Иран: Ќе потопиме американски бродови ако САД ја преземат контролата врз Ормуската Теснина - Канал 5

Иран: Ќе потопиме американски бродови ако САД ја преземат контролата врз Ормуската Теснина

Висок воен советник на врховниот лидер на Иран предупреди дека Иран ќе потоне американски бродови во Ормуската Теснина ако САД се обидат да го „контролираат“ стратешкиот воден пат, објави Анадолија.

Иран: Ќе потопиме американски бродови ако САД ја преземат контролата врз Ормуската Теснина

Мохсен Резаи во изјава објавена од иранската државна телевизија рече дека САД немаат никаква улога во контролата на теснината.

„Господин Трамп сака да стане полицаец на Ормуската Теснина. Дали тоа е навистина твоја работа? Дали тоа е работа на моќна војска како САД?“, рече Резаи, осврнувајќи се на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Овие ваши бродови ќе бидат потопени од нашите први ракети, кои претставуваат голема опасност за американската војска. Тие дефинитивно можат да бидат изложени на нашите ракети и ние можеме да ги уништиме“, додаде тој.

Резаи рече дека би било „одлично“ ако САД започнат копнена инвазија на Иран, бидејќи Иран би земал илјадници заложници, а потоа би добил милијарда долари за секој заложник.

Тој додаде дека воопшто не е за продолжување на прекинот на огнот и дека тоа е негов личен став.

Резаи е поранешен врховен командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда. Врховниот лидер Моџтаба Хамнеи го назначи за свој врвен воен советник минатиот месец.

САД воведоа поморска блокада на иранските пристаништа по ретките директни разговори меѓу Вашингтон и Техеран, одржани во Пакистан за време на викендот, со цел да се стави крај на војната што започна на 28 февруари, но не успеа да доведе до договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

In memoriam: Почина актерот Гоце Тодоровски

Познатиот македонски актер Гоце Тодоровски почина синоќа на 75-годишна возраст,објави неговата ќерка Сашенка на социјалните мрежи.

In memoriam: Почина актерот Гоце Тодоровски

„Го изгубивме, се предаде Гоце Тодоровски, почина, фамилијата Тодоровски ја објавува најтажната вест, по голема борба го напушти овој свет, лесна ти земја татко мој, вечен непребол. Душата не умира, а телото е премногу истрошено сега, летај со ангелите…“, објави неговата ќерка.

Гоце Тодоровски е роден на 30 април 1951 година во Кичево. По завршувањето на Факултетот за драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во класата на професорот Илија Џувалековски, се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Подоцна бил гостин и во други театарски куќи, беше дел од бројни театарски престави, телевизиски серии, филмови, хумористични радио емисии.

Тој соработувал со голем број на познати наши режисери: Слободан Унковски, Коле Ангеловски, Димитар Станковски, Владимир Милчин, Димитрие Османли…, а играше и во познатите телевизиски серии „Македонски народни приказни”, „Итар Пејо”, „Булки кај шините”, „Ајде да се дружиме”, „Трето доба”, „Хихирику“, „Во светот на бајките”, „Бушава азбука”, „Солунски патридии”, “Трст виа Скопје”, “Чук, чук Стојанче”…

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена преживеала напад на ајкула – „Ме гризна за раката и почна да ме тресе, ја удирав“.

Ајкулата ја каснала за рака и ѝ откинала мускул, а сега таа раскажува како се борела за живот.

 Жена преживеала напад на ајкула – „Ме гризна за раката и почна да ме тресе, ја удирав“.

Хелен Ферламб е една од ретките лица кои преживеале напад од ајкула. ​​Како конзерватор, која се занимава со заштита на природата, пред две години додека нуркала на далечен остров југоисточно од Хаваи, ја нападнала ајкула. Ајкулата ја каснала за рака и ѝ откинала мускул, а сега таа раскажува како се борела за живот.

Гостувајќи на британската телевизија ITV, таа детално го опиша моментот кога сфатила дека морскиот предатор се спрема да нападне.

„Знаев дека веројатно ќе заврши со каснување“

Иако гребенските ајкули се сметаат за вид што претставува минимален ризик за луѓето, Ферламб изјави дека веднаш забележала промена во однесувањето на животното.

„Нуркав и гледав јато риби, бев целосно нурната во околината што ја сакам. Во еден момент, видов движење. Гребенската ајкула одеднаш се сврте, го промени начинот на пливање и се упати право кон мене, како куршум“, раскажа таа.

Кога ајкулата ја нападнала, ѝ ги забила забите во надлактицата и почнала да ја тресе, а Ферламб се присети дека реагирала инстинктивно.

„Почнав да ја удрам по осетливите делови - очите, носот и жабрите - а потоа ме пушти“, рече таа. Според неа, нападот бил невообичаен бидејќи гребенските ајкули ретко напаѓаат луѓе. Таа верува дека е можно женката што ја повредила да била бремена во тоа време и да се обидувала да ги заштити своите млади.

Лекарите мислеле дека ќе ја изгуби раката

По нападот, колегите со чамец ја транспортирале на копното додека обилно крварела. Патувањето траело околу еден час и 20 минути, за тоа време таа почнала да губи свест. „Докторот беше неверојатен. Ми даде инфузија и ми го покачи крвниот притисок кој беше опасно низок“, се присети таа.

Но, лекарите ја предупредиле дека повредите се толку тешки што ќе мора да ѝ ја ампутираат раката. „Се сеќавам дека рече оти тоа е ситуација каде што животот е поважен од екстремитетот и дека веројатно ќе ја изгубам раката“, раскажа таа.

Сепак, среќата дојде во последен момент. Во близина на островот се наоѓал голем авион, кој случајно воспоставил радиоконтакт и ја транспортирал во Регионалната болница Гуам. Таму поминала три недели на интензивна нега, по што го продолжила лекувањето во болницата за трауматологија во Манчестер.

Дента пред ампутацијата, лекарите ја промениле одлуката

Во британската болница, лекарите прво ѝ кажале дека ќе мора да ѝ ја ампутираат раката. Но, само ден пред закажаната операција, тие предложиле поинаков пристап.

„Тие рекоа: „Ако можеш да ја поднесеш болката, да се обидеме да ја задржиме раката уште некое време. Којзнае колку долго телото може само да се излечи“, се присети таа.

Ферламб на крајот успеала да ја спаси раката, иако изгубила половина бицепс. „Имав неверојатна среќа“, заклучува таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Моника Зајкова вечерва во „Вести Плус“

Вечерва во „Вести плус“ гостинка ќе биде Моника Зајкова

 Моника Зајкова вечерва во „Вести Плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер