3Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката во образованието и науката
СветИран побара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради нападот на Израел Техеран синоќа побара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради завчерашниот напад на Израел врз Иран, соопшти иранската мисија во Обединетите нации.„Исламската Република Иран бара од претседателот на Советот за безбедност да свика итен состанок за да разговара за ова сериозно прекршување и незаконски дејствија и да го изведе овој криминален режим пред лицето на правдата“, се вели во писмото на постојаниот претставник на Иран во ОН, Амир Саид Иравани. Тој го упати писмото до актуелниот претседател на Советот за безбедност на ОН, швајцарскиот претставник Паскал Кристин Берсвил и генералниот секретар Антонио Гутереш. За време на израелскиот напад врз Иран, кој траеше пет часа, гаѓани биле 20 цели во таа земја, а загинаа четворица војници. Серија експлозии се слушнале во околината на Техеран веднаш откако израелската војска објави дека се водат напади врз воени цели во Иран како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 1 октомври./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРазоткриена мрежа за шверц на кокаин во ЕвропаВо Швајцарија се уапсени 41 лице како дел од меѓународна операција насочена против мрежа осомничена за шверц на кокаин и перење пари, соопшти Европол.Истражителите ја поврзуваат оваа мрежа со запленувањето на над 750 килограми кокаин во Антверпен. Меѓународна истрага, поддржана од Европол и Евроџаст, разоткри криминална мрежа осомничена за шверц на големи количества кокаин од Еквадор и други земји од Латинска Америка во Европа – практика што постои најмалку од 2019 година – при што истовремено се вршело и перење на средствата стекнати од трговијата со дрога. Истрагата беше предводена од швајцарското Федерално обвинителство и Федералната полиција. Операцијата се спроведе на 10 и 11 ноември на територијата на Швајцарија, Чешка, Германија, Холандија и Шпанија. Во Швајцарија беа извршени претреси на 55 локации, а за пет од 41 уапсено лице беше побаран притвор. Европол исто така соопшти дека петмина осомничени се приведени во Германија. Во Белгија откриени 750 килограми кокаин Истражителите ја поврзуваат мрежата со неколку заплени на кокаин, вклучително и една од август оваа година, кога во белгискиот град Антверпен беа откриени повеќе од 750 килограми од оваа дрога, скриени во кутии испратени од Латинска Америка. Според Европол, увозот бил овозможен преку фиктивни компании регистрирани во Швајцарија и Холандија, додека се претпоставува дека заработката од шверцот се перела преку компании во Чешка, Германија и Швајцарија. Во земјите што учествуваа во оваа операција, досега се запленети повеќе од 2,3 милиони швајцарски франци, криптовалути во вредност од 50.000 франци и 15 парчиња огнено оружје. Во Германија се запленети околу 1,3 милиони евра во готовина, додека во Чешка се одземени околу еден милион евра и 850.000 чешки круни. Европол ја поддржува истрагата уште од 2022 година, преку олеснување на размената на информации, анализа на податоци и координација на активностите. Евроџаст поддржа заеднички истражен тим кој ги обедини надлежните органи од пет земји за да ги координираат истрагите и да разменат докази. Фото: ВИ Извор: Индекс.хрТагови: Европа кокаин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје!Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.„13 Ноември е еден од најзначајните датуми во историјата на нашиот главен град, денот кога Скопје ја дочека слободата и го означи почетокот на едно ново поглавје во своето историско постоење. На овој ден се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и непоколебливата решителност на борците кои го положија својот живот за слободата, достоинството и иднината на генерациите што доаѓаат. Нивната борба е трајно вградена во темелите на современо Скопје и претставува обврска да го чуваме историското паметење и вредностите врз кои се гради едно слободно општество.“- напиша Мицкоски. Тој потенцираше дека денес нашата одговорност е да продолжиме да го градиме Скопје како модерен, уреден, безбеден и достоинствен европски град, град на можности, солидарност и просперитет за сите негови граѓани. „Скопје не е само географски и административен центар, туку срцето на нашата државност, нашиот заеднички дом и симбол на истрајноста на македонскиот народ. Со почит кон минатото, одговорност кон сегашноста и визија за иднината, да продолжиме да создаваме град со кој ќе се гордеат сегашните и идните генерации. Честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје!“- додава Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Технологија„Microsoft“ се огласи по глобалниот прекин на услугите: „Работите не се одвиваат според планот“Од „Microsoft“ соопштија дека напорите за решавање на проблемот – за кој не се верува дека е резултат на сајбер-напад – не ги дале очекуваните резултати.Американската технолошка компанија изјави дека работи „итно“ на решавање на прекините во услугите, кои влијаеле врз голем дел од нејзините понуди. Во петок, „Microsoft“ пријави „делумно обновување“ на услугите во одредени региони, но напомена дека преземените мерки сè уште не обезбедиле трајно решение. Компанијата наведе дека разгледува „дополнителни чекори“ за „подобрување на севкупната стабилност на инфраструктурата“, притоа припишувајќи ги проблемите на „зголемено оптоварување“ на нејзината инфраструктура. „Ја цениме трпеливоста и разбирањето додека работиме итно на решавање на овој инцидент“, додадоа од „Microsoft“. Извештаите за проблеми со „Outlook“ – програмата за е-пошта на компанијата – се зголемија на приближно 130.000 на веб-страницата „Downdetector“ (која следи прекини во работата на сервисите) веднаш по 13:00 часот по источно време во четвртокот. Корисниците исто така пријавија потешкотии при пристапот до „Microsoft Teams“, апликацијата на компанијата за деловна комуникација, како и до асистентот со вештачка интелигенција „Copilot“ и други услуги во рамките на пакетот „Microsoft 365“. Од компанијата посочија дека проблемите би можеле да влијаат врз корисниците во кој било регион. „Microsoft“ објави на социјалните мрежи дека серверите станале недостапни и не ги поминувале автоматските проверки на функционалноста, што создало дополнителен притисок врз оние сервери што останале оперативни. Компанијата соопшти дека тестира промена во конфигурацијата за прераспределба на сообраќајот – кој се интензивирал во одредени делови од инфраструктурата – и дека ги рестартира погодените услуги за повторно да ги стави во функција. „Работиме на тоа безбедно да ги вратиме услугите во функција“, изјавија од компанијата. Сепак, американската компанија извести дека напорите за обновување не напредуваат според очекувањата, при што во петок наутро беа пријавени проблеми во Азија и Австралија. Австралискиот министер за внатрешни работи и сајбер-безбедност, Тони Бурк, изјави дека според „Microsoft“, ова не е сајбер-напад. „Тие веруваат дека се соочуваат со нешто слично на она што го видовме кај „CrowdStrike“ – ажурирање што тргнало наопаку“, изјави Бурк на прес-конференција. „Последиците со кои се соочуваат... значително влијаат врз системите за е-пошта“, додаде тој. Австралиската разузнавачка агенција и федералната полиција се меѓу организациите погодени од овој прекин. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter