Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!
1Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!
СветИран се закани со „уништувачки одговор“, убиени се израелски војнициБран експлозии вчера го зафати Либан, еден ден откако се случија големите пејџер експлозии во кои загинаа 12 лица, а илјадници беа повредени.Во вчерашниот напад експлодираа воки-токи на борците на Хезболах, како и соларни панели на куќи. Во новите експлозии загинаа повеќе од 30 луѓе, но бројот може да се зголеми. За два дена беа ранети вкупно повеќе од 3.000, пренесе Индекс. Израел најави почеток на „нова фаза од војната“. Прелиминарната истрага открила дека стотиците пејџери што експлодираа низ Либан биле однапред програмирани да се активираат, изјави за АФП извор од безбедносните сили. Изворот тврди дека податоците покажуваат дека уредите содржеле експлозивни материјали поставени до батеријата. Израел ќе се соочи со „уништувачки одговор од оската на отпорот“, му рекол командантот на иранската Револуционерна гарда на шефот на Хезболах, пренесува иранската државна новинска агенција ИРНА. Двајца израелски војници загинаа во близина на границата со Либан, соопшти израелската армија. Израелските медиуми јавуваат дека еден војник загинал од дрон, а друг од противтенковска ракета. Израел и Хезболах продолжија да разменуваат оган по смртоносните експлозии низ Либан во вторникот и средата. Шефот на Хезболах Хасан Насрала зборуваше за тоа како тие имаат намера да одговорат. „Во името на сите оние кои изгубија членови на семејството или беа повредени, во името на сите оние кои се бореа во име на Газа, им кажуваме на Нетанјаху и Галант, непријателот, дека либанскиот фронт нема да исчезне пред да заврши агресијата во Газа. “, рече тој. „Јасно велам: без оглед на последиците, без оглед на жртвите, без оглед на сценаријата, нема да престанеме да го поддржуваме отпорот во Газа и Западниот Брег и сите повредени на окупираните територии“, додаде тој. Тој тврди дека овонеделните напади низ Либан имале за цел да ја поткопаат инфраструктурата на милитантната група. Тој истакнува дека „израелскиот непријател“ ги планирал нападите за да предизвика поделби во Хезболах. Тој потврди дека највисоките функционери на Хезболах не го носеле моделот на пејџерот што експлодирал. „Нашата инфраструктура не е потресена“, рече тој, нагласувајќи дека наместо тоа „таа е силна, моќна, кохерентна и не може да биде потресена од таков напад“. „Нека знае непријателот дека она што се случи не ја разниша нашата вера, решителност, подготвеност или инфраструктура. Напротив, нè направи порешителни, посилни и поцврсти. Ако целта на Израел беше да не одвои од она што се случува во Газа, не успеа“, порача тој. Тој директно му се обрати на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека Израел нема да може да ги врати своите граѓани на северот на земјата, долж границата со Либан, се додека траат борбите во Газа. „Нема да можете да ги вратите луѓето од север на север... Ниту една воена ескалација, ниту убиства, ниту атентати и ниту една сеопфатна војна не може да ги врати жителите на границата со Либан“, рече тој. Тој најави дека овонеделните напади ќе бидат дочекани со „праведна казна“. „Нема да зборувам за местото, времето, локацијата, деталите. Ќе знаете кога ќе се случи. Пресметката ќе се случи. Деталите нема да ги откриеме сега, бидејќи сме во многу чувствителна фаза од битката.“ го заврши својот говор Насрала.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Автомобилизам„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“Новиот „Mustang Cobra“ доаѓа во 2027 година, но потенцијалните купувачи ќе мора брзо да дејствуваат.„Ford“ го подготвува враќањето на значката „Cobra“ на „Mustang“, а новиот спортски модел треба да продолжи таму каде што застана „Shelby GT350“. Се очекува да има атмосферски V8 мотор, мануелен менувач и моќност од најмалку 550 КС. „Ford Racing“ објави кратко тизер видео со кое се потврдува пристигнувањето на нов „Mustang“ со мотор развиен врз основа на искуството од трките. Премиерата е најавена за 2027 година, а сè укажува на враќање на значката „Cobra R “. You’ll want to hear this. For the drivers, with an all-motor heart born from racing. Ford Mustang Cobra, a Legacy Reborn. The story continues in 2027. https://t.co/fogI982jfl — Ford Racing (@FordRacing) November 10, 2026 Според информациите објавени од „Ford Authority“, новиот модел ќе биде духовен наследник на „Mustang Shelby GT350“, а треба да пристигне во салоните како модел од 2028 година. Производството би можело да трае релативно кратко, до моделската година 2029 година. Под хаубата се очекува атмосферски 5,2 или 5,4-литарски V8 мотор, поврзан со шестстепен мануелен менувач „Tremec“. Официјалните бројки за моќност сè уште не се објавени, но се проценува дека моторот би можел да развие помеѓу 550 и 575 КС. За споредба, претходниот „Mustang Shelby GT350“ користеше 5,2-литарски „Voodoo V8“ со 533 КС и 582 Nm вртежен момент. Сегашниот „Mustang Dark Horse“ со 5,0-литарски V8 мотор развива 508 КС, додека „Dark Horse SC“ има дури 806 КС. Враќањето на името „Cobra“ има и финансиска позадина. „Ford“ повеќе не сака да му плаќа на „Shelby American“ за користење на неговото име. Според текстот, „Ford“ претходно плаќал околу 800 долари за секој продаден „Shelby Mustang“, што вкупно изнесувало повеќе од 30 милиони долари трошоци за лиценцирање. Затоа, новиот модел би можел да се нарече „Cobra“ наместо „Shelby GT350“. Последен пат кога „Ford“ ја користеше оваа ознака беше на почетокот на 2000-тите, на моделот „Mustang SVT Cobra“ со V8 мотор со компресор. Извор: Б92Тагови: Ford Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаКирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!Емил Кирјас, испрати остра, директна и отрезнувачка порака за улогата на Европската Унија во современиот геополитички поредок.На состанокот на европските либерали во Даблин за време на неформалниот самит на ЕУ, претставникот на Либерално-демократската партија (ЛДП), Емил Кирјас, испрати остра, директна и отрезнувачка порака за улогата на Европската Унија во современиот геополитички поредок, истакнувајќи дека времињата на безусловно следење на европските лидери се минато, а граѓаните во регионот сè погласно ја гледаат хипокризијата и недостигот на конкретни резултати. Кирјас ги повика европските колеги да ја прифатат новата глобална реалност, нагласувајќи дека четврт век подоцна светот е далеку покомпетитивен и дека Европската Унија повеќе не е единствениот „производ“ на светската сцена. „Мораме да сфатиме и да прифатиме дека 2026 година не е 2001 – 25 години подоцна светот изгледа многу поразлично и е далеку покомпетитивен. Ако порано единствената опција и модел што можеа да го видат граѓаните беше европскиот модел, денес на пазарот постојат и кинески, и руски, и турски модел, па во последно време и американски модел кој е различен од европскиот. За нас, особено за либералите, европскиот модел на благосостојба, економски развој, слобода на говор, просперитет и гарантирање на правата е најдоброто решение. Но, не можеме да очекуваме дека граѓаните секогаш слепо ќе ги слушаат своите лидери, нема да ги следат вестите и нема сами да носат одлуки за тоа кој е способен да преземе решенија, да го исполни ветеното, да гледа визионерски и да проектира моќ на светската сцена“, порача Кирјас во Даблин. Тој предупреди дека европските институции се наоѓаат во состојба на самоодрекување од глобалната реалност и веќе не се доживуваат како морализирачка сила во регионот. Како што објасни пред присутните, дури и во Македонија веќе не се зборува само за формално членство во ЕУ, кое за многу граѓани стана непривлечен поради долгогодишните блокади и неисполнети ветувања, туку за градење држава според стандардите на земји како Бенелукс, Данска, Ирска или Естонија. „Ако не направиме сѐ во наша моќ за повторно да ги направиме европската идеја и европскиот проект атрактивни, ќе имаме огромен проблем – не само со граѓаните, туку и со иднината на нашиот континент. Време е да престанеме да гледаме на нашиот проект како на единствена солуција во светот. Нашите граѓани сакаат да живеат просперитетно, да говорат слободно и да имаат правна држава, но тоа значи дека и на европско ниво сите мора да бидат подеднакво почитувани – без надменост, без надредување, без второкласни граѓани и без наметнување каде што само еден одлучува и ги суди другите, туку систем каде што сите си помагаме еден на друг. Колку побрзо го направиме тоа, толку ќе биде подобро за сите нас во Европа“, заклучи Емил Кирјас во своето излагање пред европските либерали на состанокот на АЛДЕ. Либерално-демократска партијаТагови: Емил Кирјас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на МицкоскиЕден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори. Еден ден се фали со економси раст, друг ден признава дека државата нема пари. Неговите противречни изјави ја разобличуваат целата владина пропаганда, сите негови лаги. И ММФ ги разби бајките на Мицкоски. Каква трета економија, Македонија е на дното во Европа. Според проекциите на ММФ, Македонија е на 41. место меѓу 48 европски економии по БДП по жител, со 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија, Црна Гора и Албанија. Разликата со најбогатите европски економии останува огромна. Ова е реалната состојба на македонската економија. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите. Ова е сè она за што СДСМ предупредува последната година. Сега потврдено и од ММФ. Реалноста е дека има 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е дека луѓето живеат полошо. Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата. Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата – само бајки. Пари во буџетот нема, пари за граѓаните нема. Но знаеме каде има – кај Мицкоски и неговата банда. Вистината е сега на виделина, и со скандалот со Алта банка, и со неговите врски со Вучиќ. За сè ова, одговорност ќе има. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00