Иран: Има три услови за слободно минување низ Ормутскиот теснец - Канал 5

Иран: Има три услови за слободно минување низ Ормутскиот теснец

Ирански извор изјави за новинската агенција Фарс дека американската блокада на Ормутскиот теснец, доколку продолжи, „ќе се смета за кршење на прекинот на огнот“.

Иран: Има три услови за слободно минување низ Ормутскиот теснец

Тој предупреди дека доколку блокадата продолжи, Иран, како одговор, повторно целосно ќе ја затвори таа клучна поморска рута, што многу веројатно би предизвикало силен пораст на цените на нафтата и гасот.

Истиот извор изјави дека за премин на бродови низ овој важен економски коридор, откако ќе биде повторно отворен, важат три услови:

1. Бродовите мора да бидат комерцијални, а не воени

2. Бродовите можат да користат само рути одредени од Иран

3. Целиот транзит мора да се одвива во „координација“ со иранските сили

Трамп: Блокадата ќе остане на сила сè додека договорот не биде 100% завршен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави претходно денес дека американската блокада ќе остане „во полна сила“ сè додека не се постигне мировен договор. Трамп напиша дека блокадата ќе остане на сила сè додека договорот не биде „100% ЗАВРШЕН“, додавајќи дека очекува тоа да се случи „МНОГУ НАСКОРО“.

Американскиот генерал Ден Кејн вчера изјави дека веднаш по воведувањето на блокадата, бродовите се обиделе да ја пробијат и дека најмалку 14 бродови биле спречени да поминат низ Ормутскиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Автобус се запали во близина на Бјеловар, Хрватска

Се запали пригратски автобус во Хрватска. 

Автобус се запали во близина на Бјеловар, Хрватска

Рано утрово во автобус во приградската населба во Бјеловар, избувнал пожар, потврди Полициската управа Бјеловар-Билогора.

Во моментот на пожарот, во автобусот се наоѓал само возачот, кој успеал навреме да го напушти возилото, па затоа нема повредени, пишува МојПортал.

Пожарот брзо се проширил на автобусот, но пожарникарите набрзо пристигнале на местото на настанот и го изгаснале пожарот.

Поради интервенција и обезбедување на местото на настанот, државниот пат што поминува низ Рајиќ останува затворен за сообраќај, информираат хрватските медиуми.

Полицијата и другите надлежни служби спроведуваат истрага на лице место за да утврдат како настанал пожарот.

Сè уште не е познато што предизвикало пожарот во автобусот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Твоја држава, твоја шанса“: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

Вистина е дека денес најтешко живеат граѓаните на кои државата треба да им биде најголема поддршка.

„Твоја држава, твоја шанса“: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

Социјално-ранливите граѓани, самохраните родители, лицата со инвалидетет и со ретки болести, работникот со најниска минимална плата - тие ја водат сами битка за достоинствен живот. Битката за своите деца, за покрив над глава, за сметки, за градинка, за училиште -за гола егзистенција.

Вистина е дека самохраните родители се сами во борбата за своите деца и за егзистенција. Лицата со попреченост се соочуваат со бариери што институциите не ги отстрануваат.

Болните од ретки болести чекаат лекови што не им се навремено достапни.

Жртвите на насилство и лицата со ментални потешкотии се без соодветна заштита и поддршка.

Работниците создаваат вредност, придонесуваат во економијата, а за возврат добиваат ниски плати со кои не можат да врзат крај со крај во месецот.

Вистината е дека власта денес нема ниту слух, ниту волја, ниту чувство за правда за најранливите категории на граѓани.

СДСМ во платформата „Твоја држава,твоја шанса“, нуди Сојуз за достоинство - систем на вистинска, сеопфатна и активна поддршка на граѓаните на кои што им е најпотребна.

Праведно е државата да застане зад самохраните родители. Предвидуваме државен додаток за домување, целосно покривање на трошоците за градинка и задолжително право на флексибилно работно време.

Праведно трудот на работникот да биде ценет и награден. Затоа нашата мерка е минималната плата автоматски да се усогласува со трошоците за живот, инфлацијата и просечната плата. Ако растат цените, мора да растат и платите.

Обезбедуваме навремена достапност на лековите за лицата со ретки болести преку посебен фонд. Здравјето на граѓанинот не смее да зависи од административни процедури или буџетски дупки.

Предвидуваме национален план со кој сите јавни објекти ќе станат целосно пристапни за лицата со попреченост. Државата целосно ќе го финансира ангажманот на лични и образовни асистенти, за секое лице со попреченост да добие поддршка што му следува.

За жртвите на семејно насилство обезбедуваме итно домување, бесплатна правна помош и посебен пакет за економско осамостојување.

Предвидуваме и современи центри за лекување зависности и за ментално здравје.

Државата е најсилна тогаш кога најсилно стои зад најранливите.

„Твоја држава – твоја шанса“.

Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан – форум на жени

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Над 2 милијарди денари исплатени субвенции на тутунарите за реколтата 2025

Над 2 милијарди денари исплатени субвенции на тутунарите за реколтата 2025, Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со силна поддршка за земјоделството.

ВМРО-ДПМНЕ: Над 2 милијарди денари исплатени субвенции на тутунарите за реколтата 2025

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретна и силна поддршка за македонското земјоделство. Исплатени се над 2 милијарди денари кон 15.144 тутунопроизводители.

Реализирана е рекордна исплата во износ од 2.028.714.243 денари кон 15.144 тутунопроизводители за произведен и продаден тутун од реколтата 2025 година.

Оваа исплата не е само финансиска поддршка, туку и потврда дека трудот, посветеноста и макотрпната работа на македонските тутунари се вреднуваат и се почитуваат. Станува збор за една од најголемите исплати досега, која директно придонесува за подобрување на ликвидноста на земјоделските стопанства и зајакнување на руралната економија.

За разлика од Владата предводена од СДС, Владата на ВМРО-ДПМНЕ за само две години со исплаќањето на 2 милијарди денари за тутунарите, вкупно има за само две години исплатено околу 15 милијарди денари субвенции. Тоа е една милијарда денари повеќе за две години, отколку што СДС и ДУИ исплатиле за 3 години.

Тутунопроизводството е една од најзначајните и најстратешки земјоделски гранки во државата.

Илјадници семејства егзистираат од ова производство, а македонскиот тутун со децении е препознатлив по својот квалитет и претставува важен извозен производ кој придонесува за развојот на националната економија.

За разлика од времињата кога на власт беа СДС и ДУИ и кога земјоделците со месеци чекаа на исплата на заслужените средства, денес субвенциите се исплаќаат навремено и одговорно. Тоа е доказ дека институциите работат во интерес на земјоделците и дека поддршката не останува само ветување, туку се претвора во конкретна реализација.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ е цврсто посветена на креирање политики кои ќе обезбедат стабилно и конкурентно земјоделство, повисоки приходи за производителите и сигурна иднина за земјоделците.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со инвестиции, мерки и програми кои го поттикнуваат развојот на земјоделството и ја зајакнуваат позицијата на македонскиот земјоделец.

Со дела, а не со зборови, покажуваме дека земјоделството е еден највисоки приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Поддршката за тутунарите продолжува, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја враќа довербата кај земјоделците и заеднички со земјоделците гради стратегија за развој на земјоделието.

Македонија забрзува!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер