Иран му одговори на Трамп со најава за напад врз постројките за десалинизација во регионот - Канал 5

Иран му одговори на Трамп со најава за напад врз постројките за десалинизација во регионот

Иранската армија денеска соопшти дека ќе ги нападне енергетската инфраструктура и постројките за десалинизација во регионот доколку американскиот претседател Доналд Трамп ги оствари своите закани за уништување на електроцентралите на Иран.

Иран му одговори на Трамп со најава за напад врз постројките за десалинизација во регионот

„Доколку непријателот ја нападне нафтената и енергетската инфраструктура на Иран, целта ќе биде целата енергетска, информатичка и инфраструктура за десалинизација што им припаѓа на САД и на режимот во регионот“, наведе Хатам ал-Анбија, портпарол на оперативната команда на војската, во соопштението објавено од новинската агенција Фарс.

Тој не прецизираше за кој „режим“ се осврнува. Иранската војска објави дека ќе ги нападне енергетската инфраструктура и постројките за десалинизација во регионот доколку Доналд Трамп ги оствари своите закани за уништување на термоцентралите на Иран.

Претходно, Доналд Трамп му даде на Иран 48 часа да ја отвори Ормуската Теснина за поморски сообраќај или ќе се соочи со уништување на иранските електрани. Заканата од САД доаѓа откако две ирански ракети погодија два града во јужен Израел синоќа, едната од нив во близина на нуклеарен истражувачки центар, при што беа повредени повеќе од 100 лица и беше предизвикана голема материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Велс прв официјално ја повлече поддршката за Инфантино

Фудбалскиот сојуз на Велс стана првиот сојуз што официјално ја повлече својата поддршка за реизборот на Џани Инфантино за претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за мандатот до 2027 година.

Велс прв официјално ја повлече поддршката за Инфантино

Се известува дека Велс испратил писмо до ФИФА во кое се наведува дека ја изгубиле довербата во Инфантино и неговото раководство по обидот за продажба на натпреварувањето што се одвива под покровителство на ФИФА.

„Неодамнешните неуспеси во областите на доброто управување, лидерството, вредностите, односите со засегнатите страни, комуникацијата и разумното одлучување нè доведоа до ситуација во која Инфантино ја изгуби довербата на Фудбалскиот сојуз на Велс за да остане на чело на светскиот фудбал“, се наведува во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Велс.

Се нагласува дека тоа што интересите на фудбалот не се ставени на прво место претставува пропуст што не може да се прифати.

„Скај“ наведува дека соопштението на Фудбалскиот сојуз на Велс е дел од координирани активности на Европската фудбалска унија (УЕФА), која претходно побара одговорност поради обидот за продажба на Светското првенство. Во саботата, УЕФА упати критики за „тајните планови што се спроведуваат со забрзано темпо, осмислени од анонимни поединци и чија корист за самиот спорт е сомнителна“, и најави дека работи на план „за да се осигури дека вакво нешто нема да се повтори“, при што не исклучи ниту една опција. Се очекува и други фудбалски сојузи да го следат примерот на Велс и да го засилат притисокот врз Инфантино да се повлече, без потреба од иницирање гласање за недоверба. Инфантино, кој е на чело на ФИФА во изминатите 10 години и планира повторно да се кандидира, добил повеќе од 200 писма за поддршка од членките на ФИФА – вклучително и од 52 од вкупно 55-те што ја сочинуваат УЕФА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна во говорот на претседателот на Владата на Пелинце како “талог”

СДС се препозна во говорот на претседателот на Владата на Пелинце како “талог” и потврди дека е целосно во координација со надворешни агентурни центри.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна во говорот на претседателот на Владата на Пелинце како “талог”

РЕАКЦИЈА НА СДС

СДС се препозна во говорот на претседателот на Владата на Пелинце како “талогот” и потврди дека е целосно во координација со надворешни агентурни центри.

Имено, во текот на вчерашниот ден, за време на одбележувањето на илинденската прослава во селото Ташмаруништа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски, традиционално го посети ова населено место, по неговиот говор во Пелинце. Поздравен од присутните граѓани се движеше низ народот како што прилега на народен лидер, за разлика од претседателот на СДС кој бега од народот на скапи јахти и уплашен преку снимени пораки се обраќа на ден како Илинден. За време на движењето на претседателот Мицкоски низ народот, едно лице во обид да испровоцира инцидент, под дејство на алкохол, дофрлало зборови со непримерна содржина. Лицето било изолирано од присутните граѓани и легитимирано од страна на припадници на МВР. При легитимирањето лицето извадило бугарска лична карта и бугарска патна исправа.

Конструкцијата на СДС е уште еден доказ за нивните блиски релации со странски агентурни центри на влијание, а со самопрепознавањето како “талогот” во говорот на претседателот Мицкоски на Пелинце, потврдија дека антимакедонските позиции и анационакните елементи се длабоко вкоренети во СДС како политичка партија.

Кон “талогот” во СДС имаме една порака, без разлика на вашите договори со странски агентури и конструкциите темелени на ужасни лаги, нема никогаш да направиме отстапки на штета на идентитетот и државата. Вие продолжете да тонете во вашето политичко мочуриште и правете заговори на јахти на штета на идентитетот и државата, а ние заедно со народот ќе продолиме да работиме за Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Што му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа?

Вчера попладне, на Илинден, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар на ВМРО-ОКГ Драган Ковачки беше во селото Ташмаруништа.

СДСМ: Што му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа?

Објави и фотографии.

Но, прашањето е што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа?

Дали е точно дека граѓаните вербално го нападнале Мицкоски?

Дали го пцуеле незадоволни од неисполнетите ветувања?

Очигледно токму политиката на ширење омраза, раздор и поделби што ја води Мицкоски, дури и во својот говор за Илинден се причина за граѓаните да не можат да го гледаат.

Незадоволството кај граѓаните е огромно, поради катастрофалната економска состојба, труењето со вода, изолацијата на земјата и секојдневните лаги на Мицкоски.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер