Иран му забрани влез во земјата на шефот на МААЕ- одбиваат и да постават камери во нуклеарките - Канал 5

Иран му забрани влез во земјата на шефот на МААЕ- одбиваат и да постават камери во нуклеарките

Иран нема да му дозволи на директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, да ја посети земјата.

Иран му забрани влез во земјата на шефот на МААЕ- одбиваат и да постават камери во нуклеарките

Иран нема да му дозволи на директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, да ја посети земјата, изјави заменик-претседателот на иранскиот парламент, Хамидреза Хаџи Бабаи, денес на новинарите на погребот на ирански воен персонал и нуклеарните научници во Техеран.

Според медиумските извештаи, како што рекол Бабаи, „Иран повлекува црвена линија“ и нема да дозволи камерите на агенцијата да бидат инсталирани во нивните нуклеарни центри, бидејќи се шират гласини дека информациите за нуклеарните постројки стигнале до Израел, објави Анадолија.

На 26 јуни, Консултативниот совет на Иран одобри закон со кој се суспендира соработката на парламентот со МААЕ.

Оваа одлука на Иран доаѓа во време на длабока регионална криза и неодамна завршениот директен воен конфликт со Израел.

Овој потег следеше по израелските воздушни напади врз три клучни ирански нуклеарни постројки - Фордоу, Натанц и Исфахан - на 13 јуни, во кои беа убиени високи воени лидери на Револуционерната гарда, девет нуклеарни научници и други истакнати безбедносни функционери. Како одговор, Иран започна масовен ракетен и беспилотен напад врз израелски цели, вклучувајќи го и Тел Авив, истата вечер, предизвикувајќи значителна материјална штета и цивилни жртви.

Само неколку дена подоцна, на 22 јуни, САД извршија напади врз гореспоменатите нуклеарни постројки, а претседателот Доналд Трамп изјави дека мисијата била „многу успешна“ и дека бомбите целосно го уништиле примарниот постројка во Фордоу.

Во атмосфера на растечка недоверба и тензии, на 26 јуни, иранскиот парламент, со одобрение од Советот на чуварите, усвои закон со кој се суспендира соработката со МААЕ, а иранските власти отворено ја обвинија агенцијата за олеснување на протекувањето на класифицирани информации што наводно стигнале до израелската страна.

Коментар: „Северномакедонецу“ Апасиев, ќе „гукнеш“ ли нешто за навредите од Бугарија?

Димитар Апасиев подобро познат како Димче е во „политичка нирвана“ додека сите сериозни македонски партии се огласија по повод негацијата на македонштината од страна на Бугарија во Европскиот парламент, и ти да не си во КАТАРЗА?

Коментар: „Северномакедонецу“ Апасиев, ќе „гукнеш“ ли нешто за навредите од Бугарија?

Просто е неверојатно како македонски академски граѓанин кој истовремено е и политичар и се обидува да го завземе централниот извршен трон на домицилната власт, не се осмелува да и одговори на бугарската политичка елита, која според мене, користи “модерни“ верзии на алатките на Гебелс а се' со цел - да го негира нашиот идентитет со сите негови атрибути.

И да, ако се прашувате, точно е, пишувам за Димитар Апасиев и неговите 5мина пратеници, јавачи на апо..пардон, на Dapple, магаренцето на Мигуел Сервантес од неговото најпознато дело.
Димитар, убеден сум дека имаш грст раце со новокреираниот стартап со посета на гробиштата, кој би требало да го именуваш како - „летен гробарски камп“ , при што веројатно најголеми барање ти и ќе ти доаѓаат за посета на гробот на Енвер Хоџа...сепак најди време да ги замолиш комрадите од Москва, ако ти се толку блиски како рускиот амбасадор овде, да им сугерираат на твоите нови „пријатели“ ( корегирај ме ако грешам за ова ) - Бугарите - да не те нарекуваат тебе и твоиве „Северномакедонци“.

Патем, те чекам во септември на „кавга“ кај мене во канал 5 ТВ, а во меѓувреме ти препорачувам да земеш по еден фуфкомицин дневно.

П.С. Гратис стартап идеја за тебе: Секој турист кој ќе се пријави за твојот бизнис - „летен гробарски камп“ а ќе биде носител на партизанска споменица, да му дадеш 50% попуст !

Уреднички коментар: Иван С. Мирчевски

Мерц го поздрави Европскиот фонд за обнова на Украина

-Огромните трошоци за обнова на Украина не можат да се покријат исклучиво од јавни средства, рече Мерц на почетокот на дводневната конференција на високо ниво во Рим, пренесуваат британските медиуми.

Мерц го поздрави Европскиот фонд за обнова на Украина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја пофали идејата за лансирање на европскиот фонд насочен кон мобилизирање приватни инвестиции за обнова на Украина, нагласувајќи дека огромните трошоци за обнова не можат да се финансираат само од јавни извори.

-Огромните трошоци за обнова на Украина не можат да се покријат исклучиво од јавни средства, рече Мерц на почетокот на дводневната конференција на високо ниво во Рим, пренесуваат британските медиуми.

За да се обезбедат потребните средства за обнова, Германија, Франција, Италија и Полска, во соработка со Европската инвестициска банка и Европската комисија, ќе соберат средства од Европскиот фонд за обнова на Украина.

Мерц нагласи дека целосно ја поддржува целта на овој фонд - мобилизација на големи приватни инвестиции што ќе овозможат закрепнување и модернизација на украинската економија.

Отворањето на фондот означува значаен чекор во обезбедувањето одржливо финансирање за долгорочна обнова на Украина, која се соочува со предизвици поради уништувањето предизвикано од војната.

Приватните инвестиции ќе играат клучна улога во процесот на закрепнување на Украина, бидејќи ќе овозможат економски раст и развој на инфраструктурата, а во исто време ќе ја намалат зависноста од исклучиво јавно финансирање.

Собранието донесе одлука за распишување оглас за избор на Народен правобранител

Собранието на денешната 59. седница донесе одлука за распишување оглас за избор на Народен правобранител.

Собранието донесе одлука за распишување оглас за избор на Народен правобранител

На седницата беше прифатен предлогот за избор на член на Комитетот за односи меѓу заедниците, од редот на Ромската заедница, а беа донесени и законите за вработените во јавниот сектор, административни службеници и за стручно усовршување и обука на административните службеници.

Прифатени и на натамошно второ читање беа дадени предлог-законите за изменување и дополнување на законите за туристичката дејност, за заштита на културното наследство и за библиотеките, како и измените на Законот за државните награди. Пратениците не го прифатија предлог законот за дополнување на Кривичниот законик.

Собранието ги усвои извештаите за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство, годишните извештаи за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување и на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењата на осигурителниот пазар, сите за во 2024 година.

Седницата треба да продолжи во 13 часот и 50 минути.

На дневен ред останаа предлог законите за изменување и дополнување на Законот за возила и на Законот за здравствено осигурување двата по скратена постапка.

Пратениците во рамките на 59. седница треба да ги разгледаат и предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, предлог закон за изменување на Законот за научно-истражувачка дејност, предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни систем и предлог на закон за изменување на Законот за воздухопловство сите по скратена постапка.

притисни ентер