СветИран: Се договоривме со Кина за Ормутскиот теснецИран почна да дозволува одредени кинески бродови да минуваат низ Ормускиот теснец откако постигна договор за иранските правила што го регулираат водниот пат.Иран почна да дозволува одредени кинески бродови да минуваат низ Ормускиот теснец откако постигна договор за иранските правила што го регулираат водниот пат, објави денеска полуофицијалната новинска агенција Фарс, повикувајќи се на упатен извор. Извештајот на агенцијата Фарс беше објавен кога американскиот претседател Доналд Трамп, кој е во државна посета на Кина, постигна договор со кинескиот претседател Си Џинпинг дека Ормускиот теснец мора да остане отворен за слободен проток на енергија. Изворот за Фарс изјави дека одлуката е донесена по барањата на кинескиот министер за надворешни работи и кинескиот амбасадор во Иран, при што Техеран се согласил да го олесни преминувањето на одреден број кинески бродови во согласност со стратешкото партнерство на двете земји. Блокада на пристаништата По почетокот на американските и израелските напади на 28 февруари, Иран значително го ограничи сообраќајот низ Ормускиот теснец. Американската блокада на иранските пристаништа, воведена неколку дена по договореното примирје на почетокот на април, ја продолжи кризата на водниот пат низ кој минува една петтина од светскиот сообраќај на нафта и природен гас. Не беше веднаш јасно до кој степен овој потег ќе ја промени ситуацијата на терен, со оглед на тоа што Иран веќе за време на војната посочи дека неутралните бродови, особено оние поврзани со Кина, можат да поминат низ теснецот доколку се координираат со иранските вооружени сили. Податоците од следењето на бродовите покажаа дека кинески супертанкер што превезувал два милиони барели ирачка сурова нафта поминал низ Ормутскиот теснец во среда откако бил блокиран во Персискиот Залив повеќе од два месеци поради американско-иранската војна.Тагови: Иран Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ТехнологијаПакистански астронаут ќе биде првиот странец на кинеската вселенска станица Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг.Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг, објавија кинеските државни медиуми во саботата. Првиот странски посетител на вселенската станица ќе учествува во мисијата како специјалист за товар, објави CCTV, повикувајќи се на Кинеската агенција за вселенски летови со екипаж. Идентитетот е непознат Кина не го откри идентитетот на астронаутите, но функционер во вселенската агенција на Пакистан изјави за Ројтерс во септември дека пилотите Зишан Али и Курам Дауд поминале месеци обука во Кинескиот центар за истражување и обука на астронаути во Пекинг, подготвувајќи се за мисијата. Пекинг сè уште не го објавил датумот на мисијата. Историското значење на летот CCTV известува дека астронаутот, по завршувањето на краткорочниот лет во орбитата, ќе се врати на Земјата со вселенското летало Шенжоу-23. Ова е првиот заеднички вселенски лет во кој учествуваат кинески и странски астронаути во историјата на кинеската програма за вселенски летови со екипаж, и сè се одвива во рамките на „вселенската дипломатија“ на Пекинг.Тагови: вселенска станица астронаут Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Со Дреново и Возарци ги заокружуваме средбите со граѓаните во урбаните и месните заеднициПоследните средби на терен ги посветивме на разговори со жителите на овие две населени места, нивните потреби, предлози и конкретни иницијативи за подобрување на секојдневното живеење. Со завршувањето на посетите, добиваме јасна слика за приоритетите во сите урбани и месни заедници, кои ќе бидат земени предвид при креирањето на Програмата за работа за 2027 година. Нашата определба останува иста – развој со јасна визија, конкретни планови и еднаков пристап кон секое населено место. Кавадарци го градиме заедно, со граѓаните и за граѓаните, објави на ФБ градоначалникот на кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ЕвропаПетмина руски функционери се во делегацијата за преговори за Украина во Абу Даби Русија на претстојните трилатерални разговори со САД и Украина во Абу Даби ќе биде претставена од помошникот на претседателот Владимир Медински, заменик-министрите за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија на претстојните трилатерални разговори со САД и Украина во Абу Даби ќе биде претставена од помошникот на претседателот Владимир Медински, заменик-министрите за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин, како и претставници на Генералштабот Игор Костјуков и Јуриј Жигарловски. Тие присуствуваа на состанокот на рускиот претседател Владимир Путин со постојаните членови на Советот за безбедност во петокот, на кој разговараа за претстојните разговори закажани за вторник, објави Интерфакс. Песков потврди дека споменатите функционери ќе учествуваат во разговорите, додека помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, кој исто така присуствуваше на состанокот, ќе ги надгледува преговорите во својство на помошник на Путин за меѓународни работи. Путин претходно изјави дека ги поканил на состанокот функционерите кои ќе учествуваат во претстојните трилатерални разговори, кои вчера објави дека ќе се одржат на 10 ноември во Абу Даби.Тагови: Абу Даби украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook