Балканските лидери повикаа на помирување, но си упатија и обвинувања за двојни стандарди и злосторства
СДСМ: Дефокус и напад врз СДСМ токму на денот кога го објавивме планот за распродажба преку рудниците
1Балканските лидери повикаа на помирување, но си упатија и обвинувања за двојни стандарди и злосторства
2СДСМ: Дефокус и напад врз СДСМ токму на денот кога го објавивме планот за распродажба преку рудниците
Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
2Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна
2Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна
СветИран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и ИзраелКомандант на воздухопловните сили на Иранската револуционерна гарда најави дека Иран во текот на ноќта ќе лансира повеќе ракети кон Израел.„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи за лансирање“ ќе ги шокираат САД и Израел.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотМеланија: Имав многу убаво детство во ЈугославијаПрвата дама на САД, Меланија Трамп изјави дека имала „многу убаво детство“ растејќи во услови на комунизам во Словенија која беше дел од Југославија. Нејзиниот поглед на тој период се разликува од реториката на нејзиниот сопруг, претседателот Доналд Трамп, кој редовно го претставува комунизмот како закана за Соединетите Држави. „Растев во комунизам и навистина ништо не ми недостасуваше“, рече Меланија Трамп во интервју за „Фокс бизнис“ (Fox Business). „Мислам дека имав многу убаво детство, а моите родители ѝ обезбедија прекрасен живот на моето семејство.“ Нејзините изјави доаѓаат во време кога Доналд Трамп често го користи терминот „комунизам“ за да ги напаѓа демократите и демократските социјалисти. „Тие себеси се нарекуваат демократски социјалисти, но всушност се комунисти“, рече тој на партиската конвенција овој месец. Во својот говор по повод Денот на независноста, Трамп изјави: „Комунизмот е систем што губи и секогаш ќе биде таков“. Тој додаде дека американските војници не се бореле против комунизмот низ светот само за таа закана да се појави во Америка. Трамп исто така рече дека Демократската партија „се претвора во комунистичка партија“ и ги нарече некои демократи „окорели комунисти без вера во Бога“. Тој исто така предупреди дека победата на демократите би можела да доведе до создавање „комунистичка пратеничка група“ во Конгресот. Неговите изјави делумно се однесуваа на прогресивните кандидати кои победија на внатрепартиските избори во 2026 година. Сепак, демократскиот социјализам и комунизмот не се синоними; тие претставуваат различни политички традиции. Меланија Трамп, родена како Меланија Кнавс во 1970 година во Ново Место, израснала во тогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Таа се преселила во Соединетите Држави во 1990-тите за да се занимава со манекенство, а американска државјанка станала во 2006 година. Кога ја прашале дали растењето во комунизмот влијаело врз нејзиното сфаќање за слободата, таа одговорила дека нејзиното детство било позитивно. „Сепак, имаше одредени работи на кои требаше да се внимава“, рекла таа. „Мораше да внимаваш што правиш.“ Таа објасни дека во тоа време не постоела слобода?? каква што денес има во САД и дека времињата биле поинакви. Југославија била федерација под комунистичко раководство, но нејзиниот систем се разликувал од советскиот модел откако Јосип Броз Тито ги прекинал односите со Сталин во 1948 година. BRIAN KILMEADE: "Why is it that Eastern Europeans like yourself fully understand the gift of freedom and liberty better than Western Europeans, and sometimes better than Americans? What is it about how you grew up?" FIRST LADY @MELANIATRUMP: "I grew up under the communism... I feel I had very beautiful childhood. And my parents provide a beautiful childhood for my family. But yes, there are some certain things that, you know, you need to be aware of. And you watched over what you do. It's not as free as here in the United States now. It's different time, but when I was growing up was not." | @kilmeade — FOX & Friends (@foxandfriends) September 23, 2026 Земјата развила сопствена форма на социјализам, која вклучувала работничко самоуправување, и останала независна од советскиот блок. Словенија била економски најразвиената од шесте републики. Тензиите се зголемиле по смртта на Тито во 1980 година, а Словенија прогласила независност.