СветИран го нападна Тел Авив со ракети со касетна муниција, погодени и објекти во ХаифаИзраелските медиуми денеска објавија дека Иран повторно употребил касетна муниција во новиот ракетен напад врз областа на Тел Авив рано утринава - пренесува ДПА.Во близина на Тел Авив имало 20-ина нападнати места, објави ynet. Неколку лица се повредени, вклучувајќи и жена, која претрпела сериозни повреди, соопшти службата за итни случаи „Маген Дејвид Адом“. Училиште во Тел Авив исто така било погодено. Портпаролот на војската изјави дека е многу веројатно оти е употребена касетна муниција. На северот од Израел погодени биле најмалку 10 места, и тоа во областа Хаифа, по иранскиот напад со касетна муниција, објави ynet. Се наведува дека во нападите биле запалени неколку автомобили. Во текот на ноќта две лица беа пронајдени мртви во зграда во Хаифа по напад на иранска ракета. „Хјуман рајтс воч“ неодамна ги осуди нападите со касетна муниција на Иран врз израелските градови велејќи дека тоа би можело да биде воено злосторство. „Употребата на касетна муниција од страна на Иран во населените области на Израел претставува предвидлива и долгорочна опасност за цивилите“, рече Патрик Томпсон, истражувач за кризи, конфликти и оружје во „Хјуман рајтс воч“. „Малите бомби со касетна муниција се распрснуваат на широка област, што ги прави неселективни, што ги крши законите на војувањето“, рече Томпсон, објави ДПА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
БалканЦрна Гора до крај на годината ги затвора сите преговарачки поглавја со ЕУЦрна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската унија, изјави министерката за европски прашања на Црна Гора Мајда Горчевиќ.Според неа, усвојувањето на уставните измени покажало високо ниво на одговорност кај сите политички фактори во земјата, а членството на Црна Гора во ЕУ е целосно остварливо. На вонредна седница одржана вчера црногорскиот парламент ги усвои предлог-измените на уставот што се однесуваат на судскиот и тужителскиот совет и на централната банка. Фото: ВИТагови: ЕУ Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМанчестер Сити не се откажува од Енцо Фернандез,Челзи бара околу 140 милиони евра Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити не се откажува од Аргентинецот, Енцо Фернандез, и покрај тоа што го пропушти рокот што претходно го одреди Челзи за доставување понуда. „Гардијан“ денес пренесува дека Сити би можел да ги искористи средствата од продажбата на Нико Гонзалез во Њукасл за да направи нов обид да го ангажира аргентинскиот играч за врска. Фернандез е заинтересиран за повторна соработка со Енцо Мареска, со кого претходно работеше во Челзи. Иако Челзи не се обидува активно да го продаде, клубот одреди цена од околу 140 милиони евра. Сити моментално спроведува голема реконструкција на средниот ред по заминувањата на Родри и Тиџани Рејндерс, а веќе постигна договор за ангажман на Ајуб Буади од Лил за 95 милиони евра плус дополнителни бонуси. ESPN исто така пренесува дека Сити е подготвен да ја плати сумата што ја бара Челзи за Фернандез.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСоветниците на СДСМ во Пехчево против дата центарПобараа тргање на точката од дневен ред!„Како координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата, предлагам втората точка, која е доставена во материјалите од дневниот ред, да се изземе, да се симне од дневен ред и да се стави на некоја наредна седница, која ќе биде отворена, на која граѓаните ќе бидат информирани за постапувањето по истата. Ние, како советничка група, нашиот став е јасен: дека нема да ја поддржиме таа иницијатива“ рече Николчо Јовчев, претседател на ОО СДСМ Пехчево и координатор на Советничката група на СДСМ. Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter