3Скопјанец ја исфрли „цела дневна соба“ на улица во Кисела Вода – има ли „лек“ за несовесните граѓани
Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
2Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
СветИран и САД го добиле пакистанскиот план за прекин на непријателствата Паралелно со размената на оган на Блискиот исток, кулминираат и дипломатските напори во обид да се постигне договор пред истекот на последниот ултиматум на Трамп до Иран кој завршува утре по полноќ по средноевропско време. И Вашингтон и Техеран веќе го имаат планот за примирје, кој според неколку угледни светски медиуми, предвидува 45 дневен итен прекин на огнот. Се работи за нацрт-спогодба во две фази, кој прво предвидува отворање на Ормускиот Теснец, а потоа околу две недели за финализирање на конечен договор. Иран соопшти дека не го интересираат рокови и оти нема да го отвори теснец во замена за привремен прекин на огнот. Подготвен бил и за планот „Б“ на Трамп. -Во случај да биде нападната иранската инфраструктура, ние ќе одговориме на ист начин. Нашите вооружени сили ќе ја таргетираат секоја слична инфраструктура што е во сопственост или на било кој начин е поврзана со САД. Изјави Есмаил Багхеи, портпарол на иранското министерство за надворешни работи. Во серија пораки на социјалните мрежи, кои содржат и непримерен речник, американскиот претседател се закани дека утре вечер е денот за удар врз иранските електрани и мостови и го постави како последен рок вторник 8 часот по источоамериканско време Иран да го деблокира Ормус. Според безбедносните експерти, очигледна е нервозата на Трамп, а на маса се две опции. -Ова е ескалација во обид да се постигне договор, а тоа нема да донесе договор. Ако нема договор, имаме вистинска пресвртница. Дали само ќе кажеме дека оваа војна е завршена и Иран ќе излезе, контролирајќи ја таа артерија или воено ќе се обидеме да го заземеме Теснецот, што е голема операција. Мислам дека тоа води кон тоа. , изјави Џејк Тапер, екс координатор на Советот за национална безбедност на САД. Израел соопшти дека го бомбардирал денеска го бомбардира цели врз Техеран, каде според иранските медиуми, бил погоден универзитет и загинале 20 луѓе. Иран возврати со ракети врз Тел Авив и Хаифа. погодена е и зграда, а загинале најмалку четворица. -Автомобилот на моите родители едноставно експлодираше. Беше застрашувачки. , изјави жител на Хаифа. Иран ја потврди информацијата дека во израелски напад е ликвидиран шефот на разузнавачката служба на револуционерна гарда, Маџид Хадеми, последна жртва во низата атентати врз високи ирански функционери.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС, кои не сакаат Македонија да се развива и да доаѓаат инвестицииФилипче и СДС, кои не сакаат Македонија да се развива и да доаѓаат инвестиции, лицемерно се јавија небаре загрижени за животот на граѓаните.СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Венко Филипче од СДС, кој заедно со неговиот ментор Зоран Заев цело лето го поминаа по грчките плажи на скапата јахта, лицемерно се јави небаре загрижен за живејачката на граѓаните. Филипче не сака Македонија да се развива и да доаѓаат инвестиции, да се градат дата центри, хидроцентрали, рудници а од друга страна подобар живот. Се спротивставуваат на се што значи економски развој, а сакаат повисоки плати. Не може сите да живеат од бизнисот со марихуаната, како струмичкиот клан и пријателите на Филипче, некој мора да живее и од други економски гранки, за кои тие се против. Каде е Венко Филипче да се јави кога трошоците за живот се намалуваат или во најмала рака остануваат исти, ама штом види раст, ете го, веднаш се јавува. Исто така го нема да се јави и да каже дека Владата добро се справува и ги менаџира работите кога се намалуваат цените и инфлацијата, која сега достигна историски 2,3%, кога во услови на една од најголемите енергетски кризи, Македонија е со најевтини горива. Исто така, Венко Филипче и СДС ги нема никаде и кога реализацијата на капиталните инвестиции, како што се изградбата на автопатските коридори, и растот на градежништвото се големи. Иако од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја води Владата, десет квартали последователно економијата расте во просек од 3 или над 3%, а кој во вториот од годинава достигна 4,3%, Филипче и СДС пак ги нема збор да кажат. А во однос на потрошувачката кошница која ја изработиле Трендафилов и ССМ, му порачуваме дека не им држи вода, затоа што владината просечна кошничка е за 10% поевтина. Тоа што останува да им порачаме на СДС, Филипче и неговите другари, колку сака може да им смета развојот и да ликуваат на неуспех на државата, Македонија ќе се развива, во Македонија ќе доаѓаат инвестиции, економијата ќе расте и граѓаните подобро ќе живеат. Дополнително, патувањето на премиерот Мицкоски чини неспоредливо помалку од нечесно заработеното Ауди на Филипче или јахтата на Заев, и многу помалку од провизиите на Стабри вакцините за време на ковид кризата, кои ги договараше Венко Филипче во времето кога државата беше меѓу најпогодените од ковид кризата. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЖивот со мускулна дистрофија – предизвици и искуства на пациентите со ова ретко заболувањеРетка, генетска и прогресивна – мускулната дистрофија е заболување за кое сè уште нема целосно излекување. Современите терапии, сепак, можат да го забават напредувањето и да влијаат врз текот на одредени форми на болеста. Според последните јавно објавени податоци, се проценува дека во Македонија има меѓу 50 и 60 лица со мускулна дистрофија. Болеста спаѓа во групата ретки заболувања, а една од најтешките и најчести форми е Дишеновата мускулна дистрофија, која главно ги погодува момчињата. Зад дијагнозата, велат од здружението, стојат секојдневни предизвици кои за многумина остануваат незабележливи. Татјана Димовска Атанасова потсетува дека она што за еден човек е банална работа, за друг може да биде голема пречка – и дека токму хуманоста е она што може да нè обедини. „Она што за нас е банална глупост, за некого е поголем предизвик... Само хуманоста може да нè обедини., само доколку барем на еден ден да се ставиме во кожата на оние коишто имаат сериозни проблеми .Сликата кога ќе видите дека еден родител едвај успева да го истурка своето дете во инвалидска количка мислам дека ќе не поттикне подлабоко да размислуваме “– Татјана Димовска Атанасова / МДА-Македонија. Токму солидарноста и подигнувањето на свеста за секојдневните предизвици на овие лица беа и повод повеќе луѓе да дадат поддршка на иницијативата. ,,Да помогнеме меѓутоа тоа да биде со систем , ние ќе направиме ќе направат и други не е проблем, но мора систем да има...,, - Саше Сатаровски поддржувач на иницијативата. Од пристап до соодветна терапија и здравствена грижа, до услови што ќе им овозможат полесно секојдневие – предизвиците, велат, не завршуваат со една хуманитарна акција. Поддршката денеска доби и конкретна хуманитарна акција. На настанот со драмскиот писател Братислав Димитров, посетителите можеа да добијат примерок од неговата најнова книга, а средствата од донациите се наменети за хуманитарни цели. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо август над 600 казни за возачи на електрични тротинетиЕлектричните тротинети на мета на полицијата - Над 600 казни изречени во август, додека полицијата во истиот тој период одземала и 18 електрични тротинети.Во текот на август полицијата санкционирала и 20 малолетници кои управувале со електричен велосипед, додека 45 казни биле изречени бидејќи на еден тротинет се возеле по две лица. Најголем број на казни сепак биле изречени поради возење без соодветна опрема, а одземни се и неколку тротинети. -162 санкции се изречени за неносење рефлектирачки елек при управување лесно електрично возило во ноќни услови, 134 поради некористење велосипедска или пешачка патека, 59 поради некористење заштитен шлем, 45 поради превезување на две лица, 20 за малолетници кои управувале лесно електрично возило итн. При тоа, одземени се 18 лесни електрични возила во времетраење од 30 дена,- -МВР. Од МВР велат дека засилените контроли за лица кои возат со електричени тротинети се одвиваат на територија на цела држава, а рекорден број на казни во август биле напишани во Битола. -Од вкупниот број прекршоци, најголем дел се констатирани на подрачјето на СВР Битола – 236, потоа СВР Скопје – 97, СВР Струмица- 82, СВР Охрид – 57, СВР Тетово -27, СВР Велес-18, СВР Штип-13, СВР Куманово – 7 и 69 од Мобилната единица за безбедност во сообраќајот. -МВР. Засилените контроли на полицијата за електрични тротинети доаѓаат по законските измени од средината на јуни, согласно кои брзината на возење се органичува на максимални 20 километри на час, а лицето коешто управува со електричен тротинет мора да има наполнетои 18 години. Со новите измени заострена е и казнената политика за прекршителите, а освен парични казни, во одредени случаи, како што е на пример возење на тротинет во алкохолизирана состојба, се предвидува и одземање на тротинетот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16