3ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба и не сакаат државата да се развива
СветИран поставува седум услови за САД: „Во интерес на Вашингтон е да ги прифати овие услови“Иран му достави на САД седум услови за почеток на какви било преговори, соопшти Мохсен Резаеи, секретар на иранскиот Врховен совет за национална безбедност. Целосната листа на услови сè уште не е објавена. „Техеран му пренесе на Вашингтон седум услови за почеток на какви било преговори. Пораката на Техеран е јасна и недвосмислена: доколку Вашингтон сака да излезе од ќорсокакот што самиот го создаде и да избегне уште подлабоко да заглави во него, нема друг избор освен да ги прифати правата и условите на Иран“, напиша Резаеи на платформата „Икс“ (X). Неколку часа претходно, во интервју за „Ал Џезира“, Резаеи ги откри трите барања што Иран ги поставува за завршување на војната: прекин на војната на сите фронтови, одмрзнување на иранските средства и укинување на американската поморска блокада. „Нашите услови се: прекин на војната на сите фронтови, одмрзнување на нашите средства и прекин на поморската блокада“, рече Резаеи. Тој не ги откри преостанатите четири услови. Според него, Катар, како посредник, веќе ги пренел барањата на Иран до Вашингтон, а Техеран сега го очекува одговорот на актуелниот американски претседател Доналд Трамп. „Остануваме во контакт со посредникот Катар, кој ги пренесе нашите услови до Вашингтон со цел да се стави крај на војната. Го очекуваме одговорот на претседателот Трамп“, изјави Резаеи. Истовремено, еден ирански функционер предупреди дека Техеран е подготвен да го продолжи конфликтот доколку преговорите пропаднат. „Во интерес на Вашингтон е да ги прифати овие услови. Заканите на Трамп нема да донесат никаков резултат. Подготвени сме за одлучувачка војна“, изјави Резаеи за Ал Џезира.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалФото: Нејмар го изненади ОлисеФранцускиот репрезенативец Мајкл Олис блесна во победата на Баерн Минхен над Унион Берлин, а по натпреварот доби подарок што не го очекуваше.Францускиот напаѓач постигна три гола и запиша една асистенција, потврдувајќи дека е еден од клучните играчи на Баварците оваа сезона. Сепак, она што се случи по натпреварот привлече речиси исто толку внимание колку и неговата игра на теренот. Олисе доби дрес од Нејмар, а подарокот му го врачи новинарката Изабела Паљари. Таа веќе еднаш приреди слична сцена, кога му го подари дресот на бразилската ѕвезда на Дезире Дуе. За Олисе, кој важи за многу повлечен фудбалер и човек чии прослави на голови се главно крајно смирени, реакцијата беше необична. Кога го виде дресот на Сантос, на лицето му се појави широка насмевка. Дресот пристигна како еден вид порака од Нејмар, поранешниот играч на Пари Сен Жермен и Барселона, а Олисе возврати на гестот. Французинот потоа му го испрати својот дрес на Бразилецот, со што продолжи оваа интересна размена.Тагови: Баерн Минхен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВтор ден од изборите во Русија-Излезност над 40 проценти Според податоците на Централната изборна комисија на Русија, излезноста на изборите за пратеници во деветтиот состав на руската Државна дума изнесуваше 44,38 проценти по вториот ден од гласањето.Гласањето започна во петокот, а претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова, изјави дека изборите се одвиваат вообичаено, и покрај обидите за провокации, пренесува „РИА Новости“. На изборите за Државната дума учествуваат 10 политички партии: „Единствена Русија“, ЛДПР, Партија на директна демократија, „Зелените“, „Праведна Русија“, „Родина“, Комунистичка партија на Руската Федерација (КПРФ), Партија на пензионерите, „Комунисти на Русија“ и „Нови луѓе“. Гласањето ќе трае до вечерва на 20 септември. Повеќето избирачки места се отворени од 8:00 до 20:00 часот, додека на некои избирачки места во пограничните области времето за гласање е скратено. Електронското гласање од далечина се спроведува во 33 региони, а на изборите учествуваат повеќе од 380.000 набљудувачи, вклучително и повеќе од 1.000 странски набљудувачи од 133 земји и 13 меѓународни организации. Според „РИА Новости“, жителите на самопрогласените Доњецка и Луганска Народна Република, како и на Запорошката и Херсонската област, за првпат избираат пратеници во Државната дума. За нив, како и за гласачите во одредени погранични региони, достапно е предвремено гласање. Во странство, во 152 земји, беа отворени 333 избирачки места.Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ФудбалРафиња, па Меси, а пред двајцата – Роналдо Бразилецот Рафиња и Барселона се недостижни за конкуренцијата во оваа рана фаза од сезоната.Каталoнците ја остварија својата седма победа во исто толку натпревари – и тоа седма убедлива и доминантна – во саботата навечер против Севиља (3:1). Рафиња повторно беше централна фигура на натпреварот оваа сезона. Тој постигна нов хет-трик, втор по ред (му даде три гола и на Расинг во претходното коло) и ја продолжи својата неверојатна серија, потврдувајќи дека е во формата на својот живот. Со тоа, тој веќе го надмина рекордот на легендарниот Лионел Меси по бројот на голови во првите седум натпревари од сезоната. Напаѓачот на Барса моментално има постигнато 12 гола во Ла Лига – еден повеќе од легендарниот Аргентинец – но сепак му недостасува уште еден гол за да го израмни рекордот на Кристијано Роналдо. Португалецот своевремено, во сезоната 2014/2015, постигна 13 гола на првите седум натпревари од сезоната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook