Иран и САД денеска во Оман ги започнуваат преговорите за нуклеарната програма - Канал 5

Иран и САД денеска во Оман ги започнуваат преговорите за нуклеарната програма

Иран и САД денеска ќе одржат разговори во Оман со цел да започнат преговори за нуклеарната програма на Техеран. 

Иран и САД денеска во Оман ги започнуваат преговорите за нуклеарната програма

Иако двете страни навестија можност за напредок, тие сепак значително се разликуваат по прашањето за спорот што трае повеќе од две децении и се уште не постигнале договор дали преговорите ќе бидат директни, како што бара американскиот претседател Доналд Трамп, или индиректни, како што сака Иран, објавија британските меидуми.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој го има последниот збор во владата на Исламската Република за клучните државни прашања, му ги доверил на министерот за надворешни работи, Абас Аракчи, сите овластувања да води преговори, изјави ирански функционер за споменатата агенција.

Аракчи ја предводи иранската делегација, додека преговорите на американска страна ќе ги води специјалниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф.

Времетраењето на преговорите, кои ќе се занимаваат исклучиво со нуклеарното прашање, ќе зависи од сериозноста и добрата волја на американската страна, рече претставникот, кој сакаше да остане анонимен поради чувствителноста на темата.

Иран ја отфрли можноста за преговори за неговите одбранбени способности, како што е неговата ракетна програма.

Техеран секогаш тврдеше дека неговата нуклеарна програма има чисто цивилни цели, додека западните земји веруваат дека Иран сака да изгради атомски бомби.

Тие веруваат дека збогатувањето на ураниум, нуклеарното гориво, во Иран ги надмина потребите на цивилната програма.

Трамп, кој од февруари ја рестартираше кампањата за „максимален притисок“ врз Техеран, во 2018 година се повлече од иранскиот нуклеарен договор со шесте светски сили и повторно воведе санкции кон Исламската Република.

Оттогаш, иранската нуклеарна програма напредуваше, вклучително и збогатување ураниум до 60 отсто, што е на чекор од нивото потребно за изградба на нуклеарна бомба, истакнуваат британските медиуми.

Американскиот секретар Марк Рубио пред два дена изјави дека се надева оти разговорите ќе доведат до мир и дека САД „јасно ставиле до знаење дека Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 13 жртви во украински напад на руската Република Татарстан

Најмалку 13 луѓе загинаа, а 70-на се повредени во украински напад со дронови врз руската Република Татарстан, што се смета за еден од најсмртоносните украински напади врз Русија од почетокот на војната.

Најмалку 13 жртви во украински напад на руската Република Татарстан

Главна мета на нападите бил индустрискиот град Нижне-Камск, оддалечен 1.100 километри од Украина, каде што според руските власти, цел биле и цивилни и индустриски објекти.

Дел од руските медиуми пишуваат дека била погодена петрохемиска фабрика, а меѓу жртвите имало и дете. Украинската војска потврди дека стои зад нападите и соопшти дека ја погодиле рафинеријата танеко, во која избил пожар.

Москва нападите ги оцени како директни терористички напади и соопшти биле пресретнати 450 украински беспилотни летала над Русија и Крим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ерупцијата на Етна ги приземји летовите на аеродромот во Катанија

Високата вулканска активност на Етна предизвика нарушувања на авиосообраќајот во Сицилија, додека најактивниот вулкан во Европа продолжува да исфрла големи количества лава и пепел.

Ерупцијата на Етна ги приземји летовите на аеродромот во Катанија

Според Националниот институт за вулканологија, густи текови лава истекуваат од два отвора на надморска височина од над две илјади метри.Поради потенцијалната опасност за воздушниот сообраќај, сите слетувања на аеродромот во источна Сицилија во Катанија се прекинати до 17 часот, соопшти операторот.

Погодени се и летовите од Сицилија, поради што туристите морале да го користат аеродромот во Палермо, главниот град на островот или да патуваат со воз.

Во моментов е во сила највисокото, црвено ниво на тревога. Тоа значи дека ерупција проследена со значителен облак од вулкански пепел е неизбежна или веќе е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џеф Безос со партнери купуваат една третина од Ливерпул

Конзорциум, во кој е вклучен и основачот на „Амазон“, мулти-милијардерот Џеф Безос, е блиску до договор за купување на околу една третина од сопственичкиот удел во славниот фудбалски клуб „Ливерпул“. 

Џеф Безос со партнери купуваат една третина од Ливерпул

Мнозинскиот сопственик на клубот, „Фенвеј спортс груп“ (FSG), кој управува со „Ливерпул“ од 2010 година, се подготвува да објави трансакција што би можела да се реализира уште оваа недела.

Детали за инвестицијата Доколку дојде до склучување на договорот, Безос ќе му се придружи на Едуардо Саверин, еден од коосновачите на „Фејсбук“, во инвестициската група.

Групата ја предводи Амит Батија, зет на индустријалецот Лакшми Митал и до неодамна акционер во клубот „Квинс Парк Ренџерс“.

Според еден извор, објавувањето на веста се очекува во наредните денови, но постои можност тоа да се одложи за следната недела.

Со влезот на овој конзорциум во сопственичката структура, некои од најбогатите луѓе во светот ќе станат косопственици на „Црвените“ од Енфилд.

„Форбс“ го проценува богатството на Безос на повеќе од 280 милијарди долари, а она на Саверин на повеќе од 32 милијарди долари.

Со оваа инвестиција, вредноста на клубот би се проценила на шест милијарди долари, со што договорот би се вброил меѓу најскапите во историјата на спортот.

Иако Безос претходно не се поврзувал со бизнисот во фудбалот, неговото можно вклучување во конзорциум за Ливерпул потврдува дека инвеститорите сè повеќе го гледаат спортот како посебна класа на средства.

Во 2022 година, Саверин (44) беше дел од конзорциум што неуспешно се обиде да го купи Челзи на аукција организирана по руската инвазија врз Украина. Извор запознаен со преговорите укажува дека договорот би можел да биде поголем од првично објавеното и потенцијално да вклучува удел поголем од 30 проценти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер