привремени лидери.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49
МакедонијаМакедонија, Грција и Албанија ќе се здружат во иницијатива за впишување на Преспанското езеро на листата на УНЕСКОГрција, Албанија и Македонија заеднички ќе работат на кандидатурата на Преспанското езеро за вклучување на листата на светско наследство на УНЕСКО.Иницијативата првично беше покрената од грција во 2014 година, но сега во неа се вклучуваат и Албанија и Македонија, кои го делат езерото со Грција. Процесот ќе биде поддржан и од Европската унија. Министрите за култура на трите земји — Лина Мендони од Грција, Бленди Гонџа од Албанија и Седат Сулејмани од Македонија — следниот петок ќе се сретнат во грчката општина Преспа, каде што ќе разговараат за следните чекори. На средбата ќе присуствува и Михалис Рокас, шеф на дипломатската мисија на европската комисија во Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Што сега ќе каже „патриотот“ Мицкоски кога и Фон дер Лајен го кажа истото за јазикот и идентитетот?На заедничка прес конференција во Скопје, во Владата, Претседателката на Европската комисија кажа: местото е во Унијата. Останува еден чекор - да се отвори првиот кластер, Основи. И рече јасно: Европа ја пречекува С.Македонија со нејзиниот идентитет и со нејзиниот јазик. Културата и јазикот ја прават Унијата побогата. Мотото е различност и обединетост. Тоа е реченицата што Мицкоски во кампањата ја продаваше како предадена. Никогаш Северна. Укинување на Преспански договор. Враќање на името. Па дојдоа на власт. Е откако дојдоа Преспа ја нанарече ремек-дело на дипломатијата. Силјановска рече: јазикот, културата и национален идентитет се заштитени. Тимчо рече: НАТО никогаш подобра работа за бизнисот. Сега и Фон дер Лајен, пред камери, пред арамијата: ве чекаме со вашиот идентитет и ваш јазик. Што остана од патриотизмот? Бугарските пасоши во редовите на ВМРО. Фирмите во Бугарија. И обвинението дека другиот работи по налог на Радев. Латас - Гебелс. Чекорот што го бара ЕУ не е предавање. Основите се: судство, обвинителство, борба против корупција. Истиот чекор што Мицкоски го запира две и пол години. Второт рок истече. 1 јуни беше ветување. Ниту глас. А пред членство - Лаура Ковеши. Затоа вели „не по секоја цена“. Не поради јазикот, не поради идентитетот. Поради истрага и страв од одговорност. Патриотот нема што да каже. Идентитетот го потврди Брисел. Вратата ја држи тој. СДСМ го кажа ова уште пред избори. Денеска го рече и Фон дер Лајен. Лагата остана кај бандата. Скопје, 02.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСерафимовски: Органското производство го развиваме како дејност што создава повисока вредност и поголеми приходиГо поддржуваме органското производство да се развива како современа економска дејност што создава повисока додадена вредност и поголеми приходи за производителите, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.Го поддржуваме органското производство да се развива како современа економска дејност што создава повисока додадена вредност и поголеми приходи за производителите, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, кој денес во Куманово ги отвори деветтиот Меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза 2026“ и петтиот Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АгроМак 2026“. „Органското земјоделство е современ, прецизен и контролиран начин на производство што бара знаење, следливост и одговорност кон животната средина и здравјето на луѓето. Органскиот производител заслужува систем што ќе го препознае неговиот дополнителен труд и ќе го заштити од погрешно декларирани производи и нелојална конкуренција“, истакна министерот Серафимовски. Тој нагласи дека политиките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се насочуваат кон засилена контрола, сигурна сертификација, потврден квалитет и поголема видливост на домашните органски производи. „Добриот производ се создава на нива или на фарма, но неговата вредност се потврдува на пазарот. Новата механизација, дигиталните решенија, прецизното наводнување и современата опрема за преработка им овозможуваат на производителите порационално да ги користат ресурсите, да ги намалат загубите и да создаваат повисок квалитет“, порача министерот Серафимовски. Организатори на „Органска трпеза 2026“ и „АгроМак 2026“ се здружението „Живот“, Комората на органски производители на Македонија и Општина Куманово, а на манифестациите учествуваат производители, изложувачи и гости од земјата и од странство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook