Иран и САД разменуваат оган – тројца индиски морнари загинаа кај Оман - Канал 5

Иран и САД разменуваат оган – тројца индиски морнари загинаа кај Оман

Блискиот исток не мирува. Иран возврати на последните американски напади и испали проектили кон американските бази во Кувајт и Бахреин.

Иран и САД разменуваат оган – тројца индиски морнари загинаа кај Оман

Претходно, иранското министерство за надворешни работи остро ги осуди американските воздушни напади врз Техеран, велејќи дека нападите го направиле договорот за прекин на огнот „практично бесмислен“.

Реакција од Техеран дојде откако американската војска започна нов бран воздушни напади користејќи поморски и борбени авиони, а Вашингтон ги оправда овие операции со правото на самоодбрана по претходното соборување на американскиот хеликоптер „Апачи“.. Во американските напади, загинале и тројца индиски морнари откако бил погоен танкер во близина на Оман.

Индиските власти соопштија дека тројцата членови на екипажот, кои првично се водеа како исчезнати, се пронајдени мртви, додека останатите 21 лице од екипажот биле спасени..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет лица лишени од слобода, со едно извршен службен разговор, вкупно осум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

На 30.06.2026 во 21:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода З.Д.(38) од Прилеп бидејќи упатувал закани кон неговиот татко. 

Пет лица лишени од слобода, со едно извршен службен разговор, вкупно осум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Според пријавеното, додека се заканувал, си нанел и повреда со стаклен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 30.06.2026 во 20:10 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Ф.А. (28) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во 19:25 часот, физички ги нападнал неговата снаа и неговиот брат. По целосно документирање на случајот, против Ф.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.07.2026 во 01:15 часот во СВР Скопје, 44-годишна жена пријави дека на 21.06.2026 во семејниот дом на подрачјето на Карпош, била физички нападната од нејзиниот сопруг Ц.С.(45), додека на 30.06.2026 се обидел да ја избрка од домот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 01.07.2026 околу 03:40 часот во СВР Скопје 22-годишна жена пријави дека на 30.06.2026 на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот партнер Н.М.(32). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.06.2026 во 19:00 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Н.(68), по претходна пријава дека во домот упатил закани кон неговиот 40-годишен син и неговото семејство, при што со тврд предмет се обидел да го нападне неговиот малолетен внук. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 30.06.2026 во 16:50 часот во Полициската станица Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Ј.Ф.(27) од Скопје, по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 62-годишен татко. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 30.06.2026 во 15:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.В.(59) од Струмица, постапувајќи по пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата сопруга и кон мајката на сопругата. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.06.2026 во 19:30 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 22-годишен жител на тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03:00 часот во село Банско физички нападнал 26-годишна девојка, со која бил во љубовна врска. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна Цесна во Велика Британија: Двајца загинаа

Две лица загинаа откако лесен авион се урна на поле во Есекс, соопшти британската полиција.

Се урна Цесна во Велика Британија: Двајца загинаа

Двоседниот авион Цесна се урна вчера попладне, кратко по полетувањето од аеродромот Норт Вилд на планирано „кратко патување“, објави Скај њуз.

Идентитетите на жртвите сè уште не се објавени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Поради силното невреме, кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски соопшти дека поради силното невреме, кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен.

Ѓорѓиевски: Поради силното невреме, кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен

„Почитувани граѓани,

Поради силното невреме кое во текот на денешниот ден го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со службите и јавните претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза интервенција на терен, доколку има штети, поплави или потреба од итна реакција.

🫡 Во постојана координација сме со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и сите надлежни институции.

Сите капацитети се ставени во функција, со една цел навремена заштита на граѓаните и спречување на поголеми последици.

Екипите на Град Скопје ќе бидат на располагање во текот на целата ноќ и ќе интервенираат секаде каде што ќе биде потребно.

Не можеме да го запреме невремето, но можеме организирано, одговорно и заеднички да спречиме поголеми штети.

Ги повикувам граѓаните на внимателност, смиреност и соработка со надлежните служби.

Службите се на терен.

♥️ Граѓаните не се сами.“- соопшти скопскиот градоначалник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер