Веста дојде откако многу земји ги евакуираа вработените во нивните амбасади од Кабул поради безбедносни причини, откако Талибанците го зазедоа градот, што предизвика илјадници луѓе да побегнат.
Шиитскиот Иран одамна е непријател на сунитските талибанци, иако иранските власти во последните години отворено се среќавале со талибанските лидери.
Во јули, Техеран беше домаќин на состанок на претставниците на тогашната авганистанска влада и на талибанскиот политички комитет на високо ниво.
"Амбасадата на Исламската Република Иран во Кабул е целосно отворена и работи. Генералниот конзулат на Иран во Херат исто така е отворен и работи", изјавил портпаролот на иранската амбасада, цитиран од ИРНА.
Иранскиот претседател Ебрахим Раиси вчера рече дека „воениот неуспех“ на САД во Авганистан и повлекувањето на американските воени сили даваат можност да се воспостави траен мир во таа земја зафатена од војна.
Талибанците им наредиле на нивните борци да бидат дисциплинирани, да не влегуваат во дипломатските згради и да не запираат дипломатски возила, изјавил висок претставник на талибанците.