Тагови: Меланија Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканБалканските лидери повикаа на помирување, но си упатија и обвинувања за двојни стандарди и злосторства Од Косово и меѓународното право, преку европската иднина на регионот, до нов судир меѓу Белград, Загреб и Подгорица околу војните и минатото. Балканските лидери и од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации ги отворија старите регионални спорови додека регионот долго чека пред вратите на ЕУ. Најдиректен беше српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој порача дека меѓународниот поредок заснован врз Повелбата на ОН е сериозно нарушен и оцени дека правилата повеќе не важат подеднакво за сите држави, особено за помалите. -Сакам да им се заблагодарам поединечно на сите 107 земји што не ја признаа еднострано прогласената независност на т.н. Косово. Знаеме дека многу од тие држави биле подложни на притисок и знаеме дека одржувањето на принципиелна позиција понекогаш е далеку потешка отколку што изгледа од надвор. Ви благодарам што бевте доследни во непризнавањето на дел од територијата на Србија – изјави Вучиќ. Веднаш по него, од говорницате, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ повика на трајно помирување на Западен Балкан, истакјувајќи дека сепак тоа не може да се гради врз негирање на минатото, селективна правда или величење лица осудени за воени злосторства. - Иднината на целиот Балкан е во рамките на ЕУ. Нашиот регион го носеше товарот на поделби предолго време. А новото поглавје се заснова преку соработка, поврзаност, економски можности и економска интеграција. Трајното помирување не може да се гради, врз негирање, селективни пристапи кон правдата и глорификација на оние кои сториле воени злосторства – изјави Милатовиќ. Но, регионалните несогласувања најсилно дојдоа до израз меѓу Белград и Загреб. Вучиќ ја обвини Хрватска за толерирање на фашистички и нацистички симболи и пораки и за, како што оцени, величење на делови од нејзиното минато поврзани со усташкото движење за коа што истакна дека Српскиот народ тоа нема да го толерира. На спрскиот претседател му возврати хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, критикувајќи ја Србија поради почестите за Ратко Младиќ и кршење на европските вредности. -Помирувањето станува можно кога ќе се признае одговрноста за злосторствата од минатотто и кога ќе се отфрли нивното величење. Воените и официјалните почести укажани на Младиќ во Србија претставуваат навреда за неговите жртви и за пресудите на меѓународните судови. Учеството на државните претставници и јавното одобрување што следеше по церемноијата се во целост спротивност со вредностите на Унијата кон која Србија сака да пристапи. Сепак, балканските лидери во дел од своите говори од Њујорк повикаа на европска иднина и помирување на регионот, но покажаа дека старите спорови сè уште силно ја диктираат сегашноста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Дефокус и напад врз СДСМ токму на денот кога го објавивме планот за распродажба преку рудниците Токму денеска, кога го откривме планот на Мицкоски за распродажба на Македонија преку давање на рудниците и труење на народот за туѓи интереси и профити.Токму денеска, кога објавивме мегаскандал: приватна компанија за оружје плаќала над 1,5 милиони долари за лобирање за Мицкоски. Кога на јавноста ѝ станува јасно зошто Мицкоски договара антимон без да го праша народот: за милиони да завршат во приватни џебови. Денеска дефокус и напад врз СДСМ од платформата на Мицкоски, ЗНАМ 2.0. Дефокус и напад врз СДСМ и претседателот Филипче од луѓе купени со тендери вредни 1,6 милиони евра. Одговорот на едно едноставно прашање целосно ги разобличува: Кому му одговара да се пренасочи вниманието на јавноста со ваков дефокус? Кому му одговара да не се зборува за криминалот на Мицкоски и за распродажбата на Македонија? Одговорот е еден: На шефот на организираната криминална група, арамијата Христијан Мицкоски! Сè е јасно. Граѓаните и членовите на СДСМ не се наивни. Сите гледаат дека единствено СДСМ и претседателот Филипче се секојдневно на терен со граѓаните и деноноќно се борат против бандата на Мицкоски. ВМРО е во слободен пад. Арамијата веќе нема рејтинг. Не постои друга опозиција во Македонија. Затоа сакаат да ја срушат СДСМ, но од тоа нема да има ништо. Порака до сите нив: сите ќе одговарате, а власта ќе ја вратиме во рацете на народот. ЗНАМ 2.0 нема да помине! No pasaran!, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook