Златеска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира нови инвестиции во водоснабдување, канализација и заштита на животната средина
2Златеска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира нови инвестиции во водоснабдување, канализација и заштита на животната средина
3Петрушевски: Ловците на политички поени, другарите на Филипче треба да разберат дека лагите за Гостивар се на нивна штета
ЖивотИран го осуди наградуваниот режисер Панахи на една година затворПознатиот ирански филмски режисер Џафар Панахи, кој годинава на Канскиот фестивал ја освои Златната палма, е осуден во отсуство на една година затвор, јави новинската агенција ИСНА.Револуционерниот суд во Техеран, исто така, му изрече двегодишна забрана за патување, цитира ИСНА изјава на неговиот адвокат. Панахи (65) ја освои главната награда на Канскиот филмски фестивал во мај за филмот „Тоа беше само несреќа“ (It Was Just an Accident), филм што ги одразува неговите искуства во затвор и неговите искуства со државната репресија. Филмот е избран како француски кандидат за наградата Оскар во 2026 година во категоријата Најдобар меѓународен долгометражен филм. Панахи претходно има освоено главни награди на Филмскиот фестивал во Венеција и на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин. Неговиот адвокат, Мостафа Нили, изјави за ИСНА дека на режисерот му е забрането и членство во политички или социјални групи и рече дека ќе бидат преземени чекори за да се поднесе жалба на пресудата. Моменталната локација на Панахи засега е непозната, пренесе ДПА. Панахи беше затворен во Иран од јули 2022 до февруари 2023 година и долго време се соочува со ограничувања за работа и патување. Неговиот последен филм, снимен тајно, е инспириран од времето поминато зад решетки и вклучува разговори со други затвореници. Филмскиот и културниот сектор во Иран се предмет на строг државен надзор од Исламската револуција во 1979 година. Филмаџиите мора да добијат официјални дозволи за снимање и прикажување на делата. Сепак, уметничка и филмска заедница во Иран долго време е место за суптилна, а понекогаш и отворена критика на системот. Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Црна хроникаКривична пријава против струмичанец за подметнување пожари на трактор и патничко возилоКривична пријава против струмичанец за подметнување пожари на трактор и патничко возило, сопственост на две лица од Струмица.СВР Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против В.К.(41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „предизвикување општа опасност“ по член 288 и „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 од Кривичниот закон. На 25.07.2026 околу 22:00 часот и на 26.07.2026 околу 01:00 часот во Струмица, пријавениот подметнал пожари на трактор сопственост на Ж.Д.(70) од Струмица и патничко возило „киа“, сопственост на К.Т. од Струмица. По интервенција на Територијалната противпожарна едница Струмица пожарите биле изгаснати, а повредени лица нема. В.К. бил лишен од слобода и задржан во просториите на Полициската станица Струмица, а за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Тој бил изведен пред судија од Основен суд Струмица, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаЗлатеска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира нови инвестиции во водоснабдување, канализација и заштита на животната срединаВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на капитални инвестиции и проекти кои обезбедуваат почиста животна средина, подобра комунална инфраструктура и повисок квалитет на живот за граѓаните.Преку значајни вложувања во регулирање на речните корита, изградба и реконструкција на водоводни и канализациски системи и пречистителни станици, Владата создава современи и одржливи услови за развој на локалните заедници и заштита на природните ресурси. Во таа насока, започната е изведбата на капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река, за што се обезбедни 376 милиони денари. Со уредувањето на оваа делница долга речиси 12 километри, од патот за с. Бојане до вливот во Треска кај с. Глумово, трајно се решава децениски проблем за илјадници граѓани. Успешно е завршено уредувањето на коритото на Мала Рада, а во тек е и реализација на проектот за изградба на водоснабдителен систем во населеното место Лениште, во вредност од над 21 милиони денари. Исто така, проектот за замена на водоводната мрежа на делови од булеварот „Гоце Делчев“ и улиците „Кузман Јосифоски“ и „Ленинова“, во вредност од над 7 милиони денари е во завршна фаза. Со реконструкцијата се намалуваат загубите на вода во системот и се подобрува квалитетот на услугите. Почната е изградба на канализационен систем за отпадни води во село Враништа, општина Струга, инвестиција вредна над 91 милиони денари, целосно финансирана преку Вториот повик од Унгарскиот кредит. Овој проект опфаќа изградба на комплетна примарна и секундарна канализациона мрежа, поставување ревизиони шахти и приклучоци за домаќинствата, како и обезбедување контролиран одвод на отпадните води. Во тек е и изградба на пречистителна станица во Чучер Сандево, која започна минатата година во октомври, а инвестицијата е во вредност од околу 70 милиони денари и значи континуирана надградба на системите за третман на отпадни води, зајакнување на инфраструктурата на локално и национално ниво и поздрава животна средина. Обезбедени се средства и започната е реализација на над 300 инфраструктурни проекти од различен обем, вклучувајќи модерни водоводни и канализациски системи, како и пречистителни станици низ целата држава. Почитувани, Овие проекти се темелите на зелениот пресврт кој го градиме и на кој Владата е целосно посветена. Ќе продолжиме да го зајакнуваме и партнерството со домашните и меѓународните партнери во справувањето со предизвиците од климатските промени, шумските пожари, нелегалната сеча, бесправната градба, нелегалниот лов и другите закани за природните ресурси, со единствена цел за поздрава животна средина и подобар квалитет на живот за сите граѓани, рече Бисерка Златеска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Ловците на политички поени, другарите на Филипче треба да разберат дека лагите за Гостивар се на нивна штетаЛовците на политички поени, другарите на Филипче треба час поскоро да разберат дека лагите кои ги кажуваат за Гостивар се на нивна штета.Со денови сведочиме како СДС на Венко Филипче и неговите другари, шират лаги за скандалот со водата во Гостивар. И, не само што шират лаги, покажуваат и непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е надлежен, барајќи одговорност на погрешна адреса. Да ги информираме, ако не знаат или да ги потсетиме ако заборавиле, контролата на квалитетот на водата ја прават надлежните локални институции. А, локалната власт во Гостивар е на друштвото СДС, ДУИ и Арбен Таравари. Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лиман е кадар токму на оваа дружина. Значи, како што им укажуваме на погоре наведеното извесно време ќе им повториме и во оваа прилика дека одговорност треба да побараат во своите редови, за почеток кај личноста кои тие ја кандидираа на локалните избори. За нивно добро е час поскоро да разберат дека повторувањео на лаги секој ден е на нивна штета. Политики поени со лаги не се добиваат. Во меѓувреме, на санирање на штетата во Гостивар се работи деноноќно, се овозможува технички исправна вода која се користи за лична хигиена и хигиена во домаќинствата, а неделава или кон крајот на неделава се очекува во Гостивар да има и бездна вода за пиење, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter