Иран ги нападна рафинериите и складиштата за гориво во Хаифа, го нападна централен Израел, пријавени експлозии во Тел Авив - Канал 5

Иран ги нападна рафинериите и складиштата за гориво во Хаифа, го нападна централен Израел, пријавени експлозии во Тел Авив

 Иранските вооружени сили соопштија дека извршиле напади со беспилотни летала врз рафинериите и складиштата за гориво во градот Хаифа, централен Израел, како одговор на „нападите врз нафтените постројки во Иран“, соопштија иранските медиуми.

Иран ги нападна рафинериите и складиштата за гориво во Хаифа, го нападна централен Израел, пријавени експлозии во Тел Авив

Израелските одбранбени сили (ИДФ) регистрираа ново лансирање ракета од Иран, соопшти нивната прес-служба. Ова е првото предупредување за ракети од Иран од почетокот на денот. Нападот беше насочен кон централен Израел.

Жителите на најгусто населениот дел од земјата добија итно предупредување на своите мобилни телефони за можноста за воздушен напад, а се огласил и аларм во Тел Авив и неговата околина. Пријавени се и експлозии.

Иран започна нови напади врз Израел и земјите од Персискиот Залив во неделата, продолжувајќи да ги зголемува тензиите на Блискиот Исток во конфликт што ги зголеми цените на нафтата и ги потресе глобалните економии, објави Асошиејтед Прес.

Пет проирански борци беа убиени во воздушен напад во Ирак. Рано утрово во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин се огласија сирени за воздушен напад. Саудиска Арабија соопшти дека соборила два дрона над богатиот со нафта источен дел од земјата, а вооружените сили на Кувајт соопштија дека уништиле шест дрона.

Покрај лансирањето ракети и дронови врз Израел и американските бази во регионот, Иран нападна и енергетска инфраструктура, што, во комбинација со неговата контрола врз Ормутскиот теснец, доведе до пораст на цените на нафтата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски ќе присуствува на промоција на комунални возила

Денес претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на промоција на комунални возила, на паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Мицкоски ќе присуствува на промоција на комунални возила

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Без вода делови од Центар

Една информација за граѓаните од централното градско подрачје. 

Без вода делови од Центар

Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат корисниците на потегот од Градски Парк до владата, како и од булеварот „Илинденска“ до градскиот стадион, а од 9 часот и дел од корисниците на булеварот „Гоце делчев“, дел од објектите на Македонската телевизија и населбата Крњево. Како што соопшти регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект на водоводна мрежа на улицата „Коле Неделковски“ бр. 5 во Општина Центар, и дефект на приклучна цевка на улицата „Дана Стуцки“ бр. 18, исто така во Општина Центар..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Силно невреме попладнево го зафати Кавадарци

Силно невреме попладнево го зафати Кавадарци и територијата на општината, проследено со силен ветер и обилни врнежи. 

Јанчев: Силно невреме попладнево го зафати Кавадарци

За среќа, нема повредени лица, а благодарение на добрата атмосферска канализација и навремено санираната инфраструктура, не се регистрирани материјални штети на инфраструктурните објекти.

На повеќе локации се регистрирани паднати дрвја и гранки, околу 10 поплавени подруми, како и проблеми со електричната и телекомуникациската инфраструктура. Паднати дрвја се регистрирани и на регионалните патни правци Кавадарци–Дреново и Кавадарци–Неготино.

Екипите на ЈП „Комуналец“ веднаш се мобилизирани и се на терен. Ангажирани се 12 работници од хигиена и зеленило, како и 15 работници од секторот Водовод и канализација, заедно со два трактора, две камиончиња и еден скип. Екипите работат на расчистување на наносите, решетките и јавните површини, како и на санирање на последиците од невремето.

На терен се и екипите на ТППЕ Кавадарци, како и екипи на Општина Кавадарци. Се интервенира на сите локации каде што има потреба, во координација со електродистрибутивните и телекомуникациските оператори, кои работат на санирање на дефектите.

Во координација со надлежните служби, Полициската станица Кавадарци ги обезбедува локациите каде што постои ризик или движењето е отежнато.

Сите надлежни служби остануваат на терен и продолжуваат со активности за целосно расчистување и нормализирање на состојбата.

За сите пријави и информации од граѓаните, достапен е Општинскиот кол-центар на 13.300.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер