СветИран ги отфрли новите американски санкции: Нема ништо да постигнат Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека САД нема да постигнат ништо со нова рунда економски санкции. Неговата изјава е одговор на Техеран на најавите на Вашингтон за економско задушување на Иран, пренесува „Еуроњуз“. „Благодарение на мерките подготвени од економските сектори на владата, Америка нема да постигне ништо со економски притисок во оваа фаза, исто како што не успеа во војната“, рече Пезешкијан, како што објави новинската агенција ИСНА. „Нашиот принцип е да ги решаваме проблемите преку разбирање и преговори, но во исто време остануваме цврсти пред економскиот притисок, како што бевме и досега“, додаде тој. Иран го отфрла влијанието на новите мерки Американскиот министер за финансии Скот Бесент ги претстави плановите за „економско задушување“ на Иран завчера и предупреди на тешки последици за земјите што нема да се приклучат на кампањата. Иранските лидери го отфрлија влијанието на новите мерки. Тие истакнуваат дека земјата веќе се соочила со децении разорни санкции, кои беа воведени кратко по Исламската револуција во 1979 година. Преговорите меѓу Иран и САД се во застој поради спор околу контролата врз стратешки важниот Ормуски теснец. Сообраќајот низ тој клучен воден пат, кој носи околу една петтина од светскиот извоз на нафта и течен природен гас, останува во голема мера парализиран, предизвикувајќи нарушувања на глобалните енергетски пазари. Иран го контролира Ормускиот теснец од почетокот на војната на 28 февруари и се обидува да наметне такси за бродовите што минуваат низ теснецот. Вашингтон, од друга страна, сака враќање на предвоениот систем на слободна пловидба, а американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Вашингтон има „тотална контрола“ врз таа рута. Договор за забрана за премин на воени бродови Техеран вчера изјави дека, според договорот што моментално го преговара со Оман, нема да дозволи воени бродови да минуваат низ Ормускиот теснец. Ова го изјави иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Казем Гарибабади, за државната телевизија. Шефовите на дипломатиите на двете земји се состанаа за да разговараат за управувањето со сообраќајот на комерцијалниот бродски сообраќај. Според Гарибабади, тие вчера постигнаа договор. „Доколку овој договор стане обврзувачки, на ниту еден воен брод нема да му биде дозволено да помине низ Ормускиот теснец“, рече тој. Гарибабади не даде детали за воениот сообраќај, но опиша предложена комерцијална рута. Тој објасни дека влезниот сообраќај кон Персискиот Залив од Оманскиот Залив ќе помине целосно низ иранските води, додека излезната рута ќе помине делумно низ иранските и делумно низ територијалните води на Оман. Администрацијата на Трамп изјави дека се спротивставува на делови од договорот што се подготвува, особено на заедничкото иранско и оманско управување со излезната рута од теснецот, што е клучно за светската трговија.Тагови: Иран санкции Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПрвиот човек на КК Партизан станува сопственик на фудбалскиот клуб Чукарички од БелградПретседателот на евролигашот Партизан, Остоја Мијаиловиќ го купува фудбалскиот клуб Чукарички.Спортскиот директор на Чукарички, Владимир Матијашевиќ, во подкаст откри дека клубот од Баново Брдо наскоро ќе го преземе актуелниот претседател на Кошаркарскиот клуб Партизан, Остоја Мијаиловиќ. Матијашевиќ вели дека „сè е веќе завршено и чисто“ во однос на преносот на сопственоста на клубот на Мијаиловиќ, и дека се очекува сè официјално да биде завршено на почетокот на месецот или на почетокот на следната година. „Работата е при крај. Ако сакате конкретен одговор, ќе го добиете. Ако сè помине како што треба, Остоја Мијаиловиќ во декември ќе го преземе ФК Чукарички од Драган Обрадовиќ. На тоа моментално работат сите правници“, изјави Матијашевиќ во подкастот „2x45“ на MozzartSport. По преземањето, Мијаиловиќ ќе стане мнозински сопственик на клубот. Досегашниот сопственик, Драган Обрадовиќ, ќе го продаде целиот свој удел во клубот. „Во разговорот што го имавме пред три дена, Остоја побара сите луѓе да останат, а спомна и дека јас би можел да задржам одреден удел, доколку сакам да останам. Остоја и Обрадовиќ треба уште да ги финализираат работите, но главниот дел е завршен. Сè е проверено. Документацијата е чиста. Затоа очекувам, доколку сè е во ред, на почетокот на декември или кон средината на следниот месец, Мијаиловиќ да му се приклучи на клубот“. Матијашевиќ верува дека новиот сопственик ќе ја задржи сигурноста и стабилноста што ги красеа „планинарите“ во текот на целиот период под водство на Обрадовиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
СветРуски воен авион се урна во Сибир: Нема преживеани Руски воен транспортен авион „Ан-12“ се урна денеска во регионот Кемерово, во југозападен Сибир, при што загинаа сите 17 лица кои се наоѓале во леталото, пренесува „Известија“, повикувајќи се на добро известен извор.Изворот потврди дека целиот екипаж загинал во инцидентот. Претходно беше соопштено дека авионот што се урна во селото Јагуново, во регионот Кемерово, според првичните сознанија е идентификуван како воен авион „Ан-12“. Причините за инцидентот сè уште не се утврдени. A Russian Air Force An-12 cargo aircraft reportedly crashed in Kemerovo, Siberia, this evening. https://t.co/HCxbKJIh5S — OSINTtechnical (@Osinttechnical) November 17, 2026 Гувернерот на Кемеровската област, Иља Середјук, соопшти дека во близина на селото Јагуново се случила авионска несреќа, а службите за итни случаи се на терен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШукова: Бараме одговорност за секоја една жена жртва на насилство Од Форумот на жени на СДСМ вечерва излегоа на протест пред СВР Охрид против насилствата врз жените.Побараа одговорност од насилниците и институциите и заштита за секоја жртва која била изложена на насилство. Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, во име на насобраните, но и како што рече, во име на сите жртви на слични насилства, истакна дека насилството врз жените и фемицидите се сериозен општествен проблем, но дека проблемот не завршува со самиот чин на насилство, туку продолжува и во постапките што следуваат во текот на истрагата и судењето, каде, како што рече, се покажуваат сериозни системски недостатоци. – Бараме да има сериозна превенција за да се спречат нови облици на насилство и нови фемициди. Бараме одговорност и да нема политички влијанија во процесот на истрага и судење. Бараме секоја жртва да биде заштитена. На секое јавување на жртва на семејно насилство, институциите веднаш да реагираат – порача Шукова. Од семејството на Сара Ѓорѓиеска претходно порачаа дека нема да присуствуваат на протестот, но и дека се надеваат дека протестот нема да биде искористен за партиски цели ,туку ќе биде протест на граѓаните со цел да се подигне свеста за насилството против жените во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter